Неколку бесплатни предлози:
1) Ставете во потпис линк до иницијативата на ФБ.
2) Пишувајте збор-два и на други актуелни теми од форумов, гужва е ќе прочита некој.
3) Инвајт на ФБ пријателите да ја посетат страната.
4) Имате пријател во некој електронски медиум? Колумна, статија, банер, линк.. се е добредојдено.
5) Уште еднаш:
www.change.org
Разбирам, ситуацијата делува безнадежна но нема што да се изгуби.
Да не заборавиме, пред нецели 5 год се земаше државјанство со обична изјава.
Денес бараат доказ за потекло, а голем дел од апликантите тоа "потекло" го базираат на роднини што државјанството го добиле по стариот принцип. Логика? Нема. Во прашање е комбинација на политика и притисок од ЕУ.
Мигрантската криза е додатен товар кој делува негативно врз секој обид да се земе ЕУ пасош. Безразлика дали е Бугарски, Романски, Хрватски.. итн итн.
Ако сумирам еден тајмлапс од 5 години, работите се движат во лоша насока. Тоа е реалноста