Портокалова револуција, дестабилизација и распад на Македонија

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Леле значи вие навистина верувате во тоа дека сдсм и сорос се предводници на оваа борба :pos:
Денес на курир гледам ликови кои ги знам како својата дланка како се означени како членови на сдсм:vozbud:

На протест доаѓаат секакви луѓе, од уличари до професори, од активисти до провокатори. Со оглед на тоа колку е банална грешката нема да ме чуди провокатор да го напишал ,,никад више вмро".
Чудно е како душегрежниците веднаш како по наредба се фрлија во одбрана на ,,културното наследство" кое ќе треба да се обнови со народни пари. Истите тие душегрижници останаа слепи неразумното трошење на народни пари.

Ќе се смени дпмне ќе дојде сдс и вие ќе смените бои, а ние соросоидите и комуњарите пак ќе останеме во опозиција, бранејќи ги вистинските вредности.
Добро пошто ја ти пишав веројатно на мене ми одговараш. Да, СДСМ и Сорос и по некоја квазилиберална будала се предводници на протестот. Извини, не сум видел од тебе изјава, не сум те видел во прв ред да фрлша и кршиш. Ако грешам поправи ме. Кажи и што е неточно во тие крукчиња и квадратчиња? Кои се тие луѓе? Дали не се тие? Ако не правиш разлика меѓу први редови и протест во целина во ред. кога имаш маса на луѓе тие треба водство и после како сакаш ќе си ја контролираш толпата (речиси како сакаш).
А тоа што се чудиш дека некој се грижи да не дојде до поголем судир мене ми е чудно.
За СДС пријателе ниту сум гласал ниту пак ќе гласам никогаш во животов. А ти биди секогаш во опозиција одработувај за да се мењаат властите и жали се после кого си донел на власт.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.939
Поени од реакции
15.008
@Brutus мене ме имаат заокружено ако толку те интересира. Ниту сум влегол во штаб на сдсм ниту сум помислил да се зачленам во таа партија.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.001
Поени од реакции
12.473
Само ти ме чудиш, неколку пати си поедуциран од резидентниве тролови што постирале досега после уводниот пост.
Затоа тебе лично те прашувам - ајде обиди се да ми демантираш нешто од напишаното... Во интерес на дискусијата, нели. :)
Одговорот е многу едноставен - нема никаква револуција, туку едноставно менување на едни криминалци со други криминалци на власта.

Во пракса само си ги менуваат фотељите, а се останато останува исто.

За мене лично, тоа на никаков начин не може да се нарече револуција.

Па барем да беше вистински државен удар, па да завршеа едниве криминалци зад решетки додека другиве криминалци доаѓаат на власт, па ќе можевме до некаде и да го наречеме револуција, но познавајќи ги македонските правни органи, тоа е фантазија од светот на бајките.

Еве баш денес го привеле Зоран Божиновски во Србија и се подготвува негова екстрадиција од Србија во Македонија, додека Драган Даравелски кој исто така живее во Србија со години, од поодамна е осуден и беше приведен пред точно 4 недели со цел да биде екстрадиран во Македонија, но за разлика од Божиновски, за кого Македонија бара да биде екстрадиран, Даравелски повторно излезе на слобода, бидејќи македонската држава не побарала негова екстрадиција, иако го бара со меѓународна потерница.

Па и да се случи промена на власта, дали новата влада ќе бара екстрадиција на Даравелски, или на Владо Димов, или на Владислав Тамбурковски, или на безброј други осудени криминалци кои денес се на слобода низ светот ?

Јас лично не верувам дека имаат таква желба, ниту од власта, ниту од опозицијата.

Земајќи ги во предвид овие факти, менувањето на едни криминалци на власт со други криминалци, додека состојбата во македонското општество и во животот на обичниот македонски смртник или останува статус кво или оди кон полошо, но дефинитивно не оди кон подобро, за мене лично не може да се поистоветува со изразот револуција.
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
@Brutus мене ме имаат заокружено ако толку те интересира. Ниту сум влегол во штаб на сдсм ниту сум помислил да се зачленам во таа партија.
Ако им избегало крукчето. Горан Тозија советникот на БЦ со балончиња со боја во рака не ми се верува дека си ти.
Друга работа, ако си идеалист не би требало да го имаш Асад на аватарот. Асад е обвинет за тешки криминали и корупција. Ама во овој случај претпоставувам му прогледуваш низ прсти пошто се спротистави на Америка?:)
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.939
Поени од реакции
15.008
Ако им избегало крукчето. Горан Тозија советникот на БЦ со балончиња со боја во рака не ми се верува дека си ти.
Друга работа, ако си идеалист не би требало да го имаш Асад на аватарот. Асад е обвинет за тешки криминали и корупција. Ама во овој случај претпоставувам му прогледуваш низ прсти пошто се спротистави на Америка?:)
Ако на протестот присуствувале заев, стојанче, тозија и остали, не значи дека се предводници на истиот. Се разбира дека они имаат интерес и дури и се радуваат кога некој ќе ги слика дека биле на протестот за да соберат политички поени. Во моментов политичариве немаат никаков авторитет на протестите. Можеби во иднина тоа ќе се смени не можам уште од сега да предвидувам за следните недели кога не знаеме утре дали ќе се разбудиме на слобода или во келија.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ако на протестот присуствувале заев, стојанче, тозија и остали, не значи дека се предводници на истиот. Се разбира дека они имаат интерес и дури и се радуваат кога некој ќе ги слика дека биле на протестот за да соберат политички поени. Во моментов политичариве немаат никаков авторитет на протестите. Можеби во иднина тоа ќе се смени не можам уште од сега да предвидувам за следните недели кога не знаеме утре дали ќе се разбудиме на слобода или во келија.
Зошто би завршил во ќелија ако не правиш ништо? А јас зборам за тоа кој оди напред кој се слика кој се гура кој фрла кој прави глупости. Сепак малку е чудно што некој оди на протест против криминал против системот корумпиран рамо до рамо со овие лица. Протести без водач или водство и без јасни барања без канализирање на барањата не може да донесат ништо освен агресија или да се растурат сами од себе или да бидат киднапирани што е најверојатен исход. Ајде еве ќе видиме, ќе правиме муабет иако се сомневам дека може да ескалира ситуацијата во смисла на агресија.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.933
Поени од реакции
34.269
Одговорот е многу едноставен - нема никаква револуција, туку едноставно менување на едни криминалци со други криминалци на власта.
Во пракса само си ги менуваат фотељите, а се останато останува исто.

За мене лично, тоа на никаков начин не може да се нарече револуција.
... менувањето на едни криминалци на власт со други криминалци, додека состојбата во македонското општество и во животот на обичниот македонски смртник останува статус кво, или оди кон полошо, за мене лично не може да се поистоветува со изразот револуција.
Технички си во право. Но во пракса за иста работа зборуваме. Затоа што кога ќе се каже „обоена револуција“, тоа е пародија на поимот револуција - а всушност означува токму тоа што го опиша ти самиот: Менување на едни криминалци со други криминалци (на власт).

Значи дискусијата за поимот револуција расчистена и на страна, останува фактот дека ова Е „обоена револуција“ - или поточно менување на сегашните криминалци со други криминалци, кои попослушно ќе играат на музиката која ја свират ’мурика и ЕУ.

Се разбира, ова не значи дека ги бранам клептокративе кои се на власт. Само објаснувам зошто не сакам да бидам корисен идиот за клептократите кои имаат амбиција да ги сменат сегашните клептократи на власт (и после којзнае што да плаќаат на тие што ги донеле на власт).
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.028
Поени од реакции
7.130
Шарената револуција не е финасирана од Сорос, исто како што автобусите на ГДОМ не се финансирани од Груевистите.Ај престанете да се лажeте пред се самите себе.
А што има бес, има и тоа голем.Грујо владее со тиранија, пола народ е преплавен со казни за банални работи, со високи суми.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.933
Поени од реакции
34.269
Шарената револуција не е финасирана од Сорос, исто како што автобусите на ГДОМ не се финансирани од Груевистите.Ај престанете да се лажeте пред се самите себе.
А што има бес, има и тоа голем.Грујо владее со тиранија, пола народ е преплавен со казни за банални работи, со високи суми.
Па како настанаа сите обоените револуции?
Во сите тие држави народот беше оправдано накурчен на корумпираната власт, но потоа тие народни протести се киднапираа од платеници кои ги ескалираа демонстрациите и со крвопролевање насилно ја менуваа власта, после што ’муриканците си ставаа своја марионетска власт која ќе биде послушна до муда.



