СИДА ТЕСТ

Абе смотан, секој вирус надвор од телото може да преживее највише 5 секунди.

Нема везе...секој вирус различно, дури може и до 2 дена да останат. Преминуваат во кристализирана форма и многу многу не им влијаат условите од надвор, ама не можат ништо да прават.
 
Нема везе...секој вирус различно, дури може и до 2 дена да останат. Преминуваат во кристализирана форма и многу многу не им влијаат условите од надвор, ама не можат ништо да прават.
Чисто информативно, овој вирус не може да преживее надвор од тело, освен ако не му се овозможат идеални услови како во телото.
Ова ми го има кажано професор од ПМФ, така што ми е прилично сигурна информација...

Иначе, имам направено тест, се изначекав за резултатите месец дена, чекав да поминат три месеци откако ме боцнаа со иглата, значи ми се фатија 4 месеци во чекање и воедно најлошите 4 месеци поминати во страв...
Кога ме виде докторката жива среќна ме соопшти дека сум негативна, и воедно ми падна камен од срце..
Море карпа....
После се распрашував сегде за сидава, и касно дознав дека не преживува надвор од тело..

Едит: шо бара темава во љубов и секс?
 
Досега 3 пати сум правел ваков тест, последниот пред повеќе од пола година.

Ништо страшно :pipi:
 
Не сум направил,а и мислам дека засега немам потреба од тоа :toe: иако мислам дека зашто сум крводарител мојата крв ја испитуваат за Сида така да ако има нешто ќе ми се јават :pos:
 
Во последно време, многу конкурси за стипендии или работа во странство бараат апликантите да поднесат прифатливи резултати од неколку здравствени тестови вклучувајќи негативен ХИВ тест. Првиот (и единствениот засега) тест за СИДА ми беше наметнат од ваква причина ама го прифатив сосем нормално како и секоја друга регуларна здравствена проверка. Сосема рутинска постапка без простор за паника, особено ако добро водиш сметка за последиците од сопствените активности.:wink:
 
Два пати имам направено ХИВ тест. Последниот пат, пред помалку од година дена, направив и за сите останати СПчуда. Не се срашни тестовите, чекањето убива нерви;)
 
Ме занима дали за да направиш сида тест на инфективно ти треба упат од матичен лекар, или може да си го платиш и приватно, без да бараш упути и ствари?(значи, има ли бирократија у процесот, или само идеш таму, ти вадат крви, оставаш име и чекаш резултати?)
Исто, по колку у просек се чека на резултати?

edit:
Негде у темава прочитав дека се потребни 3 месеци од заразувањето со хив, за да тестот биде веродостоен.

Дали тоа значи дека ако поминале помалку од три месеци, е залудно да се тестираш, затоа што тестот може да биде false negative?
Или тоа и од тестот зависи?

П.С
У Скопје, освен на клиника за инфективни болести, се праи негде на друго место тестов?
 
Јас сум бил до сега мислам три пати на сида тест, после тоа не сум бил, во себе сигуремн сум, но не знам за другата страна...
 
Ме занима дали за да направиш сида тест на инфективно ти треба упат од матичен лекар, или може да си го платиш и приватно, без да бараш упути и ствари?(значи, има ли бирократија у процесот, или само идеш таму, ти вадат крви, оставаш име и чекаш резултати?)
Исто, по колку у просек се чека на резултати?

edit:
Негде у темава прочитав дека се потребни 3 месеци од заразувањето со хив, за да тестот биде веродостоен.

Дали тоа значи дека ако поминале помалку од три месеци, е залудно да се тестираш, затоа што тестот може да биде false negative?
Или тоа и од тестот зависи?

П.С
У Скопје, освен на клиника за инфективни болести, се праи негде на друго место тестов?
Не ти треба упут, секако дека можеш да си го платиш. На приватните клиники ни име и презиме не мораш да оставиш ако инсистираш да останеш анонимен.
Освен на клиника за инфективни, постои и еден центар за бесплатно тестирање кое го организира некоја анти-сида невладина организација. Ако ти е итно, можам да се потрудам да најдам број.
Иначе ја се тестирав во една приватна клиника за испитување на крвта во Ѓорче и чинеше некои си 800 денари. Мал милион вакви клиники имаш низ Скопје.
Резултатите ќе ги добиеш уште истиот ден, а на приватна клиника за само неколку саата. По државниве претпоставувам дека ќе го тупат неколку дена :)
И да, точно е дека треба да поминат најмалце 3 месеца за да уопште стане можно да се изрегистрира вирусот во крвта. Ако си го имала сумњивиот однос пред помалце од 3 месеца, причекај некое време :icon_lol:
 
Данке за информацииве:back:

Не ми е хитна работава, него читав нешо за сида (а, хипохондар сум си по природа), па да си знам за у иднина каде да се обратам :)
 
a treba li upat da se zeme od maticna ili direktno na infektivno se ide? i dali se zapisuva vo kniska nesto?
 
Свесни за фактот дека живееме во времето на сидата, дали можеби некогаш сте се замислиле да направите сида тест? Или пак можеби сте направиле?
Ја сум помислила пошто сум најголем хипохондрик на свет а не дека имало причина, уствари и нема болест што не сум помислела дека ја имам така некако чудна логика имаат хипохондриците.
И пошто преголем страв од болести, најпрвин прашав у адриа лаб колку пари е тестот и ми кажаа 800 ден. и после нормално размислував за понатамошни (параноично/нелогични) потенцијални ризици и ете си мислев дека по некоја (немогуча) случајност ќе ме боцнат со игла од некој претходно што се тестирал а има сида па и да се тестирам у моментот пак тестот може негативен да испадне пошто од моментот на инфицирање три месеци треба да поминат за да може да се детектира вирусот, и што така на секои три месеци ќе правам тестови до крајот на животот??? Па онда мислев на грешка дан напишат позитив а да не сум, па сама сугестивно со помош на поттсвеста да предизвикам навистина да се случи, потоа ми светна дека на секој десетти што се тестира (јас) му пишуваат позитив со цел да не пропадне фармацевстската индустрија и слични заговори...и се откажав, уствари тоа беше последното мое посериозно замарање со болести, сфатив дека животов е премногу краток а мојот страв од болести немаше крај па си реков и да имам сида барем ќе имам нешто заедничко со Фреди. Пошто at the end of the day сепак успевам да сум оптимист и ја барам светлата страна на работите колку и да е темна.[DOUBLEPOST=1463873443][/DOUBLEPOST]Инаку неам сида фала Богу. скраја да е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom