Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ne_sum_ja
  • Време на започнување Време на започнување
Кај се видело Британец без бар малку Ирска крв, не заебавај сеа и ти :(

Е де, го спомнав онака хипотетички, не за нешто друго, туку бидејќи побрзо ќе се стекнат со државјанство од држава членка на ЕУ. :D
 
Чекај ти си читаш ли што пишуваш во претходен пост велиш, балканштинава ништо не произведувала т.е не ставаш и нас во тој кош сега велиш ќе сме тргувале. Со што ќе тргуваме онда бре чедо што имаме ние да понудиме еве јас не сум економиста објасни ми пошто гледам си опасен во та област, а ние сме неспособни куртони. И кој се тие земји од ЕУ со кој ќе тргуваме, а ЕУ нема да ни воведува квоти ако ова е излезот добар избор.
И да змејче и вадење на бг пасош е начин на кој многу си го решија својот егзистенцијален статус, пошто нели овде беа прогласени за неспособни од таквите ко тебе, али то е друга тема.
Да беа спосбни немаа да дозволат земјата да им дојде до ова дереџе. Толку од мене, немам намера да се објаснувам понатаму.
 
Те "цени" бидејќи си балкански шлајм кој ќе му работи за плата за која ни тамошните авганистанци не би работеле. Те цени, бидејќи се ефтина работна рака. Во тебе гледаат профит, ништо друго. :toe:
Како што они во тебе гледаат профит така и ти во нив гледаш профит али профит за кој овде можеш да сонуваш, лоша ти е ова констатација со Авганистанците али ок разбирам овде е рајот и клучевите од него. Има темичка за ова на форумот па приклучисе ќе добиеш одговори, искуства за Македонскиот роб кој избегал од овдешниот рај.
 
Почетокот на крајот на ЕУ, барем у ваква форма ко што е сега.
Зашто е тоа за славење? Крах на ЕУ како што предвидувате ќе има далеку поголеми последици за нас него за Британците .
 
Не е дека земјите на ЕУ ќе престанат да постојат ако таа престане да постои.... Имаш можност со секоја поединечно да се исценкаш за подобар дил. Не е исто да си снабдувач на Веро и на маалско гранапче.

Ќе можеме и криви крастајци да им увалиме. :свиркам:
 
Уште Нато да се распадне и среќниве вмрОФЧИЧКИ да си го прослават триумфалното враќање на старото име на БЈРМ во Румелија, на чело со фамилијата на паторастиот везир и да се приклониме кон османлиската империја во која природно припаѓаме, во неа заедно со сите учкари, четници што преку share-увани видеа на youtube го величаат ликот и делото на великиот патор. Неќеме Брисел, Берлин, сакаме Истанбул!
 
Нејасно ми е зошто Македонци се радуваат на отцепување на Британија од Еу и распад на Еу, кога Македонија зависи од ЕУ?
 
Нејасно ми е зошто Македонци се радуваат на отцепување на Британија од Еу и распад на Еу, кога Македонија зависи од ЕУ?
Зошто има големи аналитичари на форумот што немат врска :)
 
Има една финта тука, Британија гласаше за излез од ЕУ, ако таа држава престане да постои, републиките Велс, Шкотска и Англија без проблем може да склучат какви сакаат сојузи и да влезат во какви сакаат организации.

Во меѓувреме

http://www.bbc.com/news/world-europe-36618796
Луѓето гласаа 98% да бидат во ЕУ, време е Карпата да се врати кај вистинскиот и легален сопственик.
Овие 6 века се тепаат да го задржат тој мочан Гибралтар, ако со ова успеат да го изгубат, значи стварно више цркнала империјата.
 
По овој референдум веќе не ме чуди и Трамп да победи во САД, трендот на популисти во светот зема силен замав.

Ако Борис стане премиер на Британија а Трамп претседател, ќе имаме двајца близнаци со грди фризури :D

Ако фризурите се најголемите проблеми, тогаш американците и Британците ги чекаат подобри времиња, доколку тие две грди фризури бидат избрани.

Како за споредба, овој чоколадираниов кој веќе 8-ма година по ред грее фотељи и чаршафи во Белата Куќа на Авенија Пенсилванија, број 1600 во Вашингтон, САД, освен убавината, па баш и не им донесе нешто асално на американците, освен уште поголем национален долг и увоз на терористи од блискиот исток и на нелегални имигранти од Мексико и средна Америка. А и убавината не му е баш нешто импресивна карактеристика, на мене лично од сите сеуште живи поранешни претседатели на САД единствено Бил Клинтон ми делува убаво, или подобро кажано - ми делуваше убаво до пред некоја година. Човекот старее, што е сосема нормално.

Ако фризурите се единствениот проблем кај Доналд Трамп и Борис Џонсон, тогаш американците и Британците ќе си поминат убаво во наредниве 4 години, ако не и повеќе - под претпоставка дека Трамп и Џонсон ќе бидат избрани.