ААсад е обвинет за тешки криминали и корупција. Ама во овој случај претпоставувам му прогледуваш низ прсти пошто се спротистави на Америка?:)
Заради избегнување офтопик, одговорено ти е овде:
http://forum.kajgana.com/threads/Конфликтот-во-Сирија.54614/page-240#post-7687597
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.939
Поени од реакции
15.008
Зошто би завршил во ќелија ако не правиш ништо? А јас зборам за тоа кој оди напред кој се слика кој се гура кој фрла кој прави глупости. Сепак малку е чудно што некој оди на протест против криминал против системот корумпиран рамо до рамо со овие лица. Протести без водач или водство и без јасни барања без канализирање на барањата не може да донесат ништо освен агресија или да се растурат сами од себе или да бидат киднапирани што е најверојатен исход. Ајде еве ќе видиме, ќе правиме муабет иако се сомневам дека може да ескалира ситуацијата во смисла на агресија.
Повеќето од уапсените на 13 април немаат фрлено камен во вардар, а не па кон полиција.
Барањето се јасни:

1. Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО);
2. Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;
3. Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;
4. Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;
5. Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;
6. Процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија;
7. Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.001
Поени од реакции
12.473
Технички си во право. Но во пракса за иста работа зборуваме. Затоа што кога ќе се каже „обоена револуција“, тоа е пародија на поимот револуција - а всушност означува токму тоа што го опиша ти самиот: Менување на едни криминалци со други криминалци (на власт).

Значи дискусијата за поимот револуција расчистена и на страна, останува фактот дека ова Е „обоена револуција“ - или поточно менување на сегашните криминалци со други криминалци, кои попослушно ќе играат на музиката која ја свират ’мурика и ЕУ.

Се разбира, ова не значи дека ги бранам клептокративе кои се на власт. Само објаснувам зошто не сакам да бидам корисен идиот за клептократите кои имаат амбиција да ги сменат сегашните клептократи на власт (и после којзнае што да плаќаат на тие што ги донеле на власт).
Е добро де, еве за мир во куќа, ќе ја наречеме криминална револуција, или злосторничка револуција, слична на злосторничката револуција од 2001 година, за која знаеме на кои луѓе беше и сеуште им е од корист, а кои луѓе немаа(т) никаква корист од истата таа злосторничка револуција од 2001 година. Еве малку помош за неписмените и неупатените - Македонците не спаѓаат во таа првата категорија на луѓе кои имаа(т) било каква корист од злосторничката револуција од 2001 година.

Така ќе се знае кој ќе има вистинска корист од ваквата таканаречена револуција, а кој не.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Повеќето од уапсените на 13 април немаат фрлено камен во вардар, а не па кон полиција.
Барањето се јасни:

1. Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО);
2. Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;
3. Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;
4. Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;
5. Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;
6. Процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија;
7. Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.
Одлично. Мислам дека имате поголеми шанси да успеете бидејќи за среќа имате исти барања како опозицијата.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Не можев да најдам тема точно за дестабилизацијата на Македонија, има разни општи теми којшто делумно совпаѓаат: CJO, насилства во Македонија...но точна тема која се занимава само со македонската портокалова револуција нема, затоа ја отварам.
Основен постулат во секоја демократија е дека управува мнозинството. другите којшто може да се и 49% ја прифаќаат и почитуваат вољата на народот да даде над 50% на останатите партии, ја чекаат законската дата на следните избори и се подготвуваат за нив.
Доколку ситуацијата во Македонија е изолиран случај и немаше Пуч во Либија, Египет, Сирија, Јемен, Украина , ќе мислев дека се ова може да е во ред, спонтано и случајно.
Но после повторување на тоа исто сценарио десетина пати последните 10 години, нема како да не ги препознаеш, особено ако се тоа го прават во твојата држава.
Знаеме што следува после тие портокалови револуции, доколку успеат.
Одма после изборите, којшто си беа нормални, СДСМ плаче како разлигавено дете, бега од парламентот и одма почна да бара нови избори.
Ако ЕУ и САД беа вистински демократии и ни мислеа добро ќе им кажеа на СДСМ да ја прифати загубата и игра чесно, тие зборови ги кажувале многу пати и во многу земји низ светот но под услов, управувачкото мнозинство да е под нивна контрола, тогаш опозиционерите се недемократи, ултрадесни...
Нека се вратиме на Украина, Јанукович им беше љубимец на ЕУ и САД, беше легитимен претседател се додека не го прочита договорот за асоцирање со ЕУ , всушност договорот означуваше да ја ликвидира целата индустрија, го откажа договорот и одма стана диктатор.
Го читам текстов "АЈМО ЗВИЖДАЉКЕ"
http://kurir.mk/makedonija/vesti/ajmo-zvizhdalke-srpski-aktivisti-na-chelo-na-protestite-vo-skopje-foto/
Таа српска група за Пучови ОПЛОТ е обучена во САД во 90 години, првпат прави успешен пуч Белград, по неофицијални податоци Милошевиќ победи на изборите, но ја потцени силата и методите не само на ОПЛОТ, тоа се доста структури којшто активно се подготвувале, за еден ден го заземаа парламентот и изборната комисија, се објавија за победници, добија честитки од САД и ЕУ.
Таа иста група како доста добра во работата ја користат за пучот во Киев и Софија во 2014 година, зашто тие не е важно, немаат подобри локални соросоиди којшто се најасно како се прави пуч, мислам дека таа рецепта за пучови не ја раздаваат на сите НВО-та, затоа и сеуште е горе долу тајна, тоа е огромна машинерија, прв е меѓународниот притисок на власта, со закани, уцени, реформи, СЈО, да создаде услови за Пуч, другото е да најде екстремисти, ИСИС, комунисти, фашисти кој ќе го направат пучот и ќе дојдат на власт, тоа е од старата школа и го практикуваат во држави од затворен тип(арапската пролет), при делумно завладеани држави користат марионетна опозиција (Белград, Киев, Софија, Скопје).
Темата е долга ќе сопрам до тука, ако има дебата ќе се вклучувам
Исто така видовме како во Украина после портокаловата револуција завледеа демократијата и Украина стана една богата и прекрасна држава.Слушам сега народот таму живеел во изобилие,а политичарите шо се сега на власт во Украина биле многу чесни и поштени,тоест многу ги болел стапот за Украинскиот народ!
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.300
Поени од реакции
1.808
Ако на протестот присуствувале заев, стојанче, тозија и остали, не значи дека се предводници на истиот. Се разбира дека они имаат интерес и дури и се радуваат кога некој ќе ги слика дека биле на протестот за да соберат политички поени. Во моментов политичариве немаат никаков авторитет на протестите. Можеби во иднина тоа ќе се смени не можам уште од сега да предвидувам за следните недели кога не знаеме утре дали ќе се разбудиме на слобода или во келија.
И јас сум за Вардар, но неми е јасно што сакаш, ќе има избори, може да си направиш и твоја партија или да избереш една помалку лоша од сите останати и да гласаш за неа, може да правиш пропаганда за твојата партија дома, кај роднини и пријатели, во тимот .
Ќе направам и една споредба со навивачите на Динамо Киев и Динамо Харков, беа едни од првите учесници на мајданот, во првиот момент немаш паравоени и други структури, овие од Сорос се повеќе двополови, хемафродити и слично, не се за тепање, мислам и дека затоа и се толерира тоа футбално хулиганство, млади дечки, сакат да се покажат, редовно ги тренират да се тепаат со други навивачи и полицијата, повремено се во притвор не се плашат од затвор. Ова е лично моја претпоставка, дека одредени центри на моќ влијаат на тие групи и ги користат како детонатор. Има врбување и таму, по принцип фудбалните групи се хиерархијска структура многу слична со паравојната, ако ги заврбуваш главните 4-5 члена, после може многу лесно ја насочиш таа група, Јанукович е лош, Заев е добар. Памтам тие 'дечиња' убиваа полицајци, на крајот кога превземаа власт запалија живи луѓе во Одеса.
Мислата ми е дали некој не ги искористи, сега кога гледаат што направија со државата, ако се вратат назад во времето со сегашната памет, дали би учествувале во мајданот.
А ако некој насилно сака да дојде на власт со молотови и пали живи полицајци, не е номално ' утре да се разбуди во келија' а треба дирекно да се копа на гробишта.
Мислам дека после сето тоа што стана во светот, секој македонец треба да ја брани слободата, ако треба и со крв, без значење дали противникот е Сорос или навивач вардар застанал на другата страна.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom