ок ај и јас да напишам нешто. ке биде прилично долго , се надевам дека некој ке го прочита и однапред благодарам на истите
и самиот бев свесен дека до ова ке дојде , само чекав да експлодира во мене нешто вакво , 17ипол години сум и досега што сум имал женски онака само ги фаќав за мување , за забава , за да има што да се прави петок и сабота вечер и кога ми е досадно да свртам некој број и да прошетам со некого
најдолга врска ми била месец ипол , по која едноставно ми станува досадно бидејки знам дека не чувствувам ништо за партнерот и не сакам да го насочувам кон погрешна насока истиот
имаше 3 девојки досега кои сериозно ме прашале дали би сакал да сум со нив за нешто поголемо , но сепак имав некој страв во мене дека ке си упропастам најубавите години во сериозни врски , и онака ладнокрвно ги одбивав као не ми е до женска или не е до тебе , до мене е , сфати ме не можам да се врзам толку рано.
последната од овие 3 , онака доста тажно и најискрено и најотворено ми рече " се молам на бога да не бидеш во моја ситуација , бидејќи ова не се издржува " , а ја онака само несериозно реков абе ајде не ке да е до толку, ке ти помине.
и така си минеа денови ја по иста песна си туркам годината во школо , доаѓа одмор се е топ и веќе крај на јули ме запознават со девојка , ама што девојка ѓавол ќе беше ова , ме удави со погледот на прва , тие страшни црни очи , таа прекрасна и мека коса , убаво да не речам атлетско градено тело , убавини..
ја запознав во школото каде секој ден играм фудбал/кошарка со другарите и онака муабети , седење до касно , никогаш да ми стане досадно во нејзина придружба , смеа и слично. при секоја разделба ми паѓаше некако тешко на душа , но сепак , тука е утре и пак ќе ја видам. полека ми стана опсесија , си зацртав во глава дека мора да ја имам не се трпи веке ова без неа. со другарите излегувам , на журки , на пиење , мене не ми е до ништо дојдено , онака само чекам да дојде 3-4 саат и да се разделиме кој на каде.
денот пред да одам на одмор , бев во охрид 10 дена со другарите , и кажав на нејзината најдобра другарка да ми ја пази и дека многу ја свиѓам. она само ме погледна и ми рече па што чекаш , и таа тебе те "мерка" од кога те виде. и така излезе некако безвезе , ја отидов на одмор , а со неа си пишувам пораки , се слушавме на ден-два и слично.
се враќам дома , прво што направив е свратив до неа , па до другарите , па дома да оставам куфери и торби и другите работи
по 2 дена ја се отварам тотално спрема неа и не знаев дека има нешто потешко од ова, пошто досега ја чекав на девојките да почнат, но овојпат имав некој страв дека може оладила од мене , сепак 10 дена не се малку , дека има некој друг и сл. Она ми објасни се најубаво , знам дека игра фудбал и дека во скоро време ке го менува клубот ( играше мината сезона за штип ) и дека е многу веројатно да оди во скопје. си мислев јас самиот дека ќе го издржам сето тоа , догодина доаѓам и ја у ск на факултет и се ќе биде во ред, кога ќе има слободни денови ќе се враќа во струмица за да се видиме и прифатив да почнеме да одиме
така се фативме , одиме веќе 10 дена , 12 август е датата. по 3 дена ми рече одам за скопје на припреми со клубот , имала понуда од шампионките на македонија во фудбал. така таа отиде на четвртиот ден за скопје , беше среда , и некако добро се чувствував тој ден и четврток. но од петок започна многу тешко да ми станува , не ми се јадеше , смачено ми беше од се , пробував да заспијам но не можеше во никој случај да се случи тоа , се почесто вртев емоционални песни на компјутерот и слично. онака пробав да се соберам и се тешев дека ќе биде работа , ке дојде кога ќе има слободен ден , за првпат у мој живот паѓам на девојка толку лошо... и би што би , вчера , вторник , имала слободен ден и дојде во струмица за да ме види , дома кај неа беше 20ина минути , а цел ден го помина со мене низ парк , сврати до некои другарки на кратко , се шетавме и се беше топ. дојде некаде 11 вечер и онака ја почнав да се онерасположувам бидејќи знам дека од 6 сабајле треба да оди за скопје и во кратко време ке се разделиме.
и така седевме уште некои 15ина минути на скалите , и најнежно и најискрено , или барем ја така осетив , ми кажа "ТЕ САКАМ" , а ја само онака ја погледнав и ја бакнав уште еднаш. се насмевна уште еднаш , нежно ме погали по коса и ми рече дека ќе ми ја растури фризурата за некоја друга да не ме свиѓа додека не е овде и дека страшно сум и недостигал овие денови а уште повеќе ке и недостигам откако ке се врати , а не е свесна дека по тие 2 збора ја повеќе не можам да погледнам друга , не можам од глава да ја извадам и да помислам на друга освен неа.
не знам што се би направил сега да го слушнам уште еднаш тоа што го слушнав вчера вечер , уште еднаш силно да ја гушнам и барем за 1 саат да ја имам до мене.
сабајле пред да станам ми стига порака на моб, ми пишува дека е повикана на припреми за репрезентацијата и дека од утре 5 дена ќе биде во пробиштип, што значи дека нема да ја видам до барем до вторник. е сега по незнам која случајност ми се јави тета од ск и ме повика од другиот понеделник/вторник да одам кај неа на недела дена да се видиме малку , а тоа мене ненормално многу ми одговара пошто девојката се враќа во ск во вторник и ќе остане таму некое време.
е сега , се двоумам дали да одам , но најверојатно ќе одам , а со тоа ризикувам да ги сјебам септември и октомври во школото , пошто знам дека кога ќе се вратам од скопје некаде сабота/недела пред да почне школото , на ништо не ќе можам да мислам освен на неа и само ќе бројам денови , часови , национални празници и слично , за да се врати во струмица и да се видиме.
некако потсвесно во мене , а знам дека ќе биде на лошо ако се случи тоа , размислувам да раскинам , пошто не знам дали ќе имам срце и дали таа ќе има срце да се чекаме до наредната година кога ќе идам на факултет пошто ми рече дека не планира да промени клубот барем за 3 години , а мене ми е страшно тешко и неподносливо уште денес , да не речам за деновите кои ќе следат или пак во училиштето , кое по се изгледа прилично лошо ке ми тргне.
" се молам на бога да не бидеш во моја ситуација , бидејќи ова не се издржува " - го кажувам сега јас истото , скраја да е од ова во што сум западнал јас
еве.... тоа е се што се случува со мене , сега се наоѓам во страшна двоумица што да направам , дали ќе постапам правилно , дали сум заљубен или е некое високо ниво на crush што првпат го чувствувам, па еве најотворено молам за помош на форумов , нека проба некој барем додека го чита ова да се стави во моја ситуација и да слушнам како размислува по темава
благодарам за вашето време
EDIT : леле колку сум пишувал