Мислам дека треба да се направи компромис од барањата на родителот и желбите на детето.
Мене првенствено ми беше да има некаква физичка активност и да има тренинг во спортската сала која му е во склоп на училиштето ( поради немање обврски за носење-земање ). Така, малиот изрази желба и тренираше кошарка неколу години, додека не му здосади, потоа посака фудбал, и тоа траеше неколку години па му здосади. Една година во меѓувреме играше и шах, ама и покрај добрите резултати што ги имаше ( играше и на државно првенство), се откажа а јас не сакав да го форсирам да тренира нешто што не му е по ќеиф. Одеше исто едно зимо на пливање во Олимписки и прекина. Сега тренира боречки вештини и гледам дека засега е задоволен.
Мислам дека е многу погрешно кога родителите го форсираат детето во некој спорт. Многу често сум бил во ситуација да разговарам со родители ( додека чекаме заедно на тренинг или утакмица ) како го гледаат детето како иден професионалец, со кариера во странство, многу пари....