После некое време можно е линкот да не работи, па ке го пастирам текстот
ГОДИШНИНА ОД ЅВЕРСКОТО ЗЛОСТОРСТВО ВО ТЕТОВСКО
Роднините на масакрираните бранители бараат одговорност за Вејце
За учество во масакрот ќе бидат обвинети уште дваесетина лица, од кои повеќето се Македонци
Семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили во Вејце бараат македонските органи сериозно да се зафатат да ги пронајдат и да ги казнат виновниците за ѕверскиот масакр што пред една година беше извршен врз осумте нивни синови. Тие велат дека виновниците нема да ја избегнат одговорноста, бидејќи ако македонските судови немаат сила да им изречат казни, тоа ќе го стори новоформираниот Меѓународен кривичен суд во Хаг.
На 28 април лани терористите во заседа ја пречекаа и со пушки и ракетни фрлачи ја нападнаа патролата кај селото Вејце. Осум лица беа убиени откако ѕверски биле измачувани. Најмногу од масакрираните биле ранети, а потоа бодени и сечени со нож и живи запалени.
Другите осум члена на патролата успеале да се спасат.
- Помина цела година од масакрот, а случајот не доби соодветен третман од органите на прогонот и во правосудството. Скопското обвинителство ја отфрли нашата кривична пријава против 10 актуелни и поранешни високи функционери како директни и индиректни виновници за масакрот, меѓу кои е и претседателот на државава. Поднесовме приватна тужба против нив во Основниот суд 1 во Скопје, иако не веруваме дека ќе биде поведена постапка. Но, виновниците нема да останат неказнети. Идното лето ќе профункционира Меѓународниот кривичен суд во Хаг, надлежен за вакви дела - изјави адвокатот Игнат Панчевски, правен застапник на семејствата на загинатите и ранетите припадници на безбедносните сили во Вејце, на вчерашната прес-конференција.
Семејствата на загинатите ги обвинуваат како индиректни виновници за масакрот претседателот Трајковски, поранешните министри за внатрешни работи и за одбрана Доста Димовска и Љубен Пауновски, бившиот началник на Генералштабот на АРМ Јован Андревски, лидерите на двете албански партии Арбен Џафери и Имер Имери и самопрогласениот лидер на ОНА, Али Ахмети. Тие обвинуваат и тројца тогашни полициски началници - Шаиб Билали, Ѕвонко К. и Игор Манојловски. Тие ги повторија сознанијата дека патролата намерно била испратена во Вејце за да биде ликвидирана. Целта, наводно, била да се деморализираат македонските безбедносни сили и да се оправдаат добиените пари за извршување на злосторството.
- Најголем дел од директните учесници во масакрот е ликвидиран, но има и живи, кои сега сами се фалат што направиле во Вејце. Наскоро тужбата ќе ја прошириме со уште дваесетина лица, од кои најголем дел се Македонци. Кај еден Македонец беа најдени 600.000 ГМ, што е дел од парите за масакрот. Парите потоа ги снема, но ние ќе откриеме кој се "почестил" со нив. Другото лице за кое постојат индиции дека ги предал нашите сили едно време го снема и се мислеше дека полицијата си ја работи работата, но тоа подоцна се појави со повисок чин. Како поинаку да се протолкува тоа што не било испратено засилување за заштита на патролата, освен како предавство - вели Панчевски.
За нив, наводниот интерес на Хашкиот трибунал за случајот "Вејце" е "обична фарса наменета за смирување на духовите".
- Тврдам дека Хашкиот ад хок трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија никогаш нема да ги гони извршителите на масакрот, бидејќи тие не се припадници на воена формација. Хаг е заинтересиран за други случаи, како што е оној во Љуботен. Канцеларијата на Хашкиот суд во Скопје досега не побарала од нас докази што би можело да бидат вклучени во нивната истрага за случајот - вели Панчевски.[DOUBLEPOST=1467074917][/DOUBLEPOST]
После некое време можно е линкот да не работи, па ке го пастирам текстот
ГОДИШНИНА ОД ЅВЕРСКОТО ЗЛОСТОРСТВО ВО ТЕТОВСКО
Роднините на масакрираните бранители бараат одговорност за Вејце
За учество во масакрот ќе бидат обвинети уште дваесетина лица, од кои повеќето се Македонци
Семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили во Вејце бараат македонските органи сериозно да се зафатат да ги пронајдат и да ги казнат виновниците за ѕверскиот масакр што пред една година беше извршен врз осумте нивни синови. Тие велат дека виновниците нема да ја избегнат одговорноста, бидејќи ако македонските судови немаат сила да им изречат казни, тоа ќе го стори новоформираниот Меѓународен кривичен суд во Хаг.
На 28 април лани терористите во заседа ја пречекаа и со пушки и ракетни фрлачи ја нападнаа патролата кај селото Вејце. Осум лица беа убиени откако ѕверски биле измачувани. Најмногу од масакрираните биле ранети, а потоа бодени и сечени со нож и живи запалени.
Другите осум члена на патролата успеале да се спасат.
- Помина цела година од масакрот, а случајот не доби соодветен третман од органите на прогонот и во правосудството. Скопското обвинителство ја отфрли нашата кривична пријава против 10 актуелни и поранешни високи функционери како директни и индиректни виновници за масакрот, меѓу кои е и претседателот на државава. Поднесовме приватна тужба против нив во Основниот суд 1 во Скопје, иако не веруваме дека ќе биде поведена постапка. Но, виновниците нема да останат неказнети. Идното лето ќе профункционира Меѓународниот кривичен суд во Хаг, надлежен за вакви дела - изјави адвокатот Игнат Панчевски, правен застапник на семејствата на загинатите и ранетите припадници на безбедносните сили во Вејце, на вчерашната прес-конференција.
Семејствата на загинатите ги обвинуваат како индиректни виновници за масакрот претседателот Трајковски, поранешните министри за внатрешни работи и за одбрана Доста Димовска и Љубен Пауновски, бившиот началник на Генералштабот на АРМ Јован Андревски, лидерите на двете албански партии Арбен Џафери и Имер Имери и самопрогласениот лидер на ОНА, Али Ахмети. Тие обвинуваат и тројца тогашни полициски началници - Шаиб Билали, Ѕвонко К. и Игор Манојловски. Тие ги повторија сознанијата дека патролата намерно била испратена во Вејце за да биде ликвидирана. Целта, наводно, била да се деморализираат македонските безбедносни сили и да се оправдаат добиените пари за извршување на злосторството.
- Најголем дел од директните учесници во масакрот е ликвидиран, но има и живи, кои сега сами се фалат што направиле во Вејце. Наскоро тужбата ќе ја прошириме со уште дваесетина лица, од кои најголем дел се Македонци. Кај еден Македонец беа најдени 600.000 ГМ, што е дел од парите за масакрот. Парите потоа ги снема, но ние ќе откриеме кој се "почестил" со нив. Другото лице за кое постојат индиции дека ги предал нашите сили едно време го снема и се мислеше дека полицијата си ја работи работата, но тоа подоцна се појави со повисок чин. Како поинаку да се протолкува тоа што не било испратено засилување за заштита на патролата, освен како предавство - вели Панчевски.
За нив, наводниот интерес на Хашкиот трибунал за случајот "Вејце" е "обична фарса наменета за смирување на духовите".
- Тврдам дека Хашкиот ад хок трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија никогаш нема да ги гони извршителите на масакрот, бидејќи тие не се припадници на воена формација. Хаг е заинтересиран за други случаи, како што е оној во Љуботен. Канцеларијата на Хашкиот суд во Скопје досега не побарала од нас докази што би можело да бидат вклучени во нивната истрага за случајот - вели Панчевски.