Ако гледаш на долг рок, ќе видиш дека повеќе ти се исплати да купиш некои од 2000-3000, па и повише, отколку по 1000 од пазар.
Придобивки:
1. Квалитет.
2. Удобност на ногата.
3. Долготрајност.
4. Дизајн.
5. Можеш да се курчиш дека имаш "оригинал" патики.
Доколку имаш финансиска можност, пробај, земи, ќе ја осетиш и сам разликата. Еве јас имам земено адидас патики пред 5 години, ме коштаа 4 000 и сеуште се здрави прави и сеуште ги носам.
А имам и Пума од пред 8 години кои ги користам само за до продавница, на маало бидејќи толку им е векот веќе. Доодени се.
А што се не имаат истрпено и едните и другите.. од дожд, снег, фудбал, пешачење Аеродром-Карпош секој ден со Адидасот, пуцање камчиња по пат...
Е сега, се зависи од тебе како ги чуваш. Другар мој на секој 6 месеци ги кине и купува нови патики по 100 евра, ама може и да си го приушти тоа, па му чуе.