Како и да е.
Форумов не е место каде што паторската криминална банда лови нови гласачи и поддржувачи. Од наједноставна причина што го користат претежно млади луѓе. Таму битката му е у старт изгубена. Има некоја хиерархија у тоа ретардираната омладина што ја има, која контрапротестира на студенти и средношколци, ама не и ставаат акцент пошо се апла заостанати и само дополнително си гомилаат негативна енергија.
Акцентот му е кај луѓе што се информираат строго од телевизии, каде што интеракцијата е строго дефинирана со ботови, нарачани јавувања и немање можност за никаква поплака и лош збор. Ситурно сте приметиле дека тоа куртонските сајтови се строго без импресум (наведена редакција), без напишан автор на текст и без можност за коментирање, а фејсбук страните им се преплавени со „Цеца го рашири меѓуножјето“- статии. Не им е тука интересот очигледно. Затоа не ме ни чуди што испарија како г***а овие ликови, кои и без тоа само шират лоша енергија и се дават во свои небулози. Го имаат купено Трендо копукон со оној велит. Тие работат на релативизација и "friends"-фазон оглупување на омладина и замајавање со глупости.
Жално е што „Протестирам“ како движење не успеа да ги искористи (тежок е овој збор, ама не е несоодветен) сите такви движења и пленуми кои се формираа минатата година, а најмногу како резултат на гневот од овие кецаши на власт. И ден денес, студентскине домови се у распад. И ден денес треба партиска книшка за да добиеш соба во дом. Најново што прочитав пред некој ден е дека се воведува некаква картичка за исхрана, со која еден куп бонови за исхрана ќе станеле неважечи и пак ќе ги ограбат веќе гладните студенти. И ден денес, Шпиро и слични ајвани како него, со фалсификувани дипломи утеруваат ред во образованието. Да не им се опраи многу животот на студентите во оваа една година, па да не им се доаѓа на протест?
Ниту сдс, ниту протестирам не работи на омасовување на протестиве со што ќе се даде поголем легитимитет и тежина на променава, која од авион се гледа дека ќе се случи. Им се остава џокер на злобниците после некое време да се повикаат на силни странски интервенции, кои не дека никогаш ги немало, ама не биле до толку очигледни. Колку и да ја доживувам и јас оваа „револуција“ како “инстаграм“ револуција и позерај, секој мора, мора да си ја тера борбата и да излегува на улица.
Многу има разочарани што не преминале во насилни протести - овде нема култура за протест, па не тој да премине во насилен, што е врвно достигнување на протест, кое бара одлична подготовка и координација на учесниците. Немаме насилни левичари, анархисти, комунисти и за тоа треба време и услови да се развие како култура. Тоа што го гледаме од атинска Омонија секојдневно е еден хаотичен систем кој е развиван со децении и е специфичен (меѓу другото се работи и за град од 3-4 милиони жители).
Каков и да е, гандиевски, етикетиран, соросоиден, на протест мора да се излегува.
Се гледаме пред СЈО!