Не е лошо да се сподели кој колку потрошил за загревање во грејната сезона 2015/2016 година. Пред некој ден направив една груба пресметка колку сум потрошил за загревање во изминатава грејна сезона со клима уред инвретер. Да потсетам клима уредот 3,5 KW е поставен во просторија од 25-26 м2 во висина на таван од 2,7 м. со отворена врата се загреваше и дополнителна површина од 14 м2, значи околу 40 м2 со висина на таван од 2,7 м., се работи за стан изложен кон Југ-Југоисток. Настрана тоа спалната соба со површина од исто од околу 14 м2 се загреваше со друга клима со јачина од 2 KW и тоа повремено, а во навистина ладните денови сите врати беа отворени и двете клими работеа 24/7, а во потоплите денови, помалата клима во спалната соба работеше повремено и вратата беше затворена.
Се на се, грубо само за загревање на споменатите простории ( 26м2+14м2+14м2 ) со висина на таван од 2,7 м во грејната сезона 2015/206 ( октомври-мај ) и зададена температура 22- ретко 23 С, имам потрошено околу 10.500,оо денари еве нека биде 11.000,оо денари. Објектот нема посебна изолација изграден кон крајот на 70-тите со нови ПВЦ шест коморни прозорци и со четирисезонски стакла. Се на се целосно сум задоволен, иако зимата беше релативно блага, со исклучок на одредени периоди, но сепак беше долга, затоа што и во мај мораше да се грее, малку, малку но мораше.
Повелете со ваше искуство за тоа како ја поминавте изминатата грејна сезона и колку ( грубо ) ве чини загревањето.