Протести низ Македонија (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 ноември 2015
Мислења
57
Поени од реакции
27
Депресијата на резултатот е правопропорционална со личното незалагање за решавање на проблемите. Барањата кои ги има срочено Протестирам, можеа да бидат многу по-екстремни и поконкретни, ако имаа по-масовна поддршка, посебно од луѓе што се вака како вас - резигнирани и навидум незаинтересирани, а ги интересира. Да ги надброевте симпатизерите на сдс на протестиве, ќе имавте што да барате.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Eve da ti odgovoram. Da sum rezigniram ne sum, po priroda. Poloso, uplasen sum. Zosto? Pa, poslednite nekolku godini rabotam sezonski vo stranstvo. I bidejki gi sledam rabotite i se vrakam na nekolku meseci doma, se osecam kako krava molznica. Na taa administracija ne moze, i so kofi da nosis da im stignat pari. T.e. RDT, privatizacija na imot, danoci novi i slicno.
No zaradi toj strav ne sakam da sum lejka koja ke poddrzi drugi kriminalci, koi se samo transmisija na KRAVARITE. Bi sakal se da e ili na izbori ili so ednostavno skapuvanje na rezimot.

Socioloski a i realno se drugo e opasno. Eve eden citat od utresna kolumna na Jason Miko okolu revoluciite...so koja se soglasuvam potpolno.

"...Тие што го слават и го величаат Че, божемните револуционери што денес протестираат низ светот, би биле првите што би се нашле наредени пред ѕид и застрелани в срце ако таа „револуција“ се ефектуира и тие ја соборат која и да е влада што овие божемни револуционери се обидуваат да ја соборат. Нивните семејства би биле затворени или застрелани, а нивните мајки, ќерки и сестри силувани. Тоа е вистинската природа на реалната револуција..."

A ne sum zapoznaen posle revolucii da ne se slucuvalo takvo nesto. Da ja zememe na primer NOV od 2 Svetska vojna. Kolku li svoi deca izede taa revolucija?
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.345
Ја па не знам вмрОВЦИ, изгледа не сум се дружел никогаш со такви - образуван човек сум. Од познати, само тетин ми е таков, он остана со прстот у уста од железара, цел живот у сиромаштија го пројде и сеа може да те задави лошо за грујо ако кажеш, а живее исто како порано, нема куче за што да го гризне, ќор фишек - цар! Он нека си му ја мисли......а, да, знам и еден со српско презиме - претежно лајкува на фејсбук статии од курир и за Путин, ама не коментира, мислам пошо мора, дека работи у некоја од зониве. Вака од зграда или се индиферентни муфљузи или дрва и камења фрлаат по лоповиве, Така да, провери си ја математикава
Сигурно не знаеш оти не си излегол од штабот на СДСМ, јас си стојам добро со сите, да знаеш дека братучед ми е редовен посетител на комуњарските заседанија во штабовите

Тебе од штаб добро те спастриле, тоа сендвичиве ептен во глава те удариле главен шпијун у мало си еј, колку те плаќаат за овие статистики или доволно е сендвич.Многу големо мало имаш бре сигурно едвај се разминувате :).
Таков сендвич можам и самиот да си купам не ми треба некој да ми го дава, а народ се има, се уште не избегале од режимот.

Чекај чекај чекај малце кочи, може подетално да ме упатиш од кое место/институт е правена анкетава? и каде? ако знаеш да ме информираш секако..
Јас ги направив пресметките оти ги познавам луѓето во мојата околина, од погорниот болок нема да знам да кажам точно,
а ако сакаш подетални информации можеш да отидеш до штабовите на ВМРО и СДСМ таму ќе ти кажат и кој со кој е швалер за цело избирачко место.

У која вукојебина живееш ти кајшто се броите по куќи кој каде гласа ебаве простите. Презадоволни од градоначалникот сте, а? Паркче, игралиште ви пушти? До смрт сега, нема проблем!
Sent from my Nexus 5 using Tapatalk
Ги броев по фамилии оти така ми беше полесно на мене, некои фамилии имаат и по 2 куќи, во штабовите ги имаат податоците многу подетално.
И да ти кажам многу сум задоволен од градоначалникот, оти претходниот (што беше од СДСМ) се што направи за 4 години беше асвалт до неговата куќа, а да не кажам дека и СДСМ-овците го пцујат оти на сите им беше ветил (поточно на секој му го беше ветил тоа) дека ќе ги вработи, а овие после кога почнале да му идат во општината овој ги мавал и им забранувал да му влегуваат повеќе (у неговата општина, немојте на мислите во нашата)
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Сигурно не знаеш оти не си излегол од штабот на СДСМ, јас си стојам добро со сите, да знаеш дека братучед ми е редовен посетител на комуњарските заседанија во штабовите.
Никогаш не сум бил член на ниедна партија. Веројатно е тешко да ти се доближи, ама има луѓе што имаа живот пред паторот. Не е лошо место да броиш куќи со гласачи да бркнеш нешто женско, нема да дигаш вакви хистерии.

Инаку ГРОМот подржикоњски и покрај толку џавкање и чаталење не успеал да поднесе кандидатски листи самостојно, туку како дел од паторската коалиција за доуништување на оваа територија што порано се викаше Македонија. Сега и официјално ќе мора да дава blowjob по партиски говорници, а баш мислев дека не може подолу да се симне човек, ама па и не е некој човек овој.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
НГ перфектно функционира со главниот албански екстремист, кој да те потсетам дека од 2001 година носи на душа 70-тина загинати војници и цивили и илјадници расселени луѓе што не се вратија дома никогаш веќе. Приказната со Гошинце и Куманово е веројатно најнесмасниот обид да се испровоцира војна во историјата на светот, најпровиден и лесно ќе се докаже дека е осмислен во копродукција на дуи и дпмне. Повременото нивно лажно меѓусебно „покажување заби“ не дотера до овде - никогаш не сме во полоши односи со тоа малцинство, не црнат по цел свет затоа што се такви какви што се и сите знаеме која им е идејата, а нивната политичка „елита“, заедно со нашава како браќа сложно функционираат во заедничкиот грабеж на општествово.
За шарањето на објектите со наводно македонски симболи, да направиме сума: покрај канцеларијата на хорхе, министерство за правда, зградата на Нова Македонија, министерство за култура, ујп, министерство за надворешни работи, зградата на мртв - останува само портата која има некакви рељефи и непропорционално издолжено македонско знаме со натпис Македонија врз него - за ваква намерна грешка, авторот на рељефот би лежел во затвор во нормална земја за исмејување со симболи. Само како пример, таканаречениот Воин на коњ, кој не собра муда паторот да го нарече Александар Македонски, ако стварно мисли на него или можда е некој негов егејски дедо, целата композиција е преполна со погрешно претставени ѕвезди со 5, 7, 13 краци, какви НЕ ПОСТОЈАТ - и тоа е едно големо исмевање на симболите за кои ти збориш, ама или не те интересира или не сакаш да те интересира. Заради ваквиот однос кон симболите, немањето консензус (меѓу нас Македонците) за нивно поставување и плаќање, загрозувањето на сите позиции во меѓународната политика, овие споменици со симболи кај илјадници Македонци не створија да имаат соодветен однос кон нив (тука се вбројувам и јас), не ги препознаваме како државни, туку како вмровски - портата јас лично мислам дека треба да и се удри багер и поставувачот на да ги обесштети дополнително граѓаните на Скопје за нанесениот срам и отежнувањето на функционирањето на градот во годините во кои егзистираше. Така да, види си кој повеќе ги омаловажува македонските симболи.
Тоа што (наводно) Заев и сдс ја киднапираат оваа (ако воопшто може да се нарече) револуција е за очекување, не знам што толку сте изненадени - политичарите се менуваат на основа на незадоволство од претходните, тоа кај нас е главен мотив за гласање. Не треба да е така, ама е, за жал - купови индиферентни луѓе што не гласаат (а со нивните гласови понатаму се манипулира). Не-елоквентноста на Заев, немањето харизма и идеја, суетите во сдс на полуспособните членови од врвот на партијата се видливи од Месечината. Од друга страна без бомбите, најголемиот грабеж во историјата на овој напатен народ беше сведен само на шушкање и оговарање. Не сте излегле да видите - протестите на почетокот (и сега се обидува) да ги води платформата Протестирам, која очигледно е дека ниту има ресурси, ниту пак некоја генерална идеја како да го извади народов на улица. Бомбардирани се секакви етикети, не знам си какви Канваси исл., а немаа најобични мегафони до завчера. Не е точно дека се исмевале со било кого освен со власта, туку напротив, секаде каде што треба се оддава достојна почит. Се постави цвеќе на споменикот на Никола Карев на денот на неговиот роденден. Завчера беше одбележан денот на победа над фашизмот на пример, кој оваа смрдена власт не го ни спомнува, а камо ли да го слави. Вистинска победа не се спомнува, а се слават измислени? 30000 и повеќе жртви не важат за дпмне, види Бога ти! Имаат некаков проблем со тоа што некој се борел против бугариштата фашистички и балистите? Можеш за тоа исмевање да ми кажеш нешто?
Кажи ми кој прв седна со тој кој носи 70 жртви на душа, веднаш кога се формираа како партија во 2002 година, кога уште униформите не им беа соблечени? А Гошинце и Диво Насеље треба да одговара и брклата која беше министерка во МВР, бидејќи ги испрати без пушки иу без информации кој се наоѓа таму, А Гошинце беше наместена работа бидејќи не е логично 4рица полицајци да чуваат неколку сандаци со пушки, може муниција а толкаво количество оружје не е пожелно, значи испаѓа дека некој го донесол со намера да биде украдено. Наоколу се збори дека префрлањето на УЧКите во Дива Населба со знаење на Мијалков ги извршиле одбрани припадници на агенцијата за обезбедување СГС, а највероватно сомнежи за тоа беа проширени со убиството на бившиот командант на УЧК во истата населба во август месец, а кој беше од Мијалков поставен за главен и одговорен во агенцијата СГС за Куманово.
А за шарањето на симболите, еве да го земеме пример споменикот на АСНОМ, зошто тој е ишаран? А во врска со тие сонца со 5, 7 и 13 краци тоа повеќе се некаков вид на хибридни орнаменти, со цел да се избегнат реакциите на Грците, дали е тоа глупост на ДПМНЕ или нешто друго, незнам. За издолженото непропорционално сонце, има разни примери, еве на пример погледни го амблемот на единицата за поддршка ПЕП на полицијата и тоа има издолжено сонце. Еве оди на страната BRANDS OF THE WORLDS за логоа и ќе видиш илјадници модификации кои се официјални логоа на разни компании . За Триумфалната капија и јас мислам дека е глупост, како и за галиите, жалните врби, сега панорамското тркало кое момемнтално се гради (ја би поставил експлозив и уште недоизградено би го срушил). Инаку имаше манифестација пред Владата со положување цвеќе каде од сите амбасадори дојде само рускиот, а имаше и манифестација мислам дека во ДОмот на АРМ се одржуваше.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.345
Никогаш не сум бил член на ниедна партија. Веројатно е тешко да ти се доближи, ама има луѓе што имаа живот пред паторот. Не е лошо место да броиш куќи со гласачи да бркнеш нешто женско, нема да дигаш вакви хистерии.

Инаку ГРОМот подржикоњски и покрај толку џавкање и чаталење не успеал да поднесе кандидатски листи самостојно, туку како дел од паторската коалиција за доуништување на оваа територија што порано се викаше Македонија. Сега и официјално ќе мора да дава blowjob по партиски говорници, а баш мислев дека не може подолу да се симне човек, ама па и не е некој човек овој.
Е тоа ти се политичари, секој гледа да извлече некој кар,
туку незнам зошто не направив партија и јас да се кандитирам, можеби ќе се довлечкав до фотељата да си го средам животот:icon_mrgr:[DOUBLEPOST=1463038823][/DOUBLEPOST]За да ви биде појасно какви глупости се тропаат по штабовите на СДСМ ќе ви кажам нешто што се случи пред година и пол отприлика.

Беше октомври месец (значи полани) и братучед ми ме викна да му помагам во печењето пиперки за ајвар (сега ќе речете каков идиот е овој, па прави ајвар) и така ги печеме и ми вика “знаеш за два месеци ние ќе дојдеме на власт“, хм му викам од кај тоа бе ако има избори они ќе бидат напролет и пак ќе изгубите, он ми вика “абе ќе видеш с'к до декември ние ќе дојдеме на власт“, пак му викам од кај тоа излезе дека баш до декември вие ќе дојдете на власт, он пак ми вика “абе ќе видеш готово ние ќе дојдеме на власт“ и така се контравме и не знаеше да објасни како за два месеци ќе дошле на власт толку му објасниле во штабот.

После во јануари кога Грујо објави за уценувањето на Зајко ми стана јасно што била работата за двата месеци, они на големе се спремале оти веќе биле сигурни дека Грујо ќе му рече ајде бидете вие на власт само не ги објавувај снимките.

И сега некој пак ќе ми рече добар е Зајко ги објавува снимките оти и мисли добро на Македонија, како да не го заболе за Македонија, само мислел да ги искористи снимките за да се докопа до премиерската фотеља.

Еве реторичко прашање, дали ако Грујо прифатеше да си замине од власт ќе ги слушневме снимките????????
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Кажи ми кој прв седна со тој кој носи 70 жртви на душа, веднаш кога се формираа како партија во 2002 година, кога уште униформите не им беа соблечени? .

Инаку имаше манифестација пред Владата со положување цвеќе каде од сите амбасадори дојде само рускиот, а имаше и манифестација мислам дека во ДОмот на АРМ се одржуваше.
Кој прв седна? А кој седна втор? Вакво резонирање дека ако еден седнал, вториот е сосема ок да седне и да дели држава, ама буквално со него јас не го разбирам. И да се договориме дека нема страна која не е огрешена по тоа прашање. Западните, европско-американски интервенции се и многу очигледни, а локалните албански политичари се многу примитивни и неизживеани. Во нормални земји екстремните групации имаат „блиски“ политички партии како Шин Фејн што беше на ИРА во Ирска и нормално е некој што убивал луѓе или наредувал напади и убиства да биде политички лидер - тоа на овој примитивен Балкан, за жал не бива. Немаат срам Талат Џафери како бивш член на тоа бандата да побараат да биде министер за одбрана и оп - Ники вика „нема проблем“.
Тука глеам деца пишуваат, а не ни слушнале дека кога гореше државава во 2001 година, „големиот патриот“ денес, (тогаш тазе прешалтан од партијата на Циле Лажгото Тупурковски), вечен фараон, премиер и пастир си купи блиндиран џип од тогашни 300 000 долари (не сум сигурен за бројкава, ама 6-то цифрена беше), пошо нели, терористи прво удараат на небитен министер за финансии. Кога армијата со камења фрлаше по терористите од што немаа ни оружје, ни бутур. По-сомнителен патриотизам од неговиот не постои, се' му е базирано на популизам, маркетинг и само-промоција.
За оддавање почит на борците од НОВ, не ми кажувај. Да се срамиш од победа, која си ја заслужил со жртви и со борба може да значи само дека или си внук на бугарски фашисти или балист, друго ништо. Немало ништо во Скопје, туку глупчоно Иванов беше лани на 9-ти мај во Москва, во време на најинтензивните борби во Диво Насеље и тоа само од побудата - тогашната глупава прича „дека ќе сме фаќале со Русија“ да проба да ја пикне од нигде никаде и ништо друго. Тоа теле е идеен творец на антиквизацијата, обидот за раскинување на нераскинливата врска со словенството, словенските народи од кои ние очигледно сме дел. Времето покажа дека ни Русија не ги ебе 2% и дека зад тие налудничави тогашни изјави на „новинарот“ Мирко и слични провладини чавки се јалови и знак на слабост и незнаење каде се тера откако си фатен во криминал.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Овие шарениве што протестираат, за која крајна цел работат? За промена на име? Федерализација?

Работите стануваат јасни, затоа рејтингот на дпмне расте.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Не навредувам, да бидеш форумски шут е благородна работа, ги засмејуваш другите членови, а како што знаеме смеењето е здраво.

Не може да ги повлече за Глобал, не може за стариот Верушевски, а мора за случаите поврзани со прислушкувањето. А ќе го натера секој со малку здрав разум. Друго, што не ти е јасно?
Добро... ако си простак, биди си, тоа не е навреда кога е реално.

Зошто да не може од порано случаи да повлече аболиција, ако може за сегашнава. Објасни законски, не декларативно. Многу си слаб во дискусииве. Велиш „не може“, ама како мало дете, без никакво објаснение зошто. Многу си слаб конкурент со мене, те „тепам“ во секоја тема. Ти само знаеш „не може“, „мора вака“.. ама дискусија никаква. Што да ти правам... толку ти е капацитетот. :pos:[DOUBLEPOST=1463041361][/DOUBLEPOST]
Никој не го прашува него, со таа малициозна одлука наштети на целиот народ, срам за век и векови ќе е.

Него, ти знаеш ли како иде постапката за да се донесе актот на аболиција, за да се дојде до финалната одлука како општ акт, знаеш дека има процедура која мора да биде следена?

Ти како уставен и легислативен поборник ја следеше процедурата, имаш некоја замерка така процедурално?
Дали е постапката на Иванов добра или лоша, тоа е друго прашање. Јас, лично, сум против секаква аболиција, за оние кои се виновни.

Ако Иванов има право да ја повлече сегашнава аболиција, тогаш ќе има право да повлекува и претходни аболиции на Бранко, Борис... што е логично.
Пак лично, не поддржувам повлекување под ултиматум. Тоа е рушење на институција, недемократија, насилство, во што се вклучуваат и странски држави. Срамота.
 
W

wicked_1

Гостин
Дали е постапката на Иванов добра или лоша, тоа е друго прашање. Јас, лично, сум против секаква аболиција, за оние кои се виновни.

Ако Иванов има право да ја повлече сегашнава аболиција, тогаш ќе има право да повлекува и претходни аболиции на Бранко, Борис... што е логично.
Пак лично, не поддржувам повлекување под ултиматум. Тоа е рушење на институција, недемократија, насилство, во што се вклучуваат и странски држави. Срамота.
Не ти е срам да ми вртиш?

Те прашав конкретно, дали ти знаеш како иде постапката за аболиција за да се донесе финалниов акт?
На што треба да подлежи, со кој орган треба да постои координација, до кој се поднесува предлогот?

Или така на слепо изиграваш поборник за уставност и законитост?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Овие шарениве што протестираат, за која крајна цел работат? За промена на име? Федерализација?

Работите стануваат јасни, затоа рејтингот на дпмне расте.
Тоа во паралелниот универзум институт Павел Шатев, читај дпмне.
Абе постовиве ти се - боли глава - толку ли не сфаќаш дека овде не се обраќаш на публика што не гледа турски серии и вести на шител?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Не ти е срам да ми вртиш?

Те прашав конкретно, дали ти знаеш како иде постапката за аболиција за да се донесе финалниов акт?
На што треба да подлежи, со кој орган треба да постои координација, кој поднесува предлог?
Или така на слепо изиграваш поборник за уставност и законитост?
Не знам. Јас не сум оној кој ја турка таа работа. Има овде продолжени раце на партиите кои кажуваат дека „ќе ја повлече“, па нив прашај ги како.
 
W

wicked_1

Гостин
Не знам. Јас не сум оној кој ја турка таа работа. Има овде продолжени раце на партиите кои кажуваат дека „ќе ја повлече“, па нив прашај ги како.
Ако не знаеш не влегувај во дебати, прво прочитај нешто. Лицемерни поборници има еден тон.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Затворот не му гине на Грујо.

Поништување на аболицијата, одлагање на изборите и прогласување на Уставниот суд за ненадлежен за работата на специјалното јавно обвинителство, се трите услови кои, според неофицијалните информации, ги испорачува меѓународната заедница во преговорите.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Час по весела математика и тоа по вмровски декаден систем.

На последните парламентарни избори од 2014 година, за ДПМНЕ гласале 481.615 гласачи.
Според ДИК во моментов Македонија има 1.958.844 полнолетни државјани.

Заклучок 1: 24,5% го тероризираат остатокот од 75,5% од населението во Македонија.

Заклучок 2: Само 1/4 спаѓаат во категоријата наречена „народот“.

Заклучок 3: Ние останатите сме тешки кретени што дозволиме да стасаме до тука.
Извор - статус на фејсбук.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ако не знаеш не влегувај во дебати, прво прочитај нешто. Лицемерни поборници има еден тон.
Јас читам, за разлика од вас партиските активисти на форумов. Еве, паметен си.. кажи ми, ако може Иванов да ја повлече оваа аболиција, дали може и претходни да повлече, ако не може, зошто не би можело. Знам дека не можеш да дадеш одговор, ама ај.. да те проверам. ;)
Јас вака мислам:
1. Не може
2. Ако може, може и за претходни.

Мислам дека е фер(ски).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom