Дечки, како го замислувате тој "редослед" не знам. Преписките се препраќаат во различни институции и по различен редослед, обем и сложеност се разгледуваат, со некоја завршуваат работа за помалку, со некоја за повеќе време, за една преписка ќе добијат одговор денес, за друга другиот месец, иако и двете можеби биле аплицирани во ист ден. Така што нормално е да не ви ги објавуваат бројчињата по совршен редослед. Поготово кога знаете колку многу замрзнати (прекратени/дополнителна проверка) преписки има, и тие се решаваат по непредвидлив редослед, па по одмрзнувањето упаѓаат повторно во оптек и така натаму. Затоа нема никаква поента да се замарате со редослед - тој не постои.