Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Преку мобилната апликација на Визз секогаш било можно онлине чекирање.Јас секогаш чекирам преку мобилната апликација и никогаш не сум имал проблем да не може[emoji6]
 
http://www.fakulteti.mk/news/16-06-...iskobudzhetnite_letovi_od_skopje_i_ohrid.aspx

КОЛКУ ВСУШНОСТ ЧИНАТ НИСКОБУЏЕТНИТЕ ЛЕТОВИ ОД СКОПЈЕ И ОХРИД?

Се обидовме да откриеме за колку се разликуваат цените на билетите од најавената почетна цена и дали и навистина може да се купи авиобилет по толку примамлива цена. Генералниот заклучок е дека цените за нискобуџетните летови се нешто повисоки од тие на рекламите, но ако имате среќа и доволно трпение можете да начекате неверојатно исплатливи билети.
 
Кога купував карта одбрав веб чекирање и океј, сега отворив за да чекирам и ми пишува дека на овој аеродром не е можно пријавување преку интернет. :confused: Зборам конкретно за аеродромот во Келн.

Како да ја чекирам сега кога веќе одбрана ми е таа опција? :noze:
 
Прочитај погоре [emoji56] [emoji35]
 
Преку мобилната апликација на Визз секогаш било можно онлине чекирање.Јас секогаш чекирам преку мобилната апликација и никогаш не сум имал проблем да не може[emoji6]
Зависит од дестинацијата. И јас ко ќе имат можност секогаш се чекирам преку апликацијата ама за CGN или DTM то не е возможно.
 
Дечки, совет каде би можел да побарам нешто поефтин лет за периодот 10-13 јули од Јужна Германија(Нирнберг, Штутгарт, Мемингем, па и нешто подалеку не е проблем) до Скопје?

Летнаа цениве на Виз Ер, најефтиното што го најдов беше Нирнберг, 90 евра...Ги проверив и EasyJet, RyanAir, германската нискобуџетна, не ми текнува како се викаше, видов и летови до Солун и Софија евентуално, ама ништо.

@Tranquilis Препорака некоја? :D
 
Паста за заби, стик (гел), за под мишки, гел за коса, гел за тело као течност ги вбројуваат? Парфеми сигурно да.. се треба да е испод 100мл?
Првпат летам коа треба да имам во багаж со мене, се во чекиран ставав порано
бтњ кај им е собирно место на автобусите на wizz кај Holiday-inn? карши одма на автобуската постројка или десно по уличката( кај другите автобуси)
Хфала
 
Буквално се што наброја спаѓа во тие рестрикции и мора да биде со максимум 100мл. А зборно место на автобусите на визз ти е одма спроти главен влез на ХолидејИн, помеѓу автобуската на јсп и уличката што ја спомна.
Застани спроти влезот и неможеш да промашиш
 
Ти благодарам.
 
Дечки, совет каде би можел да побарам нешто поефтин лет за периодот 10-13 јули од Јужна Германија(Нирнберг, Штутгарт, Мемингем, па и нешто подалеку не е проблем) до Скопје?

Летнаа цениве на Виз Ер, најефтиното што го најдов беше Нирнберг, 90 евра...Ги проверив и EasyJet, RyanAir, германската нискобуџетна, не ми текнува како се викаше, видов и летови до Солун и Софија евентуално, ама ништо.

@Tranquilis Препорака некоја? :D

Среќно. Во тој период цените веројатно ќе одат само нагоре..
 
Гледам дека овде од време на време се појавува некој кој работи во Wizzair па се надевам дека ќе прочита и некако ќе реагира.
Сфаќам дека летовите функционираат на принцип колку пари толку музика, меѓутоа мислам дека сепак има одредено (минимално) ниво на општа култура и воспитание кое треба да го имаат стјуардесите на летовите. Фасцинантно е колку улично се однесуваат со патниците, не се ни трудат да користат литературен македонски, англискиот им е како од совјет раша и речиси неразбирлив, ставот кон патниците им е „кој те шиша“, си дофрлаат меѓу себе како да се продавачки на пазар, не стјуардеси.
Летав со Wizzair исклучиво затоа што само тој лет беше директен до дестинацијата кај што одев знаејќи дека овие буџет летови не нудат многу повеќе од префрлање од точка А до точка Б и поради тоа не очекувајќи баш ништо, но од ова искуство заклучив дека помалку трауматично ми е да возам два дена отколку да се маткам во вакви услови.
За пилотите не коментирам, летот од тој аспект си беше супер, слетувањето во Скопје беше едно од најдобрите во моето „летачко“ искуство, но ете стјуардесите делуваа како да ги собрале првите десет девојчиња што ги виделе во кафич, не баш целосно им објасниле 3-4 реченици и ги фрлиле во авионот да истураат фрустрации на патниците.
Ова го споделувам чисто како обзервација, немав баш никаков личен судир со никој од персоналот на летот, само ги следев како се однесуваат општо со патниците и со тоа создаваат една крајно непријатна атмосфера на летовите.
И да, во однос на рачниот багаж, зошто се наплаќа за голема торба, а во меѓувреме на аеродром како „мал рачен багаж“ поминуваат куфери со спакувано теле, трпезарија, прирачен туш и вреќа пипер да се најде?
Претпоставувам и тоа е дел од оној општ „толку ме плаќаат, толку ќе работам“ став на стјуардесите и службениците...
 
За жал, аеродромските службеници не се вработени во Wizz Air. Не се грижат премногу додека не дојде контрола.

Во врска со стјуардесите.. да не одам во детали, но со оглед на тоа какви се патниците од и до Скопје, добро е и што толку издржуваат. Претпоставувам дека тоа им е мал издувен вентил. Скопје е убедливо најлошо во целата Wizz мрежа во однос на (не)културата на патниците и најтешко за раководење.

Тоа би го споредил со моето искуство и менување на однесувањето во Скопје. Секогаш кога ќе се вратам, првите неколку дена сум љубезен, насмеан и трпелив, исто како и секој ден таму каде што живеам. Потоа веќе не сум бидејќи нема скоро никаков ефект. Разбирам дека кај нив станува збор и за професионален однос, но основите критериуми верувам дека ги задоволуваат. Остатокот е соодветен на 'нашата' култура.

И уште нешто - заминав од Wizz пред 9 месеци. Горното е мое лично видување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom