Најновиот скандал на Клинтонови: Сопружниците „испумпале“ 100 милиони долари од блискоисточните лидери
14.05.2016 | 14:25
Извор:
Макфакс
Прочитано: 1672 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот
Најновата истрага на американското Федерално биро за истраги (FBI) открила дека сопружниците Бил и Хилари Клинтон земале повеќе од 100 милиони долари од блискоисточни лидери.
Истрагата на новинската фондација „Дејли Колер“ (Daily Caller) открила вознемирувачки урнек според кој фондацијата „Клинтон“ влечела пари од режими кои имаат, благо речено, спорно досие на почитување на човековите права и кои не секогаш работат во интересите на САД. Згора на сé, споменатите 100 милиони долари не ги вклучуваат 30-те милиони долари добиени од две фондации со седиште на Блискиот исток и од четворица саудиски милијардери.
Сé на сé, тоа се многу пари, заклучува „Дејли Колер“.
„Овие режими си купуваат пристап“, вели Патрик Пул, аналитичар на националната безбедност. „Тука ги имате Саудијците. Потоа ги имате Кувајќаните, па Оман и ОАЕ (Обединети арапски емирати). Тоа е масивен судир на интереси. Тоа е надвор од разумот.“
Па, можеби и не е, продолжува текстот на „Дејли Колер“, ако се земе предвид дека во текот на нејзиниот четиригодишен мандат како Државен секретар, Хилари Клинтон употребувала очигледно незаконски приватен сервер за пораки, нешто што сега е исто така под лупата на FBI.
Нејзиниот отворен систем на електронски пораки најверојатно бил хакиран и од Кинезите и од Русите, а можеби и од други разузнавачки организации. Ваквата негрижа би требало да ја исклучи Хилари Клинтон од каков и да е обид во иднина да конкурира за висока позиција во американската дипломатија.
Во меѓувреме, поранешниот Главен обвинител на САД, Џозеф Е. Диџенова за „Дејли Колер“ изјавил дека верува оти FBI има покренато и втора, можеби и уште посериозна истрага, за можна политичка корупција во која била вклучена и фондацијата „Клинтон“. Ова има потенцијал да стане исклучително експлозивно, со оглед на тоа дека се чини оти Клинтонови фондацијата ја користеле претежно за да си ги наполнат сопствените џепови.
Прашањето е отворено: дали блискоисточните земји, богати со нафта, обемно ја дарувале фондацијата „Клинтон“ во обид да извршат влијание врз идната надворешна политика на САД? А што е со деловното партнерство на Бил Клинтон со шеик Мохамед бин Рашид Ал Мактум, авторитарниот владетел на Дубаи, кое траело од 2003 до 2008 година? Клинтон (Бил) во тој период зел 15 милиони долари во „загарантирани исплати“, како што покажале досиејата за тој настан.
Само во последните три години, веднаш по завршувањето на нејзиниот мандат како прв дипломат на САД, Хилари Клинтон одржала говори во 12-тина фирми од Вол стрит (со многу длабоки џепови), при што вообичаено наплаќала по 250.000 долари. Сé на сé, таа наплатила вкупно околу 22 милиона долари од овие настапи.
Зошто арапските моќници и маггнатите од Вол стрит би давале толку пари за Клинтонови? Затоа што толку цврсто веруваат во филантропската мисија на фонадацијата „Клинтон“? Или поради надежта дека ќе можат да влијаат врз можната идна претседателка Хилари Клинтон?
Фондацијата „Дејли Колер“ во својата истрага потсетува и дека престедателскиот мандат на Хилари Клинтон на почетокот на кампањата се чинеше како сигурна работа. Сега, ако се земе предвид сé поверојатната можност да биде обвинета за злосторничка немарност поради тајните материјали на нејзиниот приватен сервер, па дури и за корупција, Хилари Клинтон има далеку поголеми проблеми од тоа како да победи на претседателските избори. Нејзиниот најголем проблем набргу би можел да биде тоа како да се спаси од затвор!