Кај мене во генерацијата исто претежно сите во Велес се запишаа ретко кој отиде настрана, и средните училишта во Велес во тоа време беа Економско, Гимназија, Хемиска, Медицинска, физиотерапевтска, Стручни машински и слично во УЗУС оние за автомеханичари и се знаеше тогаш, незналиците одеа за автомеханичари и машинобравари, останатите кој каде паднал таму.
Во склоп на Хемиското имаше со 3 степен керамичар, исто и таму незналици беа, ама занает, само 15тина од нив завршија и сите се вработија веднаш после завршувањето, некои од нив во Хемија комерц одеа на пракса преку школото и си обезбедија работно место веднаш.
Мене ми е криво што не отидов за фризерка или козметичарка, за цвеќарство незнам дали има воопшто низ Македонија, ама едно од овие да завршев човек ќе се сторев. Ене ја тетка ми со козметичарка диплома светон го прошета надолж и попреку, работеше и во Катар, и во Англија, и во Скопје држеше салон, сега е на брод како професионален козметичар. Сестра ми заврши факултет за професор по географија, не се ни надева дека некогаш ќе се вработи како професор. Така што, умно драги деца, остајте друштвото каде оди. Глејте кај ќе имате работа. Денес како што рече членот погоре, ако немаш јаки врски и познанства или да си некој син на адвокат џабе ќе се запишуваш на правен, а економисти има со лопата да ги ринеш. Ретко кој од нив ќе работи за тоа што се школувал.