Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Овој цитат ми личи на загатка. Се замислив и ми дојдоа повеќе решенија на ум, но кога повторно ја читам загаткава некако не се совпаѓаат. Ако некој знае на што се однесува овој текст ве молам за одговор.

Dome of the Rock најмногу ми се совпаѓа до сега.
Ако друг треба да ти објасни што значи, тогаш никогаш нема да дознаеш. :)
Ќе ти биде од помош ако навлезеш во етимолошкото значење на зборот езотерија, па во контекст на тоа значење, размисли дали одговорот треба да го бараш надвор, од некој друг.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Извадок од „Исповедите“ на Кроули во врска со книгата „Облакот над Светилиштето“, која ќе го однесе Кроули по патот на Магиката и тајните друштва.

„The Cloud upon the Sanctuary told me of a secret community of saints in possession of every spiritual grace, of the keys to the treasurers of nature, and of moral emancipation such that there was no intolerance of unkindness. The members of this Church lived their secret life of sanctity in the world, radiating light and love upon all that came within their scope, yet they were free from spiritual pride.“

На овој линк може да прочитате малку повеќе во врска со оваа книга и што има во неа. Да, ќе откриете христијански мистицизам. Такво било времето тогаш.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334

Рубинова ѕвезда или Stelae Rubae (Liber XXV) е подобрена верзија на малиот ритуал на пентаграм и овој ритуал го има во Liber CCCXXXIII, Книгата на Лаги која е издадена на македонски јазик, кој сака може да си ја има дома. Исто така ја има и во Додаток VI од Liber IV vel ABA – Магика која се планира да биде издадена на македонски јазик исто така.

Кроули за овој ритуал вели:

Дваесет и пет е квадрат од пет, и Пентаграмот ја има црвената боја на Гебурах (петтата сефира на Дрвото на Животот). Поглавјето (се мисли на Книга на Лаги) е нова и поразработена верзија на Истерувачкиот Ритуал на Пентаграмот.

За оние кои истражуваат на овие полиња, повелете линк до целиот ритуал.
 

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
377
Поени од реакции
160
Рубинова ѕвезда или Stelae Rubae (Liber XXV) е подобрена верзија на малиот ритуал на пентаграм и овој ритуал го има во Liber CCCXXXIII, Книгата на Лаги која е издадена на македонски јазик, кој сака може да си ја има дома. Исто така ја има и во Додаток VI од Liber IV vel ABA – Магика која се планира да биде издадена на македонски јазик исто така.

Кроули за овој ритуал вели:

Дваесет и пет е квадрат од пет, и Пентаграмот ја има црвената боја на Гебурах (петтата сефира на Дрвото на Животот). Поглавјето (се мисли на Книга на Лаги) е нова и поразработена верзија на Истерувачкиот Ритуал на Пентаграмот.

За оние кои истражуваат на овие полиња, повелете линк до целиот ритуал.
Знам за една рубинова ѕвезда, мислам дека сеуште стои над Крем‘љ. Го погледнав ритуалот кој е несфатлив и на неразбирлив јазик за мене. Имам собрано доста окултни книги онлајн и си мислев вреди ли да истражувам на ова поле, бидејки не сум инициран во ниедно тајно друштво и кои се бенефициите ако ги има?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Небитно е дали си инициран или не.
Истражувањето може да биде интелектуално подредување на еден комплексен мултисистем од хиероглифи според твоето разбирање, знаење и на крај нормално, практична работа.
Бенефициите зависат од личноста која застанува на оваа патека. :)


Претежно неиницираниот кој што почнал ревносно да истражува и да ги студира овие работи - бара иницијација.
Имам пишувано есеј токму за ова, може да погледнеш на овој линк, за да не препишувам тука се.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334

Бидејќи не може да се ископира како што треба тука, ете на овој линк се дадени објаснувања.
Можеби некој ќе ги подреди некако со 10-те сефироти на Дрвото на Животот...
 

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
377
Поени од реакции
160
Венко Андоновски во својот роман „Азбука за Непослушните“ обработува некои вакви хиероглифи. Очигледно е дека има нешто скриено во романот, но јас немав прозрачни очи за да видам. Веројатно прво треба да ги научам тајните на кабалата.
Сликата погоре е помал материјал за проучување. Ми личи на страшна или тажна приказна - човечка деградација, која се прелева од претходна цивилизација во нашата, со среќен крај се надевам, но тоа се само мои површни впечатоци. Ништо конкретно е би можел да кажам за сега.

7Г ++
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Не сум го читал тој роман на Венко Андоновски. Не знам ни дали г-нот Андоновски знае кабала, ниту пак дали употребил нешто такво во книгата - сепак е роман „Азбука на Непослушните“ и сигурно има нешто со македонецот и македонштината во тој роман ... :)
Сликата горе е собрано 10 тома во 10 сликички. Така да, си треба проучување...
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
377
Поени од реакции
160
Утре излегува од печат „Канонот“ на Вилијам Стирлинг, на македонски јазик!
:)
Уште една преведена окултна книга претпоставувам. Сакав да прашам: бидејки до скриените работи во окултните книги често се доаѓа со декрипција на букви и броеви, нели се губи тоа во преводот или можеби има соодветен клуч за секој јазик? :popce:
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Уште една преведена окултна книга претпоставувам. Сакав да прашам: бидејки до скриените работи во окултните книги често се доаѓа со декрипција на букви и броеви, нели се губи тоа во преводот или можеби има соодветен клуч за секој јазик? :popce:
Обично кога станува збор за таков тип на книга, покрај преводот, си стои и оргиналот. Таков пример е книгата на законот или - Liber Al vel Legis.
Не секогаш окултното значи криптирано, понекогаш под окултно или скриено се мисли на знаење од повисок степен, знаење кое треба да се достигне или осознае, што значи дека е скриено од просечниот светоглед или просечниот капацитет на осознавање.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Некои книги немаат оригинал, па преписот заминал во раскажувања и додавања свои кованици онаму каде што не се се разбрале симболите... и каде тука да ставеш оригинал?
Никаде... мистериите на буквите како хиероглифи се оставени за подобри времиња.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom