- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.199
OK. На една страна имаме какви такви тестови на интелигенција, кои иако според тебе невалидни сепак многу често се поклопуваат со резултатите на одредени луѓе во науката. Постои честа и забележлива корелација помеѓу измерениот, најчесто многу висок степен на интелигенција на некој научник и неговиот успех во науката иако ти тврдиш дека тие тестови се невалидни. Претпоставувам дека таа корелација е чиста случајност.Тука ја праиш целата грешка. Ја тврдам дека не знам дали полот игра улога во тоа кој колку е интелигентен бидејќи немам доволно податоци. Податоците што ги иаме, не покажуваат статистички битна разлика во тоа кој како ги решил IQ тестовите и неговиот пол. IQ тестовите не се валидни за мерење на интелигенција бидејќи:
Не постои унифицирана дефиниција за тоа каков параметар е интелигенцијата за да може да најдеме инструменти што го мерат.
Ако размислуваш критички и ако разбираш како функционира научниот метод, ќе ги разгледаш студиите и потоа ќе потврдиш дали се согласуваш со нив или не. Со ова, правиш логичка грешка. Пробувајќи да зборуваш за моите мотиви (што влага у ад хоминем), ја негираш валидноста на аргументите кои ги изнесов, а со тоа не ја докажуваш својата поента. Ти имаш пристрасност кон потврдување на тоа што го кажуваш бидејќи „Да ти ебам и факти и вистини, важно е твојата теорија да помине. Има жените да бидат поглупи од мажите, па мајка Јана да биде.“
Ти поставуваш теза дека жените се поглупи од машките. Сега треба да ја нулифицираш.
Потоа треба да ја дефинираш интелигенцијата како параметар и да објасниш со кои инструменти се мери. Потоа треба да покажеш дека инструментите се соодветни за мерење на параметарот. Па да ги изолираш сите фактори. Па да го измериш тоа.
Бидејќи тоа не е уште изводливо кога станува збор за луѓе (поради различни етички причини и непоседување на знаења и инструменти кои се доволно прецизни) и поради неможноста да се дефинира интелигенцијата, се вршат некои климави студии кои опфаќаат различни видови на способности со претпоставка дека факторите кои може да инхибираат некого да ги покаже тие способности, се занемарливи (анксиозност, незнаење итн...) иако тие фактори воопшто не се занемарливи.
Ти го рипаш сево ова и повторно ја повторуваш мантрата која си убеден дека е точна со што, не размислуваш објективно. За разлика од тебе, јас тврдам дека не знам и додека не знам, не се дрзнувам да носам заклучоци. Според тоа што го знаеме, нема позната корелација помеѓу IQ резултати и пол, а уште помалку помеѓу недефиниран параметар како интелигенцијата и полот.
Ти од друга страна си мрзелив манипулатор. Неможејќи да изнесеш конкретни аргументи зошто тоа ти што го тврдиш е точно и све што правиш е тролање и подбуцнување, се повикуваш на дијаграмот што го пушти Змејко без притоа да основаш став без никакви пристрасности и да дадеш можност на опцијата дијаграмот да не е валиден. Ја можам сеа да барам информации кои потврдуваат дека сите мажи се глупи и ако ти ја ставиш под знак прашање веродостојноста на истите, да тврдам дека нејќеш да се соочиш со реалноста поради твојот светоглед дури и покрај тоа што твоите аргументи зошто ја ставаш веродостојноста на студиите под знак прашање, можат да бидат комплетно валидни.
Од друга страна ја имаме твојата потполно неразбирлива желба (овде навистина не би сакал да навлегувам во твоите мотиви, но можеби треба по малку да се загрижиш) жените да мораат да бидат исто интелигентни со мажите. Морам да ти кажам дека звучиш како хистерична феминистка без никакви аргументи.
Значи на една страна ги имаме тие какви такви тестови, а ти на другата страна немаш АПСОЛУТНО ништо, освен желба.
Последно уредено: