Плачење?
Јас само не сакам недоквакани тролови со недоквакани еднореченични постови да ми ја тролаат темата. Тема која сметам дека е важна, затоа и јас отворив. Затоа посочувам тролање, и намерно дигресирање во офтопик од таквите кои со умисла ги саботираат сите прогресивни дискусии низ форумов.
Имаш спротиставено мислење?
Одлично. Образложи го, или ќе го побијам со факти и аргументи, или ќе имам прилика да научам нешто ново. Но тој што се просерава со дузина еднореченични постови, или упорни офтопик дигресии - треба да бидеш спречен во тоа.
Постовите твои ја одредуваат ориентацијата, не тоа што го рекламираш.
Токму така, со таа разлика што твојата ограниченост да ги разбереш работите што ги кажувам, ти ги ограничува и способностите да ја согледаш „мојата ориентација“.
Разни декларации и етикети од таквите како тебе, тие не ме тангираат многу. Најпосле, на форумов сум бил нарекуван се и сешто, фашист, националист, итн... Мене не ме интересираат етикетите кои се о обидуваат да ги лепат разни недоквакани ликови. Мене ме интересира да ја испратам
мојата порака до сите што се заинтересирани за добростојбата на оваа држава и овој народ.
Чудно е како сите штабски пацови имаат потреба да нагласуваат дека се неутрални. Брутус, Иреал, ти, битушанец...
Игнорамус Дондарион, ајде да продожиме со твојата едукација - ете ти таму во твојот пост подвлечен пример за
ад хоминем. Научи нешто, наместо за ад хоминем да го обвинуваш секое несогласување со твоето мислење.
Твојот проблем е краткогледоста, глупавоста, а најмногу - неукоста. Освен тоа, (ова веќе сум ти го кажал) ти имаш проблем и со видот: ти гледаш во црно и бело. Алас, со читање исклучиво епска фанастика нема многу да напреднеш - иако и во светот на Мартин си можел да видиш многу нијанси на сиво, и скоро ИЧ црно и бело. Но можеби си прескокнувал право на деловите каде има борби со мачови?
Твојата склоност да гледаш само црно и бело, прави да сите што се против твојата политичка опција, да ги ставаш во истиот кош со клептократите кои моментално се на власт. ЦРНО - БЕЛО. Ако не е „бело“, тогаш мора да е „црно“.
За таквите политички игнорамуси како тебе, постои многу соодветна кованица:
КОРИСНИ ИДИОТИ.
Таквите како тебе се идеални гласачи, влажниот сон на политичарите. Табула раса, тесто за месење без сопствена критичка свест. После некое хипотетично менување на власта, и после пар години кога ќе стане јасно дека „алтернативата“ е уште полоша - нема да имаш ни кадарност да си признаеш себеси дека самиот си придонел да едните клептократи ги замениш со други такви. После пак некои други клептократи ќе те „месат“ и обликуваат така за тие да дојдат на власт.
Со вакви сонародници, на кој му требаат непријатели??