За Партизанска и загинатата Фросина се води судски процес. За Мартин се осуди убиецот. Што треба повеќе од тоа? Не знам за што беа протестите за Мартин. Да не има нарачател на убиството, па се извлече? Несреќен и непромислен потег на еден полицаец.. за што лежи затвор. Зошто не сме реални?
Еве јас ќе ти кажам зошто имаше:
1. На ден на прославата на ВМРО ДПМНЕ, полицаец до смрт претема младо момче!
2. Народот беше изреволтиран што ниеден медиум не го пренесе случајот.
- Во МВР немаше ни пријавен таков случај. Целата Влада проба да го скрие случајот!
- Се праќаа контра демонстранти (нив душата кај ќе им оди не знам).
- Закани до протестантите кои бараа одговорност. Етикетирање како комуњари и соросоиди. Имав 17-18 години кога за првпат излегов на ТВ Сонце како Соросоид што тргнал да го руши Груевски!
- Сите знаеле за убиството. Од министрите до Груевски и уредниците на мегафоните! Сите пробаа да го скријат.
- После долго време протестирање, СЕКОЈ ДЕН, под притисоци Спасов се најде зад решетки!
п.с. Казната на Спасов е намалена.
Ете драг мој, затоа се протестираше. За правда се протестираше.