Будистите се втора најголема религиска заедница во Јапонија после шинтоистите кои се мнозинство, а во Јужна Кореја будистите се најголема религиска заедница со помалку од 25% од целокупното население во Јужна Кореја кои себеси се декларираат како религиозни будисти, додека протестантите кои изнесуваат над 18% и римокатолиците кои изнесуваат речиси 11% од целокупното население, заедно се претставници на најголемата религија во Јужна Кореја - христијанството - со 29% од целокупното население кои себеси се декларираат како религиозни протестанти или религиозни римокатолици.
Но и покрај ваквите статистики, сепак 46% од целокупното население на Јужна Кореја не се декларираат себеси како религиозни.
Како и да е, нема потреба да реплицираш, јас побарав од тебе 5 (ПЕТ) примера за држави во кои будистите се мнозинство, а наводно се поблагословени наспроти православните христијани, ти ми наведе само 3 држави од кои само за една држава ми даде нецелосни статистики, и тоа за државата во која будистите се малцинство, а не мнозинство.
Знам дека по природа си трол и воопшто не ни сакав да започнам дискусија со тебе, но познавајќи колкав анти-религист си по тролачко хоби и тролачка забава, не - не атеист или агностик, туку анти-религист, особено анти-христијанист, а изгледа и специјализиран анти-православен христијанист - мислев дека како за промена си направил некакво истражување за да ги поткрепиш твоите ставови, но ти немаш никакви факти со кои ги поткрепуваш твоите ставови.
Ти благодарам бидејќи не ми даде одговор, имаш мое ветување дека нема да добиеш мој одговор на оваа тема, без разлика колку ќе потрае оваа твоја најнова тролачка сесија.