Среде операција докторите си прават селфи(?!?)

  • Креатор на темата Триптико
  • Време на започнување
Т

Триптико

Гостин
НОВ СКАНДАЛ ВО ГЕВГЕЛИСКАТА БОЛНИЦА - СЕ СЛИКАЛЕ ВО ТЕК НА ОПЕРАЦИЈА

Медицински тим направил селфи покрај отворен стомак на пациент кој бил под анестезија, а фотографијата е ставена на социјалните мрежи. Против нив ќе бидат преземени дисциплински мерки

Нов скандал во гевгелиската општа болница. Медицински тим во операциона сала направил селфи во тек на операција и се сликал покрај отворен стомак на пациент кој под анестезија бил на хируршки стол. Фотографијата потоа била поставена на една социјална мрежа на профилот на една од докторките, каде што луѓето ја поздравуваат нејзината работа. Притоа никој не реагира на тоа колку е неетички да се прават фотографии со пациенти, особено среде работа и тоа во операциона сала. Од болницата во Гевгелија најавуваат дисциплински мерки против тим кој учествувал на „фотосесијата“.

Директорот на болницата, д-р Сретко Јованов, го осуди ваквото однесување на своите колеги и најави дека ќе преземе соодветни санкции против сите согласно со Законот за здравствена заштита и хоспитална култура.

„Докторката на чиј профил е постирана сликата не е наша вработена, туку е гостинка од КАРИЛ од Скопје, која во нашата болница доаѓа на испомош. За другите вработени ќе се преземаат соодветни мерки и казни, но се уште не е дефинирано какви ќе бидат санкциите“, ни изјави денеска д-р Јованов кој беше затечен од ваквата ситуација.

Тој не знае кој бил во улога на фотографот, но како што рече, во секој случај ќе бидат казнети сите кои се на фотографијата. За него не е спорно што колегите се сликале, бидејќи сите операции и без тоа се снимаат со камерите кои се во надлежност на Министерството за здравство. Сепак, кратко по изјавата на директорот, од гевгелиската болница ни беше испратено соопштение во кое се вели дека согласно со Законот за здравствена заштита (член 186, став 1, точка 1), станува збор за дисциплински престап за кој се поведува соодветна дисциплинска постапка.

„За целиот случај ќе биде изготвен и соодветен извештај кој веднаш ќе биде доставен до клиниката во Скопје каде што е вработена една од докторките од случајот“, се вели во соопштението.

Дали докторката на чиј профил е ставена фотографијата ќе биде казнета, не добивме објаснување од директорката на КАРИЛ, д-р Татјана Спироска каде што докторката е редовно вработена.

Од Министерството за здравство засега не размислуваат да преземат некои чекори против раководството на болницата во Гевгелија, иако овој скандал доаѓа само половина година по смртта на родилката од Дојран. Општата болница Гевгелија се оградува од индивидуалните постапки на поединци кои го нарушуваат угледот на установата.

Сличен скандал имаше пред повеќе од пет години, кога на Хируршки клиники во Скопје, и тоа во Ургентниот центар, две докторки позираа за фотографирање додека во заднината лежи пациент во бессознание. Докторките се правдаа дека не знаеле кој ги фотографирал, но подоцна една од нив доби отказ. (Ј.Ј.В.)

Утрински весник

И после плачат кога некој роднина на пациент ќе удри доктор :tapp:
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.230
Поени од реакции
7.039
Фотографијата е дно, нема спор, меѓутоа од оваа фотка воопшто не се гледа лицето и никој не може од фотографијава да го утврди идентитетот на пациентот. Малку пренапумпана работава.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
За лајкови свашта ќе објават на фб. Јас да сум сега нив ќе ги отворам како конзерви.

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
Т

Триптико

Гостин
Фотографијата е дно, нема спор, меѓутоа од оваа фотка воопшто не се гледа лицето и никој не може од фотографијава да го утврди идентитетот на пациентот. Малку пренапумпана работава.
А треба да се гледа лицето на пациентот? :facepalm: На операција само со мантил би ги пуштил. И тоа без џебови!
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
381
Поени од реакции
653
Дебили....
Постои повреда на правото на приватност предвидено во Законот за заштита на правата на пациентите.
Не постои согласност од пациентот.
Таман работа да ако не може да се утврди идентитетот на пациентот, да преминеме преку ова неетичко дејствие.
Пациентот ќе се препознае и ќе се чувствува загрозено во поглед на својата приватност, идентитет, достоинство.
Од друга страна присутните во операционата сала имаат обврска да го зачуваат животот и здравјето на пациентот, на начин што целото внимание ќе биде насочено кон него, не да позираат и се сликаат додека тој крвари.
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Фотографијата е дно, нема спор, меѓутоа од оваа фотка воопшто не се гледа лицето и никој не може од фотографијава да го утврди идентитетот на пациентот. Малку пренапумпана работава.
Во Словенија не ми дозволија да снимам операција на коњ, материјал за кој нагласив дека ќе биде строго искористен како пример за предавања и вежби. Зборуваме за животно.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Се додека некој прави успешни операции може и да му го пуши некоја додека некој оперира и да не е битно тоа.
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
381
Поени од реакции
653
Колку проблематична логика и пример. Ако некој праи успешни операции, не значи дека сите операции што ќе ги направи ќе бидат успешни. Тука влегуваат во игра многу фактори, меѓу кои и вниманието.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.230
Поени од реакции
7.039
А треба да се гледа лицето на пациентот? :facepalm: На операција само со мантил би ги пуштил. И тоа без џебови!
Читај убаво пред да реплицираш.
Во Словенија не ми дозволија да снимам операција на коњ, материјал за кој нагласив дека ќе биде строго искористен како пример за предавања и вежби. Зборуваме за животно.
Остај ти таа зоофилска држава.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Највеќе ретарди сега за сега во Гевгелија. Не е етички да се глупираш онака на сред операција, на запад лиценцата лета. Од 100 души во операциона еден кадарен не се нашол да рече чекајте, што правиме. Партиски упикан кадар.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Дали се гледал или не гледал пациентот според мене не е битно. Мислам му додава само дополнителна тежина на случајот.
Поголем проблем е неозбилноста на персоналот.
Операциона сала е пример за работно место каде се треба да е строго дефинирано и да нема отстапувања.

Се надевам дека сите членови на екипата ќе си добијат соодветни суспензии.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Колку проблематична логика и пример. Ако некој праи успешни операции, не значи дека сите операции што ќе ги направи ќе бидат успешни. Тука влегуваат во игра многу фактори, меѓу кои и вниманието.
Jaс имам едно другарче скисна по операциони сали, од инструментар до анестетичар......кои приказни ги имам чуено памет да ти штукне. Еве нека се јави некој доктор овде и да демантира. Треба да ви биде јасно, секој ден се со саати таму и нормално е се тоа. Затоа вредноста се мери со успешни операции, се друго е небитно.
Еве ти на пример во една замислена ситуација, треба да правиш операција на срце. Ќе го одбереш некој(во квалитет) како Жан Митрев што си прави сефи на операција или некој ноу-нејм што работи гледано од страна се под конец а има 70% смртност на операции?
 
Т

Триптико

Гостин
Фотографијата е дно, нема спор, меѓутоа од оваа фотка воопшто не се гледа лицето и никој не може од фотографијава да го утврди идентитетот на пациентот. Малку пренапумпана работава.
Читај што пишуваш!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom