Да се вратат претходните? Заев фотеља нема видено ни на сон, да се врателе претходните. И кој е тој правилен начин на протестирање? Гледам го спомнувате ти и уште неколку, кој е тој? Како треба?
Заев е човек партија? Што мислиш (да претпоставиме) да има избори и да победи СДСМ, Заев сам ќе биде премиер, министер за сѐ и сешто, мнозинство во Собрание...? Не! Со него (преку него) ќе се вратат истите џелати на оваа држава од 90тите. СДСМ е сѐ уште исти курац (и замисли) во исто паковање. Кој е исфрлен од партија? Никој. Кој одговарал за намерно уништување на фирми, перење пари, рекет, заплашувања, злоупотреби на службена положба...од таа партија? Никој! Истите, тие, ќе се вратат на позициите на кои беа и го правеа тоа. Второ, Заев невин ти реков, ми рече. Супер! Не бил на власт и прифаќам дека за криминал од рангот на Грујо и фамилија е невин. Ама има една дамка, што колку и да ја пере, нема да ја извади. Преку прашање: зошто невин човек има потреба од експресна аболиција од Претседател на држава? Нели е невин, не направил ништо? Дури и да е монтиран целиот случај, си има Основен, Апелација, Уставен, Меѓународен суд... Ако е "наместен" овде, сигурно цел свет не сака да го пикне во затвор затоа што така им текнало, нели?
За начинот на протестирање: ау...ууууаааа и сл не поминува. Кога штрајкуваа од Железара, а после од Славија...одеа по улици, пиштеа, вриштеа, пцуеја...дури Славијаши и кордон пред Собрание пробија, знаеш што правеа другите? Посебно оние со канцеларии на "Рекорд"? Им се смееја и им дофрлаа дека се мрзливи, вообразени, глупаци и сл. Никој не се солидаризира со нив, затоа што ТИЕ (фуфиците од прозор) немаа проблем. И нивниот начин на протест/штрајк/марш беше погрешен. Во оваа држава, сите што заслужуваат да одат во затвор баш ги боли дали ќе им пцуеш мајка, дали ќе им застанеш под прозор и сл. Удри ги по џеб и земи им ја слободата, па да видиш кој е курац и пол, а кој не е ни пола.
Не се добива апсолутно ништо со свирче во уста и губење денови на улица. Сѐ се решава на најмирен и најцивилизиран начин. Со лист хартија на кој пишува: Ние... бараме да си заминете од власт во рок од ... денови, месеци...во спротивно власта ќе ви биде одземена од наша страна. Потпис, Граѓани на РМ. Не е ова утописко или не знам какво. Резултатот на ваков "допис" може да има две реакции: или ќе си заминат сами, или ќе "ги отпуштат" на избори. Најчудното е што двајца од оние што протестираат од "спротивни страни" се расправаат меѓусебе, а и двајцата немаат ебан денар во џеб и се преебани од "своите". Вклучете го и она мало зрно грашок (мозок) во главата и сфатете дека пред вас се расправаат, а позади јадат, пијат и се договараат на кој начин да исцицаат уште повеќе пари за себе.