Прв пат да ми падне драго што сме различни од Европа: никаде на континентот општественото шаренило
од етнички, верски, културни, социјални, генерациски различности не се излева на улиците во битка за слобода;
тие демонстрираат против мигрантите, против муслиманите мигранти или во протестите градат нагласена социјална димензија,
но ваква реафирмација на
големите теми на цивилизацијата како во Македонија, одамна немало меѓу Нормандија и Урал!
Тоа што се случува во Македонија
не е без снажни европски влијанија, не само на симболичко ниво, туку и на реално, политичко рамниште.
Се поклонувам пред напорите на Фуере и Ванхауте. Европа и САД се обидуваа да го спречат излевањето на реката на незадоволството
во Македонија и во тоа настојување, независно од благородноста на мотивите, направија бројни грешки, со некои постапки дури и се компромитираа,
но верувам дека сега се љубопитни да видат што ќе се роди на наводнетите површини и како
тие да учествуваат во мелиорацијата на политичкиот простор.
Не сум сигурен кои нови форми се можни:
во прв момент,
веројатно некоја техничка влада, но не влада која ќе го прочистува избирачкиот список
и ќе се занимава со технички аспекти, туку
влада која ќе обезбеди услови за
комплетно рекомпонирање на Македонија,
со уставотворно собрание, нови политички субјекти, нови таканаречени политички елити,
која ќе обезбеди правни и медиумски услови за гонење на злото што ја разори Македонија, не како партиски реваншизам туку,
токму како и шарената револуција, ориентирајќи се единствено од принципите на "правдата", "правичноста" и "слободата!"
http://okno.mk/node/55763
Многу чудна е оваа мала група на ... граѓани на светот(влкучително со некои на форумов)
НЗС-то на нивните аргументи звучи нешто слично на ова:
Аааааа говеда! Како не ви е срам бе за еден сендвич да се продавате,
наместо ко нас, да цицате суџуци на Европски и американски бирократи!
ФФФФФашисти!!!
Оваа група можеме да ја сретнеме насекаде низ Македонската историја,
тие се оние кои ги предавале Комитите на Турците и им се умилкувале на истите,
оние кои соработувале со Нацистите и им се умилкувале на истите.
оние кои соработуваа со УЧКите и им се умилкуваа на истите,
тие се истите кои денеска им се умилкуваат на ЕУ и НАТО.
Ете, тоа е заклучокот од целава дискусија на форумов, како и колумните по "независните медиуми".