Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Изградбата на вселенскиот лифт станува реалност, а тој може да профункционира во не така далечна иднина, тврдат научниците.
Идејата е да се реализира евтин и безбеден начин за доставување на опремата и астронаутите на висина од 100 000 километри, далеку над Меѓународната вселенска станица.
Научниците кои работат на идејата, се надеваат дека во блиска иднина ќе можат да доставуваат корисен товар во орбитата, со помош на платформа која ќе функционира на погон на ласерска светлина, која пак ќе се искачува на лента од композитен материјал.
Ценaта на овој проект, според експертите би била околу 10 милијарди долари, но лифтот би бил многу исплатлив, бидејќи ќе се намали цената за поставување сателити во вселената од сегашните 20 000 долари по килограм, на само 200 долари по килограм.
www.a1.com.mk



Би било одлично да се направи тоа!
Повеќе место во вселената за сите нас! И поефтино...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Фотографијава ме остави без здив:


Направена е од Меѓународната вселенска станица.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
2.931
Поени од реакции
251
Фотографијава ме остави без здив:


Направена е од Меѓународната вселенска станица.
не требаше да ја маваат месечината се претпоставува дека ке има тешки последици поради тоа . Природа!
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
не требаше да ја маваат месечината се претпоставува дека ке има тешки последици поради тоа . Природа!
Па мораа да ги урнат подземните лаборатории и истражувачки установи пред Кинезите да испратат луѓе и ги пронајдат. Штета. Од внатрешни извори се вели дека кога Американците биле третиот пат на Месечината (од тајната вселенска програма - не НАСА) во една од подземните установи пронашле некои човечки ембриони стари 68.000 години кои биле .... зелени. Не знам како утврдиле дека ембрионите биле човечки, или од човечко потекло. Сега може да се дебатира колку се точни изворите но само викам дека тоа го имаат пронајдено американциве таму. Инаку ова е уште една информација која потврдува дека луѓето порано имале поинаков пигмент на кожата. Мислам дека истото го напишав и во темата за Настанокот на Човештвото.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Млечниот Пат се развил голтајќи други галаксии
Латинската изрека „Е плурибус унум“ (Од многу, еден) може да се примени во случајот со Млечниот Пат. Астрономите открија докази дека нашата галаксија содржи делови од повеќе други изумрени галаксии. Новите сознанија ја поткрепуваат идејата дека големите галаксии не се раѓаат од единствени гигантски облаци од прав и гасови, туку растат проголтувајќи ги сопствените помали соседи. Овие податоци се добиени со истражување на глобуларните јата - сферични концентрации од ѕвезди кои може да содржат и до еден милион објекти кои орбитираат околу центарот на Млечниот Пат. Астрономите долго време претпоставуваа дека овие неверојатни јата ѕвезди се формирале од концентрирани облаци од гас и прав во раната фаза на формирањето на нашата галаксија. Меѓутоа, последните истражувања на научниците им отворија нови видици. Благодарение на најновиот инструмент поставен на телескопскиот систем ВЛТ („Вери ларџ телескоп“) изграден на планината Паранал во Чиле, научниците утврдија дека ѕвездите во топчестото јато Терзан 5 настанале во различно време. Некои се родени пред 12 милијарди години, а ѕвездите од „помладите генерации“ се појавиле шест милијарди години подоцна. Досега се сметаше дека секое од 150. ѕвездени јата во внатрешноста на Млечниот Пат има ѕвезди со приближно иста старост. Замрсената историја на Терзан 5 наведува на заклучок дека ова јато е всушност остаток од џуџеста галаксија која се споила со Млечниот Пат на почетокот од неговото настанување. - Терзан најверојатно е прв докажан пример за систем кој учествувал во раѓањето на галактичките ѕвездени јата - заклучи астрономот Франческо Фераро од Универзитетот во Болоња. Според него, густите ѕвездени јата во галаксиите претставуваат одлични „археолошки сајтови“ од каде што ќе може да се извлечат огромни количества информации за историјата на галаксиите. - Секојпат кога ги испитуваме галактичките јата, тие ни откриваат по некоја нова, неочекувана тајна - вели Фераро. Новите податоци од корен може да ги изменат досегашните сфаќања за глобуларните јата, тврдат астрономите. Тие сметаа дека едно од ѕвездените јата во Млечниот Пат, познато како Омега Кентаури, претставува аномалија бидејќи изгледа како самото тоа да претставува сопствена галаксија. - Изгледа дека оваа аномалија, всушност, е нормална појава - заклучија астрономите. Тие веруваат дека историјата на Млечниот Пат е впишана во нејзините најстари фрагменти, глобуларните јата кои ја кријат приказната за еволуцијата на нашата галаксија.

www.vreme.com.mk

пронашле некои човечки ембриони стари 68.000 години

Хм, се приближуваме со мислењата! :)

не требаше да ја маваат месечината се претпоставува дека ке има тешки последици поради тоа . Природа!
Па ете открија вода... повеќе вода... не дека немаше, ама ова е во поголемо количество...
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
човечкото тело е составено од два дела..едниот е телото а другиот духот и кога заспиваме се смета дека ние со духот шетаме дури можиме да излезиме надвор од вселенава а потоа се врајќа..Но ако се одделат телото и духот тогаш настапува смрт
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Хм, се приближуваме со мислењата! :)
Навистина? Чекај, го сметаш за вистина тоа што го кажав? Зошто не личи на тебе, не за друго :helou:

Па ете открија вода... повеќе вода... не дека немаше, ама ова е во поголемо количество...
Они знаеја дека има вода одамна. Водата беше изговор за да детонираат бомби за да ги урнат подземните лаборатории и истражувачки установи.
 
S

smart ass

Гостин
NeptuneGate;3115552[B напиша:
]Па мораа да ги урнат подземните лаборатории и истражувачки установи пред Кинезите да испратат луѓе и ги пронајдат. Штета. [/B]Од внатрешни извори се вели дека кога Американците биле третиот пат на Месечината (од тајната вселенска програма - не НАСА) во една од подземните установи пронашле некои човечки ембриони стари 68.000 години кои биле .... зелени. Не знам како утврдиле дека ембрионите биле човечки, или од човечко потекло. Сега може да се дебатира колку се точни изворите но само викам дека тоа го имаат пронајдено американциве таму. Инаку ова е уште една информација која потврдува дека луѓето порано имале поинаков пигмент на кожата. Мислам дека истото го напишав и во темата за Настанокот на Човештвото.
А зошто америте не ја искористат таа технологија,да ги запоседнат тие лаборатории па да постават солидна база(нели има лаборатории логистика све)- и така кое летало ќе се приближува нека го уништат.

Башка што на кинезите ќе им треба уште 20 години за да стапнат на месечината,уствари они се жолта раса а месечината сака само белци.:wink:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
А зошто америте не ја искористат таа технологија,да ги запоседнат тие лаборатории па да постават солидна база(нели има лаборатории логистика све)- и така кое летало ќе се приближува нека го уништат.
Е зошто де? Или мора да биди тајно?

Башка што на кинезите ќе им треба уште 20 години за да стапнат на месечината,уствари они се жолта раса а месечината сака само белци.:wink:
Да, бе само за белци е и за зелени. :)

Инаку не верувам дека Кинезите можат да направат некој поголем скок во врска со Месечината. Едноставно, кога Кинезите ќе појдат таму таа веќе ќе биди завземена од Русија и Америка.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
А зошто америте не ја искористат таа технологија,да ги запоседнат тие лаборатории па да постават солидна база(нели има лаборатории логистика све)- и така кое летало ќе се приближува нека го уништат.

Башка што на кинезите ќе им треба уште 20 години за да стапнат на месечината,уствари они се жолта раса а месечината сака само белци.:wink:
Па кој вика дека Американците немаат бази на Месечината? Зборам за сега. Бази од тајната вселенска програма. А тие установи и лаборатории кои ги пронашле се сериозно оштетени. Не знам дали искористиле некои работи од таму за да развиват некаква технологија или не, но знам дека ги имаат земено човечките ембриони.

А патем, нека е за исмевање ако треба, не ми е важно, само делам информации, туку сега прочитав од тоа што ми е во компјутер и пишува дека Американците нашле останки од малине сиви човечиња и од Рептоидине. Да, зборам за оние рептоиди за кои Ајк, Колиер, Дин и многу други говорат.

Инаку не верувам дека Кинезите можат да направат некој поголем скок во врска со Месечината. Едноставно, кога Кинезите ќе појдат таму таа веќе ќе биди завземена од Русија и Америка.
Се согласувам. Мислиш дека Јапонија ќе одржи мисија пред Кинезите? малку поразвиени се од Кинезите по мое мислење. Што мислиш ти?
 
S

smart ass

Гостин
Дејвид ајк еднаш тврдел дека е исус и се фрлил од мост па лигаменти,и дел од мозокот оштетил.

Вели премиерите на владите и претседателите се рептили.

Па кој вика дека Американците немаат бази на Месечината? Зборам за сега. Бази од тајната вселенска програма. А тие установи и лаборатории кои ги пронашле се сериозно оштетени.
Плус ти велеше дека САД не биле на месечината...колкава е таа лабораторија..површина,и волумен на истата,понатаму како произведуваат кислород-под месечината(нема фотосинтеза услови за канабис сатива и дрва)+каде го оставаат отпадот од произведената енергија??

И зошто да ја њук д мун кога можат со добра ракетна одбрана да пресретнат секое кинеско летало упатено кон месечината???

А ова за рептиливе...не знам..не знам што да ти кажам...озбилно:vozbud:

Нели рептилите би ја обновиле својата лабораторија....
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Се согласувам. Мислиш дека Јапонија ќе одржи мисија пред Кинезите? малку поразвиени се од Кинезите по мое мислење. Што мислиш ти?
Да, мислам дека Јапонија ќе стаса пред Кина иако се блиску и двете. Јапонија до пред некое време (или можеби уште, не знам) беше појака економски од Кина, и тие не го искористија тоа како што треба, но сепак Јапонија има испратено мисија на Марс (мислам дека беше неуспешна), има лансирано повеќе сателити од Кина, има летала што редовно ја посетуваат МВС, за разлика од Кина, значи можно е Јапонија да стаса до Месечината пред Кина. Од друга страна пак, Кинезите имаат лансирано самостојно човек во вселената (3 пати), така да многу се блиску една до друга. Но мислам дека трката за Месечината им е однапред изгубена заради Русија и САД.

И зошто да ја њук д мун кога можат со добра ракетна одбрана да пресретнат секое кинеско летало упатено кон месечината???
Тогаш ќе почнат војна.
 
S

smart ass

Гостин
Тогаш ќе почнат војна.
Месечината е одалечена 384000 километри,америте уште од земјата ќе знаат кога кинезите ќе го лансираат леталото,и ќе почекаат леталото да помине на пример 140000 километри,а притоа да испалат проектил-Кинезите ќе мислат метеорче ги шибнало...шит хепнс.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom