По овој референдум веќе не ме чуди и Трамп да победи во САД, трендот на популисти во светот зема силен замав.
Ако Борис стане премиер на Британија а Трамп претседател, ќе имаме двајца близнаци со грди фризури
Ако фризурите се најголемите проблеми, тогаш американците и Британците ги чекаат подобри времиња, доколку тие две грди фризури бидат избрани.
Како за споредба, овој чоколадираниов кој веќе 8-ма година по ред грее фотељи и чаршафи во Белата Куќа на Авенија Пенсилванија, број 1600 во Вашингтон, САД, освен убавината, па баш и не им донесе нешто асално на американците, освен уште поголем национален долг и увоз на терористи од блискиот исток и на нелегални имигранти од Мексико и средна Америка. А и убавината не му е баш нешто импресивна карактеристика, на мене лично од сите сеуште живи поранешни претседатели на САД единствено Бил Клинтон ми делува убаво, или подобро кажано - ми делуваше убаво до пред некоја година. Човекот старее, што е сосема нормално.
Ако фризурите се единствениот проблем кај Доналд Трамп и Борис Џонсон, тогаш американците и Британците ќе си поминат убаво во наредниве 4 години, ако не и повеќе - под претпоставка дека Трамп и Џонсон ќе бидат избрани.
Ние Македонците од друга страна, и со вакви и со онакви лопови на власт - но и во опозиција истовремено - постојано сме на губитничката страна.
Фараџ ќе си даде оставка од местото пратеник во ЕУ парламентот, или тие европски пари убави му се?
Со излезот на Велика Британија од ЕУ, се укинуваат и пратеничките места во Европскиот Парламент резервирани за европратениците од Велика Британија. Од тука по автоматизам, почнувајќи од денес, петок, 24 јуни 2016, Најџел Фараж сега е веќе поранешен европратеник.
Фараж има бројни опции на располагање:
1. Да се пензионира од политика сега кога неговата политичка кауза на која беше посветен изминативе 25 години конечно стана реалност на 23 јуни 2016;
2. Да се врати на трговијата со метали;
3. Да се кандидира за пратеничкото место во британскиот Парламент за Јужен Танет во неговиот роден град Кент во југоисточна Англија - доколку бидат одржани нови избори се разбира, сега откако започна истрага и судски процес за проценка на легалноста на изборите на тоа пратеничко место во 2015 година на кои Фараж изгуби, истите тие избори можат да се повторат доколку се докаже незаконското трошење на повеќе финансиски средства од дозволеното за потребите на изборната кампања на Конзервативната Партија на Велика Британија која го освои тоа пратеничко место;
4. Да продолжи со активностите на неговата Партија за Независност на Обединетото Кралство во друг правец, како на пример неговото омилено поле - риболовот и како да им се помогне на британските риболовци кои беа меѓу главните поддржувачи за излегување на Велика Британија од ЕУ бидејќи нивниот бизнис е речиси одземен од страна на француските, холанѓанските и белгиските рибари кои имаат пристап до територијалните води на Велика Британија и рибниот фонд кој ги населува истите тие води благодарејќи на членството на Велика Британија во ЕУ.