Пуч внатре во дпмне е во рамки на научна фантастика. Да беше можен, многу одамна ќе се случеше. Во суштина проблемот е ист како со сдс и бц и пирамидалната поставеност во партијата. На високи позиции и како министри и како партиски функционери прецизно се избрани тотално нехаризматични, неинтелигентни, млади ликови, најчесто без пријателско роднинска конекција со луѓе кои одамна се во партијата - такви што и да покажат во одреден момент некаков интегритет и личен став, не би имале капацитет да повлечат поголема група. Кој ќе праи пуч? Диме Спасов, Тодоров, Емил Димитриев? Тие и ден денес за да одат на мочање вртат телефон у штаб, не пуч ќе кревале. Се' ова е плод на инжинеринг, исто како што е манипулативната пропаганда врз членовите и симпатизерите и сите можни политики кои ги водеа овие 10 години. Многу јако ќе им се тресне на дпмне цела оваа пирамидална инвестиција во лажно-патриотско раководство претежно составено од бивши членови на СДС и ДА на Циле Топурковски.