Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ne_sum_ja
  • Време на започнување Време на започнување
Пред Британците е денот кој ќе биде или само уште еден ден во историјата на Велика Британија, или ќе биде 23 јуни 2016 - Денот на независноста на Велика Британија.

Последен говор и последна сесија на прашања и одговори на Најџел Фараж од референдумската кампања за референдумот кој ќе се одржи утре, четврток, 23 јуни 2016.

Знаеш дека ако пропадне организација како ЕУ нашиот век на траење како држава ќе биде многу краток.
Не може да го соџвака тоа, прекомплицирано е дури и да му го дробиш.

Пола од луѓево тука пошто се неписмени абер немаат за нашата полумртва позиција на мапата на европа, ниту пак се интересираат да дознаат... најбитно им е да си се возат во анархо филмови и да си мотаат заговори.
:motorce:
 
Ке можеш така во кратки црти да образложиш зошто нашиот век на траење би бил многу краток ако ЕУ се распадни.
 
Дај боже да се распадне, ние одма ќе формираме нова европска унија па има да не молат за да влезат. :D
 
Не може да го соџвака тоа, прекомплицирано е дури и да му го дробиш.

Пола од луѓево тука пошто се неписмени абер немаат за нашата полумртва позиција на мапата на европа, ниту пак се интересираат да дознаат... најбитно им е да си се возат во анархо филмови и да си мотаат заговори.
:motorce:
И за тебе исто прашање. Само аман немој многу да комплицираш пошто знаеш ние обичните смртници ни оддалеку неможеме да ја достигнеме твојата величина и писменост. Така со прости зборови за да можеме да соџвакаме.
 
Само што не осеќам потреба да ти одговарам, не е целисходно.

Мора да читаш владе, ако сакате со другарчињата да водите кампањи мора да читате повеќе, макар и тоа што не ви се допаѓа.

Читајте за нашата економија и од што зависиме, нашата позиција на пазарот, трговски договори, гуглајте.
Не е тоа некој комплициран процес.
 
Ке можеш така во кратки црти да образложиш зошто нашиот век на траење би бил многу краток ако ЕУ се распадни.

Европската Унија е моменталниот поредок во кој што функционираат 99% од европските држави.

Без тој поредок ништо не ги обврзува нашите соседи утре да го почитуваат нашиот суверенитет и граници. Напротив во тој период тогаш би имале можност за прекројување на границите каде што ние и босанците во Босна сме во најлоша ситуација. А ако се отвори таа врата, богами соседите ќе си ја искористат како претходно.

До распаѓање на ЕУ барем во блиска иднина нема теорија да се случи бидејќи системот едноставно му нуди огромни економски бенефити на обичниот граѓанин. И никој нема намера авионска карта за Лондон - Ница во висина од 15 евра и просечна плата од 2 илјади фунти да ја замени со лежење по ровови за туѓи луди идеи.

Тоа време помина. Сега се прави муабет за кој која утакмица ја гледал, кој бил на Канарски Острови а кој ќе оди на Бали за одмор, кој како ќе ја уредува куќата повторно...
 
Ubistvoto na taa prateničkata dosta raboti ke završi za pobornicite za ostanuvanje vo EU. Dali budaliot go podbucnale službite ili ne......nikogaš nema da se doznae.

Edno e sigurno-službite nema da miruvaa, so site sili ke rabotat za ostanuvanje
 
Само што не осеќам потреба да ти одговарам, не е целисходно.

Мора да читаш владе, ако сакате со другарчињата да водите кампањи мора да читате повеќе, макар и тоа што не ви се допаѓа.

Читајте за нашата економија и од што зависиме, нашата позиција на пазарот, трговски договори, гуглајте.
Не е тоа некој комплициран процес.
Јас што морам и не морам е мој и само мој проблем. Со другарчињата не водам кампањи и не изигравам револуционер најмалце шарен како тебе на пример туку си правам софри по кафани и така нешто.
Гледам имате два различни става со колегата форумџија ( што е за чудење пошто обично ставовите ви се безмалку исти). Ти тука ете викаш економски ке пропаднеме ( што е идно време) , на други теми веке сме пропаднати така да ако гледаме од тој агол исто ни се фаќа нели? Или не сме економски пропаднати . И сега сме или не сме?
Од друга страна колегата тврди дека на ново ке не кројат ако не е ЕУ итн итн.
И сега по твое што е поверојатно, иако економски сме пропаднати веќе 10 години ако Еу се распадни уште еднаш ке пропадниме. Тоа нешто иди како на веќе умрен човек накнадно да му ја сечиш главата за да умри уште еднаш или по твојата теорија два пати.[DOUBLEPOST=1466634981][/DOUBLEPOST]
Европската Унија е моменталниот поредок во кој што функционираат 99% од европските држави.

Без тој поредок ништо не ги обврзува нашите соседи утре да го почитуваат нашиот суверенитет и граници. Напротив во тој период тогаш би имале можност за прекројување на границите каде што ние и босанците во Босна сме во најлоша ситуација. А ако се отвори таа врата, богами соседите ќе си ја искористат како претходно.

До распаѓање на ЕУ барем во блиска иднина нема теорија да се случи бидејќи системот едноставно му нуди огромни економски бенефити на обичниот граѓанин. И никој нема намера авионска карта за Лондон - Ница во висина од 15 евра и просечна плата од 2 илјади фунти да ја замени со лежење по ровови за туѓи луди идеи.

Тоа време помина. Сега се прави муабет за кој која утакмица ја гледал, кој бил на Канарски Острови а кој ќе оди на Бали за одмор, кој како ќе ја уредува куќата повторно...
Ги обврзуваат ООН . Не дека тоа во реалноста има некаква врска, но од друга страна од кога е формирана ЕУ во ваква или таква форма балканот најповеќе се прекројувал. Не ке да е Еу гаранција дека нема да не прекројат, напротив воопшто не би се обложувал во тоа дека Еу ни е гарант за територијалнит интегритет и суверенитет. Или пак јас имам живеено прошливе 20 и кусур години во некој паралелен универзум каде на пример Еу и НАТО со сета сила настојуваа Косово да остани во рамките на Србија, или пак на автобусите со терористи од Арачиново имаше Руски знамиња итн итн . Ете незнам.
 
Последно уредено:
Јас што морам и не морам е мој и само мој проблем. Со другарчињата не водам кампањи и не изигравам револуционер најмалце шарен како тебе на пример туку си правам софри по кафани и така нешто.
Гледам имате два различни става со колегата форумџија ( што е за чудење пошто обично ставовите ви се безмалку исти). Ти тука ете викаш економски ке пропаднеме ( што е идно време) , на други теми веке сме пропаднати така да ако гледаме од тој агол исто ни се фаќа нели? Или не сме економски пропаднати . И сега сме или не сме?
Од друга страна колегата тврди дека на ново ке не кројат ако не е ЕУ итн итн.
И сега по твое што е поверојатно, иако економски сме пропаднати веќе 10 години ако Еу се распадни уште еднаш ке пропадниме. Тоа нешто иди како на веќе умрен човек накнадно да му ја сечиш главата за да умри уште еднаш или по твојата теорија два пати.
Незнам какви софри праиш владе и тоа уопште не ме интересира, си имаш кајгана дневник да споделуваш животни радости и моменти.

Тука кога веќе сакаш да се надигруваш, пожелно е да имаш нешто прочитано, за атер на дискусијата. Ама ти нејќеш. :(

Ептен јака анализа си мавнал на тоа што сме напишале, ретко се среќава ваков длабок мислител како тебе. :pos:
 
Незнам какви софри праиш владе и тоа уопште не ме интересира, си имаш кајгана дневник да споделуваш животни радости и моменти.

Тука кога веќе сакаш да се надигруваш, пожелно е да имаш нешто прочитано, за атер на дискусијата.

Ептен јака анализа си мавнал на тоа што сме напишале, ретко се среќава ваков длабок мислител како тебе. :pos:
Исто така незнаеш дали водам кампањи ама ете реши да споделиш, па си реков да не ти е од мисла.
Не сум јас мислител нити се прикажувам како многу учен и поткован како некој на пример ај да не речам кој.
Нема што многу тука да се анализира.
Ти напиша економски ке пропадниме, тој напиша воено ке не парчосаат. И сега вака ти начитан и спремен за дискусија што ке биди по твое.
Иако пропаднати пак ке пропаднеме или воено ке не окупираат?
Кое црно сценарио ке биди.
 
Ке можеш така во кратки црти да образложиш зошто нашиот век на траење би бил многу краток ако ЕУ се распадни.
Не може да ти објасни пошто тоа е премногу комплицирано и возвишено за обичен смртник како тебе да го свати.
Сепак се работи за ЕУ :rolleyes:

Кажав и пак ќе кажам:
Некои луѓе не бараат слобода, туку газда што помалку ќе ги тепа.
Во кратки црти, одговорот треба да се бара некаде во темата - Психологија.
 
Па ви објасни човекот...
 
Гледам многу ја форсирате тезата дека Британија се преполнила со мигранти, а никој не спомнува дека тие азиланти се Бугари, Романци и разни други
ЕУ банана држави кои се скоро 10 години во унијата.

Така да ќе ми објасни некој која би била разликата ако сега спомнувате и протестирате дека народот се иселил од државава, што ќе се случи ако влеземе во ЕУ???

Затоа е тешко да се дискутира за политика на форумов бидејќи секој си иде со опозициска или владина пропаганда тука.

Вистината е една. ЕУ е формирана за корпорациите да грабаат ефтина работна сила и да ги користат како депонии земјите од источниот блок. Ниедна земја што влегла во ЕУ не станала Швајцарија. Така да приказни од типот влез во ЕУ=благосостојба може да го каже само некој малоумен или испран мозок.

Единствено максимално што смееме да си дозволиме е влез во НАТО, друго ништо.
 
Јас што морам и не морам е мој и само мој проблем. Со другарчињата не водам кампањи и не изигравам револуционер најмалце шарен како тебе на пример туку си правам софри по кафани и така нешто.
Гледам имате два различни става со колегата форумџија ( што е за чудење пошто обично ставовите ви се безмалку исти). Ти тука ете викаш економски ке пропаднеме ( што е идно време) , на други теми веке сме пропаднати така да ако гледаме од тој агол исто ни се фаќа нели? Или не сме економски пропаднати . И сега сме или не сме?
Од друга страна колегата тврди дека на ново ке не кројат ако не е ЕУ итн итн.
И сега по твое што е поверојатно, иако економски сме пропаднати веќе 10 години ако Еу се распадни уште еднаш ке пропадниме. Тоа нешто иди како на веќе умрен човек накнадно да му ја сечиш главата за да умри уште еднаш или по твојата теорија два пати.[DOUBLEPOST=1466634981][/DOUBLEPOST]
Ги обврзуваат ООН . Не дека тоа во реалноста има некаква врска, но од друга страна од кога е формирана ЕУ во ваква или таква форма балканот најповеќе се прекројувал. Не ке да е Еу гаранција дека нема да не прекројат, напротив воопшто не би се обложувал во тоа дека Еу ни е гарант за територијалнит интегритет и суверенитет. Или пак јас имам живеено прошливе 20 и кусур години во некој паралелен универзум каде на пример Еу и НАТО со сета сила настојуваа Косово да остани во рамките на Србија, или пак на автобусите со терористи од Арачиново имаше Руски знамиња итн итн . Ете незнам.

Историски не е точно дека Балканот највеќе се прекројувал во време на ЕУ, туку факт е дека каде што има интеграција во ЕУ таму има стабилност посебно со соседите.

Распадот на Југославија и војната 2001 е нешто сосема друго и во времето кога се случуваше освен Грција ниту една земја источно од Австрија не беше дел од ЕУ.

Ама ете супер кога ја зема за пример, баш убаво од Југославија можеш да увидиш што се случува кога доаѓа до дезинтеграција на еден голем политички ентитет. Дополнително, ете можеш да видиш која беше економската и политичката позиција на Југославија и кој фактор беше а која е позицијата на денешните екс-Ју држави.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom