„Констатираме дека македонската опозиција повторно стана инструмент за распалување на внатрешно-политички конфликт, меѓу другото со надворешна поддршка, со цел да не дојде до одржување на предвремените избори на 5 јуни кои претставуваат единствен демократски и легитимен излез од долгата криза. Одржувањето на изборите беше договорено уште летото 2015 година, со активна помош од САД и ЕУ, и западните партнери мораат да ги почитуваат постигнатите договори и своите обврски што ги имаат преземено во тој контекст, се вели во соопштението лиферувано од амбасадата на Русија, пренесува МИА
Официјална Москва, преку амбасадата,изрази загриженост за, како што наведуваат, ескалирањето на состојбите во Република Македонија и апелира до сите страни за политички дијалог и смирување на тензиите.