Ние Македонците од друга страна, и со вакви и со онакви лопови на власт - но и во опозиција истовремено - постојано сме на губитничката страна.

Фараџ ќе си даде оставка од местото пратеник во ЕУ парламентот, или тие европски пари убави му се?

Со излезот на Велика Британија од ЕУ, се укинуваат и пратеничките места во Европскиот Парламент резервирани за европратениците од Велика Британија. Од тука по автоматизам, почнувајќи од денес, петок, 24 јуни 2016, Најџел Фараж сега е веќе поранешен европратеник.

Фараж има бројни опции на располагање:

1. Да се пензионира од политика сега кога неговата политичка кауза на која беше посветен изминативе 25 години конечно стана реалност на 23 јуни 2016;
2. Да се врати на трговијата со метали;
3. Да се кандидира за пратеничкото место во британскиот Парламент за Јужен Танет во неговиот роден град Кент во југоисточна Англија - доколку бидат одржани нови избори се разбира, сега откако започна истрага и судски процес за проценка на легалноста на изборите на тоа пратеничко место во 2015 година на кои Фараж изгуби, истите тие избори можат да се повторат доколку се докаже незаконското трошење на повеќе финансиски средства од дозволеното за потребите на изборната кампања на Конзервативната Партија на Велика Британија која го освои тоа пратеничко место;
4. Да продолжи со активностите на неговата Партија за Независност на Обединетото Кралство во друг правец, како на пример неговото омилено поле - риболовот и како да им се помогне на британските риболовци кои беа меѓу главните поддржувачи за излегување на Велика Британија од ЕУ бидејќи нивниот бизнис е речиси одземен од страна на француските, холанѓанските и белгиските рибари кои имаат пристап до територијалните води на Велика Британија и рибниот фонд кој ги населува истите тие води благодарејќи на членството на Велика Британија во ЕУ.
 
Камерон е секако политички мртив човек после референдумот, тој нема што повеќе да изгуби. А партијата нема многу да изгуби од еден таков потег.
Мене во моментов ми изгледа неверојатно дека Британија ќе излезе од ЕУ, потполно ми е непојмливо.

Ќе биде многу тешко тоа и ќе доведе до уште поголема поларизираност во општеството. Посебно сега како хиени кружат околку Камерон за премиерското место. Добар дел од неговата партија беше во Leave кампањата.

Инаку нив сега многу ќе им треба слободен пристап до економската зона на ЕУ, а тоа европјаните го знаат и ќе ги натераат скапо да го платат. За се што ќе сакаат да бидат дел од Европа (на пример, признато здравствено осигурување) Брисел ќе им наметне еден куп контра услови.

Може да биде слично сценарио како грчкиот референдум кога изгласаа отфрлање на мерките за штедење и после за помалку од година дена Ципрас прифати и потпиша пакет мерки многу полоши од претходно понудените.

Камерон им донесе многу поволен договор во февруари. Добија се што посакаа и добија статус на "специјална членка", ама пусти инат и неписменост.
Сега кај што ќе имаат маргинално политичко влијание во Европа, ќе треба да исполнуваат услови и скапо ќе плаќаат за пристап до пазарот кој до сега го имаа за ич пари.
 
Искрено к.. ги боли нашите таму дали ги ценат или не, битно е дека на крај месец ќе добијат плата доволна за одличен живот а во Македонија ќе добијат само колку да преживеат.
Како што они во тебе гледаат профит така и ти во нив гледаш профит али профит за кој овде можеш да сонуваш, лоша ти е ова констатација со Авганистанците али ок разбирам овде е рајот и клучевите од него. Има темичка за ова на форумот па приклучисе ќе добиеш одговори, искуства за Македонскиот роб кој избегал од овдешниот рај.
Сакам да кажам дека тие таму нè гледаат како балкански шлајм, ефтина работна рака, во нас гледаат само профит, далеку од тоа дека навистина нè ценат. Нè ценат, ама ниско. Сепак, за нас тоа е премија, бидејќи овде сме научени на корења.
 
Нејасно ми е зошто Македонци се радуваат на отцепување на Британија од Еу и распад на Еу, кога Македонија зависи од ЕУ?
Рачунај дека добар дел од овие што ги читаш, а се во таа линија единствена едукација им е миленко-шоу. Е сеа, таму често гостуе (наводно) хермафродитот Мирко, кој е дебело платен да готви теории од спинерски карактер. На истиве тешко им доаѓа да се информираат од други медиуми, да прочитаат некоја посериозна анализа од странски аналитичар и се држат ко слепи за стап на повраќаниците на мирко. Таа анти-кампања е чисто за внатрешна употреба и фино проаѓа, затоа што како што гледаш уште има испрани мозоци кои не можат да го перцепираат криминалот од нашата владеачка мафија, ама затоа „многу се разбираат“ од брексити и п***е материне. Во најкратки црти - тоа е тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom