Можам; тебе и на твоиве другари „по теорија без дела„ веќе ви имам напишано дека верата „иде„ заедно со делата, а ти (и твоите) упорно ја редуцирате мојата вера само на „вера„.
Делата ионака ги немате, а туѓите (дела) не можете да ги видите.
Само што кога некој ќе ви ги плесне у фаца делата што ви се посочени дека треба да ги направите, тогаш одеднаш нисте одавде, не разбирате, на подрум сте и треба да ви објаснува некој што пишува и што значи напишаното.
Арно ама! Нејаснотијата веднаш исчезнува и одма кристално јасно знаете што пишува, што значи и на што се однесува пишаното во другите религии, за кои самите сте си признале дека не ги разбирате.
Нека биде волјата Божја, не Телемитската...
..Обрати внимание уште и на тоа дека оваа волја не само што треба да биде чиста т.е единствена како што е објаснето горе, туку и “неослабена од цел”. Мораме да се задржиме на оваа необична фраза. Таа може да значи дека волјата ја гуши која било цел; очигледно е дека волјата мора да биде ослободена од “страста за резултат”.
Но таа фраза може да се интерпретира и како “со неослабена цел”- т.е со неисцрпна енергија. Значи се работи за концепцијата на вечното движење, бескрајно и непроменливо. Тоа е Нирвана, само што е динамична, а не статична – што на крајот се сведува на истото.
Очигледна практична задача на Магичарот е да открие што всушност е неговата вистинска волја, за да може на тој начин да ја извршува, а тоа тој најдобро може да го изведе по пат на пракса на Liber Thisharb (Equinox I,7) или слични пракси кои одвреме навреме ќе му бидат одредени.
Сега секој би требало совршено едноставно да ја сфати Пораката на Мајсторот Терион. Ти мораш
(1) да откриеш што е твоја Волја.
(2) Да ја извршуваш таа Волја со а) едно-насочност б) непристрасност ц) мир.
Тогаш и само тогаш, ти си во хармонија со движењето на Работите,
а твојата волја е дел од Божјата, и спрема тоа еднаква на неа. И бидејќи волјата е само динамички аспект на нашето битие, и бидејќи две различни битија не можат да имаат идентични волји тогаш ако твојата волја е Божја волја, значи Ти си тоа.
Liber II