Законот на Телема

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
...како ти гарантираш дека нема да биде тоа вашето узалуд?
Ти кога медитираш, даваш гаранции на другите дека ќе успееш?! Ај да го кажеше ова МИКИ1 ќе разберев.......
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Ти кога медитираш, даваш гаранции на другите дека ќе успееш?! Ај да го кажеше ова МИКИ1 ќе разберев.......
Држи вода ако го гледаш од тој аспект. Може требаше другачие да прашам, во смисла дали некој успеал нешто да постигне со тоа и што постигнување е тоа.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Држи вода ако го гледаш од тој аспект. Може требаше другачие да прашам, во смисла дали некој успеал нешто да постигне со тоа и што постигнување е тоа.
Па ти кажав, ритуалите се магика, магиката и јогата се надополнуваат. Ако "резултатот" од јогата го ословиме како потенцијал, тогаш магиката е експанзија на тој потенцијал. Јогата е насочена кон навнатре, магиката кон надвор.
Нормално, ритуалите си имаат и симболично значење, и многу често симболиката и магиката се испреплетени.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Само прашав за поздравите на Сонцето! Јас кога бев поканет на Миса бев поканет во четири очи, а не на форум, не отидов чисто да не налетам на некој како тебе. @Хептаграм XI :)

За Телема е убаво да се учи, не сум за џабе јас на оваа тема дошол. Само сакам да бидам подалеку од такви како тебе, дали сум ти јасен?
Знаеш кај сум, ако сакаш дојди да ти го видам суратот. Вака само тралалајка, не бива, без да допрам! :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Е па оди гледај го Dune и биди без ритам :)
Ритуалот не е сет правила...
Јас ништо не ти гарантирам, јас ти велам - бујрум, работи - ете ти пракси, ете ти ритуали и види дали губиш или добиваш енергија и моќ.
Работата е дали се прифаќа или не Законот на Телема. Што ќе ти е Liber Resh или Liber V ако не си го прифатил Законот на Телема? Тоа мислам дека е трошење време.

Друго немам што да ти кажам во врска со ова...
Ќе треба да ти раскажувам сказни кои ги има по книгите и ќе биде како да ти солам памет :)
[DOUBLEPOST=1460652802][/DOUBLEPOST]
Само сакам да бидам подалеку од такви како тебе...
Паметно... ова е веќе паметно.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399

Е па оди гледај го Dune и биди без ритам :)
Ритуалот не е сет правила...
Јас ништо не ти гарантирам, јас ти велам - бујрум, работи - ете ти пракси, ете ти ритуали и види дали губиш или добиваш енергија и моќ.
Работата е дали се прифаќа или не Законот на Телема. Што ќе ти е Liber Resh или Liber V ако не си го прифатил Законот на Телема? Тоа мислам дека е трошење време.

Друго немам што да ти кажам во врска со ова...
Ќе треба да ти раскажувам сказни кои ги има по книгите и ќе биде како да ти солам памет :)
Сакаш да кажеш:
Бујрум биди мува без глава па види дали губиш или добиваш енергија и моќ. :)
Тоа може кај некои пилиштарци да функционира, не постои некој со здрав разум што ќе влезе у било какви комбинации без да знае барем приближно како е исходот.
Не кажувам јас ништо за тоа каков бил овој закон, може да е единствената добра работа на овој свет, ама што со тоа.
Пак да прашам, што се постигнува со ова?
Постои ли краток и едноставен одговор?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Ти не ме читаш или разбираш...

Ајде да ти повторам: Работата е дали се прифаќа или не Законот на Телема. Што ќе ти е Liber Resh или Liber V ако не си го прифатил Законот на Телема? Тоа мислам дека е трошење време.

Друго немам што да ти кажам во врска со ова...

П.С. Што сакаш да постигнеш, тоа ќе постигнеш. Како беше она. не очекувајте промена. Најпрост одговор, кој што ако се разложи ти е како кабалата.
Ако ти ветам ова ќе постигнеш, ќе бидам за тебе христијански свештеник, ако не ти ветам си мислеш дека си мува без глава... како да ти погоди човек? :)
Седни и види дали Законот на Телема е за тебе и може да функционираш преку него. Ако не можеш, здравје. Знаеш нешто + за себе. Нема што да се дискутира тука во врска со тоа.
[DOUBLEPOST=1460661111][/DOUBLEPOST]Заборавив да напоменам, Liber Resh e ритуал од класа D.
Ако некому му значи тоа нешто на овој форум :)
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Во духот на случувањата денес во Македонија, напишано 70 години претходно...

„Основите на општеството се толку потресени што стана невозможно за кого било да направи план, исто како што банкар или геометар не би можеле да работат доколку не би биле повеќе сигурни во таблицата за множење.

Сега, оваа состојба на нештата не се должи целосно на тековните состојби од материјалното постоење, на политичкиот немир, или економската конфузија.

Мора да се пронајде формула основана на апсолутно здрав разум, без ниту една пранга на теолошка теорија или догма, формула на која ниту еден интелигентен човек не може а да не и даде согласност, и која во исто време дозволува апсолутни санкции за сите закони на однесување, социјални или политички не помалку отколку индивидуални, така што правилното или погрешното на кое било изолирано или концертирано дејство може да биде одредено со математичко точност од страна на кој и да било увежбан набљудувач, сосем независно од неговите лични идиосинкразии.

Оваа формула мора да биде научна, а не религиозна.

Оваа формула е:

“Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.”

Оваа формула не значи, како што злобните луѓе претендираат, “Прави што сакаш.” Напротив, таа е најстрогата самоконтрола на секоја индивидуална или социјална единка да ја концентрира сета своја енергија во изведување на нејзината вистинска функција; и оваа функција треба да биде одредена со длабоки, точни пресметки на потенцијалите инхерентни во нејзината конституција.“

--- Почеток на Новиот Свет, Препород на Магиката, А. Кроули
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

Секoј дa срaбoти кoлку мoже (штo му е вoлјa), a дa кoристи кoлку му е пoтребнo(штo му е вoлјa).

Штo вели зa oвa, телемaтa?
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Секoј дa срaбoти кoлку мoже (штo му е вoлјa), a дa кoристи кoлку му е пoтребнo(штo му е вoлјa).

Штo вели зa oвa, телемaтa?
На тебе најарно да не ти се дозволи пристап на други под-форуми освен огласи за работа и комунизам, а посебно не во религија! Ни едно прашање не знаеш да поставиш како што треба, а после пеглачите биле криви. Абе ѓаолче, за тебе Волја е да сработиш колку што можеш, а да користиш колку ти е потребно? Не сум експерт за Телема ама морав да го култивирам моето гласно смеење дома пред компјутер во малку по дипломатска порака чисто да не се налути @Хептаграм XI Оди кај него на блог има една интересна статија ,,Секогаш стреми се кон повеќе, смртта е круна над се" јас лично мислам дека различни телемити би имале различни ставови во врска со твоето прашање. Телема ваљда не се замара со ствари од тип на ,,кој бил првиот човек во Вселената и слично?" :D
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Секoј дa срaбoти кoлку мoже (штo му е вoлјa), a дa кoристи кoлку му е пoтребнo(штo му е вoлјa).

Штo вели зa oвa, телемaтa?
Можам јас да ти кажам што мислам...

Мислам дека на идејата „да сработиш колку можеш“ претходи спознавањето на себе си, своето вистинско собство, својата највнатрешна суштина, оганот што гори во секоја ѕвезда, со кое во иднина се избегнуваат многу лажни патеки... кои само ги уморуваат нозете на неиницираните аџии...

„Секој човек мора да ги надмине сопствените пречки, да ги разобличи сопствените илузии. Сепак, други можат да му помогнат да ги оствари тие две и можат целосно да го оспособат да избегне многу лажни патеки, кои не водат никаде, а само ги искушуваат уморните стапала на неиницираниот аџија.“
--- Liber LXI

Откако знаеш колку можеш и што, самата твоја суштина има жед да се исполни до моменталните граници и ништо повеќе...

Затоа и не држи вода она „Прави што ти е волја... “ да значи прави што сакаш...

Но, пак ќе повторам, сето ова нема ништо со човек што не го прифатил Законот на Телема и не живее секоја секунда на Земјата според овој Закон во Еонот на Детето.

Разгледајте за да сфатите што сакам да кажам (бидејќи е многу за философирање тука на форум), ова се секако мои размисли (или есеи во кои стои дека се извадоци од книги) :

Се слaгaм.

Спoзнaниетo зa себе си. Верoјaтнo мнoгу тешкo дa се изведе, a верoјaтнo уште пoтешкo дa индивидуaтa зaклучи декa успешнo дoшлa дo целтa.

Мoеш ли твoе мислење дa дaеш, кoлку религиите, пример христијaнствo и ислaм, гo пoттикнувaaт тoa спoзнaвaње, a кoлку телемaтa, и кaде пo тебе грешaт првите?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
За ова ќе ти одговорам со прашање:

  • Дали во старо-еонските религии човекот како индивидуа има своја волја или постојано вели: нека биде твојата волја кон некаков апстрактен недостижен идентитет, а не да биде мојата волја?
  • Дали човекот како индивидуа е едно со божественото, бидејќи ако е едно со божественото, таа волја што вели да биде твоја ќе е всушност неговата, така?
  • Дали човекот во старо-еонските религии се смета за грешен?
Од тука произлегуваат грешките... во однос на местото на човекот и неговото надминување на сегашната состојба.
И да, исчитај ги линковите од погорниот пост... ќе најдеш и за ова што праша...

П.С. Последното прашање, ако одговорот е да, автоматски немаш можност за спознавање на себе си!
 
Последно уредено:

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
За ова ќе ти одговорам со прашање:
  • Дали во старо-еонските религии човекот како индивидуа има своја волја или постојано вели: нека биде твојата волја кон некаков апстрактен недостижен идентитет, а не да биде мојата волја?
  • Дали човекот како индивидуа е едно со божественото, бидејќи ако е едно со божественото, таа волја што вели да биде твоја ќе е всушност неговата, така?
  • Дали човекот во старо-еонските религии се смета за грешен?
Од тука произлегуваат грешките... во однос на местото на човекот и неговото надминување на сегашната состојба.
Вaкa кaжaнo, секaкo декa себеспoзнaниетo е невoзмoжнo.

Акo си еднo сo бoжественoтo, зaрем мислиш декa имa местo зa пoгoрнoтo прaшaње?

Прoблемите прoизлегувaaт oд нaметнaтoтo мислење, зaчнaтo вo третoтo прaшaње, a тo е грешнoстa. Oдличнa пoдлoгa зa дa се искoристи oнa вo втoрoтo прaшaње кaкo мaнипулaцијa зa грешните, и кoнечнo дa се дoјде дo резултaт кoј си гo нaчнaл вo првoтo прaшaње, немaње слoбoднo вoлјa, или спoред мене имaње илузијa декa истaтa се имa.

Знaчи, сoсемa кoректнo сoгледaни три мoментa oд твoјa стрaнa, бaрем спoред мене, нели.

Штo мислиш ти, кoј е излезoт oд тaa ситуaцијa, кoи се тие штo јa нaметнaле тaa илузијa, и дaли истите тие мирнo би извршиле свoевиднa кaпитулaцијa?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Точно.
Нема, и ете не во Новиот Еон чиј закон е Телема, каде што секој маж и секоја жена е ѕвезда, во заедницата на ѕвезди. :)

Ова е ново време, сеуште премногу младо време... 100+ години помианле.
Но човекот не може да седи мирен ако види дека другиот не изгубил ништо со тоа што се програлис себе си за Крал во својот универзум преку Законот на Телема, единствено ограничувајќи се да не смета на друг Крал што се прогласил во неговиот универзум.

Свесност за внатре и за надвор е одличен рецепт. :)

Илузијата на стариот еон ќе исчезне... или ќе остане тотално изолирана, заради луѓето...

П.С. Никој не може да ти наметне било што ако ти не покажеш слабост од внатре.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom