Што чади во Хром ???

Член од
14 мај 2016
Мислења
47
Поени од реакции
12
Почитувани,
Хром и Купром веројатно повеќето ги асоцира на "доброто" социјалистичко време на победи на пролетерјатот и убрзаната индустрализација со загадувачки капацитети на тешка индустрија среде град меѓутоа за жителите во близината на оваа фабрика тоа минато сеуште не е завршено.
Оџакот на дел од објектите континирано испушта бел чад, а не се бира папа.
Денеска кога дува ветер и не е толку голем проблем (бар не се се чуствува со сетилата) меѓутоа кога ќе започне периодот на загадување мирисот на запалени хемикалии значително се чуствува баеѓи.
Што тоа гори среде град?
Дали некогаш некој официјално одговорен се заинтересирал за труењето во самиот главен град на државата?
Ако за железара имам големи социјални и економски трошоци на поголем број вработени, значаен извоз итн и со тоа објаснување зошто лесно неможе да се реши проблемот, што е во позадината на погончето што чури со едно оџаче нон-стоп?
Некој има ли абер за случајов, што се случува зад портата на фабиката од едно друго време, што се пали и колку е штетно и до кога?
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
Мислиш не знаат тие од општината или инспекцијата...
и ако тргнат натаму во контрола само ќе стасат до Ореов лад или Каскада или Воденица и ним слични места и наредена е работата.
--------
А што тоа чади пред Вардариште, што тоа тајно се топи таму во печките и тоа само ноќе , мислам пуштив слики тука некаде.
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
380
Поени од реакции
195
Ново Лисиче има слична ситуација со оџаче блиску до Макпетрол бензинската. Според знаци на околните патишта е објект за рециклирање.
 
Член од
14 мај 2016
Мислења
47
Поени од реакции
12
Ваквиве работи кои ги гледаме сите пред нас секој ден всушност тие што треба први да ги видат никако да ги здогледаат. Ако за инспекториве има кафани, што прават новинариве. Нели имаме истражувачко новинарство, што знам Код, едно чудо портали кои знаат која фирма на Белизе или незнам каде, кога, од кого е формирана, кој кога шваљерисува итн, а ова не е интересно ама ич. Кои се газдиве, со што трујат, кои стандарди (не) ги исполнуваат, кој работи таму, кого подмитуваат итн. Или за ова чадорот што плаќа не е заинтересиран а тие без пари исто како и инспекторите не мрдаат. Најлесно е копирај од српски и бугарски сајтови на немакедонски јазик без никакви стандарди или пиши го тоа што некој го плаќа.
Жално. Чаре до вистината за нечистите бизниси?
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411

Иди кажи му го ова на Соколе.
 
Член од
14 мај 2016
Мислења
47
Поени од реакции
12
Колку што подразбрав пред некое време од медиумите според урбанистичкиот план таму е планирана зона за станување. Незнам што е проблемот што не се реализира тоа до сега? На тој начин фабриката би заминала во минатото каде и и е местото.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.922
Поени од реакции
1.445
Триангла во ниедно време редовно копа на разредувач.
Моја теорија е дека измеѓу тури во тоа пекарата од „Пчеларска Задруга Напредок“ (како и да се вика во денешно време) ги чистат рафтовите за печење на леб од печките.

Додатно, се случува да копа на лак и нафта - тоа е масло на локалните авто-механичарски сервиси и Сервис Петрол бензинската.
Копањето најчесто е од надвор, додека во време на висок водостој и поплави се чувствува и враќа и од канализацијата.

Вардариште кога ќе го запалат е плус.

Грејна сезона кога едниот комшија гори јаглен и дрва, другиот нафта, третиот дрва, четвртиот уље, петтиот гуми - тоа е друга приказна на немање на соодветна електро-енергетска инфраструктура и конкуренција на пазарот.

Тапа.
 
Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.178
Поени од реакции
2.129
Chadot bel e od pushnicata na meso - globus. Porano smrdeshe na hemikalii ali od koa se zatvori kuprom mirisa na meso chadeno :)
 
А од кога е таа "позитивна" еколошка промена? Јас мислам до минатава зима смрдеше на хемикалии. Сега рачунам не смрди зашто дува претежно.
 
Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.178
Поени од реакции
2.129
Odamna si smrdi toa na meso.
Inace na hemikalii u zima mene celo Skopje mi mirisa, ne samo Hrom.
 
И после се чудиме воздухот зошто е миљијарда ПМ честички. А квалитетот на подземните води што воопшто не се гледа и чуствуава на прв осет е друго прашање. Е за ова ни треба Европа за стандардите кои се исклучиво строги во овој дел. Со тоа нема играње. Во Данска на пример законски е пропишано дека водата за пиење е таа која ги исполнува сите хемиско-бактериолошки критериуми и во која несмее да се става ништо дополнително како што е нашиот хлор. Во Бугарија на бања во која се нуди безхлорен базен третиран со незнам инфрацрвени зраци итн прочитав дека хлорот е штетен ако телото се наоѓа во таа средина зашто кожата е најголем орган па абсорбира. А ако го пиеш редовно?
Туку назад кон низата случаеви кои ги наведе. Дали некој ги пријавува до службите па тие не реагираат или вака се жалиме а никој ништо не превзема?
Јас покрај новинариве како главно проблематични ги гледам т.н. невладини организации кои ако спие владата треба да ја подразбудат за вакви важји работи. Тоа е т.н. граѓански сектор кој треба да ги преставуава граѓаните. Особено еден куп еко НГОа.
Знам, знам кај нас тие ги преставуваат тие што ќе им платат за са глумат.[DOUBLEPOST=1465299188][/DOUBLEPOST]

А па тогаш Хром е решено, башка кој сака да се омрси бар со мирис нека повели на балкон. Додуше сега липите покриваат се :)
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Крофните. Ги препекле.
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Најголем проблем се возилата, затоа сега еуро-4 стандард ќе воведат, за почист воздухот да биде. Возилата и оџаците на домаќинствата се проблем, фабриките не загадуваат ништо.

:tapp:

еве ги овие од влада кога носат европски закони за нашиот македонски стандард.
:masa:
 
Се по ред по малку кога ќе се собере. Возилата и сега ги има ама нема загадување како зимата. Греењето на дрва и на што уште не и ваквите чудни оџаци што чурат овде онде така суптилно по мене се поголемиот проблем.

еве ги овие од влада кога носат европски закони за нашиот македонски стандард.
:masa:
Не е проблемот што ги носат туку што не ги спроведуваат. Инаку заштитата на животна средина и безбедност на храната се најбитни и работи по кој се разликуваат саглам од транзиционите и неразвиени земји.
 
Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.178
Поени од реакции
2.129
А од кога е таа "позитивна" еколошка промена? Јас мислам до минатава зима смрдеше на хемикалии. Сега рачунам не смрди зашто дува претежно.

И после се чудиме воздухот зошто е миљијарда ПМ честички. А квалитетот на подземните води што воопшто не се гледа и чуствуава на прв осет е друго прашање. Е за ова ни треба Европа за стандардите кои се исклучиво строги во овој дел. Со тоа нема играње. Во Данска на пример законски е пропишано дека водата за пиење е таа која ги исполнува сите хемиско-бактериолошки критериуми и во која несмее да се става ништо дополнително како што е нашиот хлор. Во Бугарија на бања во која се нуди безхлорен базен третиран со незнам инфрацрвени зраци итн прочитав дека хлорот е штетен ако телото се наоѓа во таа средина зашто кожата е најголем орган па абсорбира. А ако го пиеш редовно?
Туку назад кон низата случаеви кои ги наведе. Дали некој ги пријавува до службите па тие не реагираат или вака се жалиме а никој ништо не превзема?
Јас покрај новинариве како главно проблематични ги гледам т.н. невладини организации кои ако спие владата треба да ја подразбудат за вакви важји работи. Тоа е т.н. граѓански сектор кој треба да ги преставуава граѓаните. Особено еден куп еко НГОа.
Знам, знам кај нас тие ги преставуваат тие што ќе им платат за са глумат.[DOUBLEPOST=1465299188][/DOUBLEPOST]
А па тогаш Хром е решено, башка кој сака да се омрси бар со мирис нека повели на балкон. Додуше сега липите покриваат се :)
Imashe dve ogromni lipi u kuprom koj gi isekoa kaj Januar negde bez nikakva pricina. Lipi stari mozda 50 godini... Koj kreten dal dozvola ako uopste dal? I kako smee taka nekoj da doagja da sece? Zatoa smrdi celo Skopje, od takvi malo-umnici.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom