Лефкада

Член од
28 јули 2015
Мислења
21
Поени од реакции
4
Procitav sega negde deka vo novembri vo lefkada imalo golem zemjotres I unisteni se najubavite plazi ima li toa nesto istina
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.770
Поени од реакции
1.529
Ме интересира конкретно за Агиофили. Дали е проодна со кола ? Бидејќи мн статии читав и сите препорачуваат да се избегне со кола, освен за со џип.... И според тебе да ми кажеш за тазе шофери, што да се избегне ?
Врска нема прооден е патот само не е асвалтиран бар не беше ја коа бев . За тазе шофери па и немаш нешто што да се избегнува ја полиција никаде не сретнав додека престојував така што во таа смисла ама баш ништо освен да пазиш кај паркираш ако идеш со твоја кола никако на диви паркинзи да не ти снема таблици.[DOUBLEPOST=1458162932][/DOUBLEPOST]
Procitav sega negde deka vo novembri vo lefkada imalo golem zemjotres I unisteni se najubavite plazi ima li toa nesto istina
Па сите го видовме видеото другар ама ќе ја средат Егремни до сезоната сигурно.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.662
Поени од реакции
14.536
Дечки, тие што сте биле или знаете - какво е времето во септември? Претпоставувам жешко, али да прашам...

Најдов една добра понуда во местото Никијана.

Треба да ја излистам темава од почеток у пм.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Зависи како ќе ти се погоди, рачунај слично како кај нас... со тоа што имаш топла вода и околу тоа немаш мака...
јас бев 2014 и кога тука врнеше врнеше и таму. - последната вечер пред да заминеме вренеше (2 септември).
според мене најдобро време за одење е последната недела од август месец. Времето е топло, околу 30 степени, водата е буквално бања и немаш ниту едно облаче....
За Лефкада, пожелно е да одиш со сопствен превоз... најдобра опција.
 
Тоа да, со сопствена кола и планирам. А каде беше сместен?
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Бев во вила на западната обала, мало селце Агиос Никитас. Мала плажа, ... добро за семејно патување бидејќи е како во заливче кај плажата и нема бранови. Водата е кристално чиста, а на дел од плажата после 15h имаш сенка и е супер за тој што има мака од седење на сонце (like my self)... :mad:

Преку ридчето кое е на западната страна се наоѓа Millos beach, прекрасна дива плажа до која се стига со бротче и повратен билет чини 6еу - колку што се сеќавам. Не препорачувам одење на плажата преку козјата патека што е преку рид пошто ако трнеш сабајле сигурно ќе се враќаш околу пладне по пекол жешко време и има добро да се дехидрираш. На таа плажа немаш природна сенка после 11h така да буквално си на сонце цел ден, пекол.

Од истата страна на островот се најубавите плажи и треба да се посетат бидејќи се прекрасни и глетката е невероватна.
Сега со земјотресот кој се деси незнам како им е средено, но знаејќи колку вложуваат во инфраструктура мислам дека грциве направиле сè цакум-пакум. Најдобро за тоа прогуглај на интернет и види каква е ситуацијата сега со дел од плажите и патната инфраструктура на таа западна страна.
 
Еден другар беше лани и викаше дека некаде околу 1500км го фатило се, со возење секој ден таму од плажа до плажа.
5-6 години му се стрвам на местово, мора да се отиде.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Еден другар беше лани и викаше дека некаде околу 1500км го фатило се, со возење секој ден таму од плажа до плажа.
5-6 години му се стрвам на местово, мора да се отиде.
Значи, преубава природа, дива природа. Не би се двоумел два пати ако следна дестинација за одмор е Лефкада.
Немаш таму дискотеки, ноќен живот, незнам.... луда младина. АМА затоа имаш невероватни плажи, најубавата тиркизна боја на море и зајдисонца кои ќе ги памтиш цел живот.
Треба да си спремен дека сепак плажите (овие на западната страна) ти се генерално без лежалки и цел ден на сонце, но сепак имаш и средени плажи, ако ништо друго ете на Порто Кацики - која е најјужна плажа (на некои 20+ км од Агиос Никитас) имаш луѓе кои се симнуваат долу по скали и кои носат гиро и пијачка на плажа директно. А горе имаш 2 локали каде можеш под сенка да седниш и да одмориш душа од жештините...

Генерално, спреми пари за нафта и уживај во одморот. Не знам како си со аражманот ни ако имаш опција од 10 дена (9 ноќевања) подобро одбери ја таа наместо 7 дена (6 ноќевања) пошто пребрзо ќе ти завршат и тие 10...

И кога ќе си бегаш.... следно што ќе се запрашаш е, кога ќе се вратам назад ;)
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.662
Поени од реакции
14.536
Знам дека Василики или Агиос Никитас се препорачуваат за престој пошто се поблиску до убавите плажи, али на Booking во Нидри и општо на источниот дел смештајот е поевтин и тоа поприлично. Ваљда оти и има повеќе смештај, т.е селцата се поголеми.
Не ми е проблем ич да возам, гледам дека околу 20 и нешто километри се фаќа до западниот брег...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Нидри, после Лефкада (градот) е најголемото место, а и Василики не е баш близу до западниот брег, пак е 20-30 км, зависи каде одиш. И мене возењето не ми беше проблем, напротив супер искуство беше. Од Нидри ќе го обиколуваш островот за да стигнеш до западната страна, тргнувајќи на север за до главниот град, па после од таму јужно и југозападно за убавите плажи.
 
Последно уредено:

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.662
Поени од реакции
14.536
Нидри, после Лефкада (градот) е најголемото место, а и од Василики не е баш близу до западниот брег, пак е 20-30 км, зависи каде одиш. И мене возењето не ми беше проблем, напротив супер искуство беше. Од Нидри ќе го обиколуваш островот за да стигнеш до западната страна, тргнувајќи на север за до главниот град, па после од таму јужно и југозападно за убавите плажи.
Е баш ти фала. Споредував цени на Букинг, у Агиос Никитас по 2-3000 илјади се поскапи за истите дати полоши сместувања од Нидри. Нема никаква логика да се бутам таму, па за 50 евра ќе наполнам цел резервоар у пм. Секако станува збор за 20-тина километри, повеќе е да тргнеш од Охрид за Св. Наум :icon_lol:
 
D

Darko_ufo

Гостин
Нидри или Лефкас се убави за навечер ако сакаш да си излезеш во ресторан па и да пивнеш малку коктели едно друго... Ако си во помалите селца ќе треба навечер со кола да идеш па не смееш да пивнеш, знае да има полиција.
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.770
Поени од реакции
1.529
Знам дека Василики или Агиос Никитас се препорачуваат за престој пошто се поблиску до убавите плажи, али на Booking во Нидри и општо на источниот дел смештајот е поевтин и тоа поприлично. Ваљда оти и има повеќе смештај, т.е селцата се поголеми.
Не ми е проблем ич да возам, гледам дека околу 20 и нешто километри се фаќа до западниот брег...
Плажа во Нидри речиси и да немаш а во Агиос никитас имаш 3 во близина пример локалната ,Милос и Катизма па сеа ти види.
 
Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
190
Толку е лошо во Нидри? Гледам има доста прифатливи цени за овој период. Дали има некој градски превоз до западниот дел со прифатливи цени, или неопходно е рентање на возило. И кога сме кај рентањето дали скутер врши работа.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.662
Поени од реакции
14.536
Толку е лошо во Нидри? Гледам има доста прифатливи цени за овој период. Дали има некој градски превоз до западниот дел со прифатливи цени, или неопходно е рентање на возило. И кога сме кај рентањето дали скутер врши работа.
Не сум бил, ама не дека е лошо во Нидри, туку убавите плажи се на другата страна на островот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom