(Правни аспекти на) анти-реклама

Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Не сум правник, ниту работам маркетинг. Така да, уште од старт, нека биде занемарено моето незнаење околу таквите поими.
Ако темата е во ред, мислам дека може да оди пошироко. Настрана од основните претпоставки дека и “лошата реклама е добра реклама“. Мене лично ме интересира, дали општеството (барем ова нашево) има нешто против анти рекламирањето, односно како се третира негативниот маркетинг.

Пример: дали смеам да пропагирам за негативни вредности на бренд, фирма, институција и сл, наспроти нивното пропагирање на нивните “добри“ вредности. Дали јас лично смеам да ширам негативна кампања за одредена... работа?

Disclaimer: не да клеветам, туку да јадам бурек :D

Thank you in advance :D
 
Можеш, на пример доколку таа компанија ти е конкурент или пак сакаш да ја изгуби пазарната вредност па потоа да ја купиш, инаку не ја гледам поентата да трошиш пари на кампањи за да оцрниш некој, највеќе такви реклами прават конкурентите, а особено Mercedes и BMW низ кампањи очите си ги вадат но на едно културно ниво :boksix:Еве ја нај новата
 
Не сум правник, ниту работам маркетинг. Така да, уште од старт, нека биде занемарено моето незнаење околу таквите поими.
Ако темата е во ред, мислам дека може да оди пошироко. Настрана од основните претпоставки дека и “лошата реклама е добра реклама“. Мене лично ме интересира, дали општеството (барем ова нашево) има нешто против анти рекламирањето, односно како се третира негативниот маркетинг.

Пример: дали смеам да пропагирам за негативни вредности на бренд, фирма, институција и сл, наспроти нивното пропагирање на нивните “добри“ вредности. Дали јас лично смеам да ширам негативна кампања за одредена... работа?

Disclaimer: не да клеветам, туку да јадам бурек :D

Thank you in advance :D
За да преземе некој мерки против тебе заради негативен маркетинг треба да важиш за "медиум" со редовна и во доволен број публика/фанови/читатели, па складно на тоа да си способен да нанесеш штета.

Исто е и со навреда/клевета... се зема у предвид каде и пред кого е искажана навредата/клеветата па по тоа се цени дали има доволен импакт да се утврди (нематеријална) штета.
 
На форум, зошто да не? Си кажуваш мислење

Не само на форум. Kaj стигнам :D
Агитација, колумни, статии, ...

Имам одредена „социјална моќ“, која би сакал да ја... искористам :D
 
Па веројатно можеш доколку имаш некои издржани аргументи а не само критика ради критика. На пример често има статии за штетноста на медкдоналдс производите. Толку многу ги има што мора да си помислиш дека постои опција некој да го прави тоа организирано (друг дел од индустријата за храна за да придобијат корисници). Ама повеќето од статиите имаат колку толку издржани аругменти базирани на испитувања, тестови и тн. така да не можеш да ги обвиниш за клевета. На крај се се сведува на тоа како те перцепираат луѓето. Сега ти ако отвориш блог и со години едно те исто пишуваш против еден прозивод ќе си помислат луѓето дека или си платен или си скренал или претеруваш во најдобар случај и ќе го изгубиш ефектот.
 
И, пази да не попиеш тужба. Обично тешко оди судење со посилен од тебе.
А овде кажи си, што ти душа сака.
Пробав и јас одамна, за фирми, ресторани, производи. Немаше многу интерес... Чудо е како народ се навикнува...
 
Маркетингот ти е импровизација и нема правила на игра. Така да можеш да измислуваш топла вода секој ден и да и наштетиш на конкуренцијата. Почни од ангажирање на шпиуни кои ќе ги имплементираш кај противничкиот табор, дали преку вработени, дали преку клиенти итн. Следно ти е герила маркетинг, каде упорно ќе спамираш и ќе привлекуваш внимание дека си ти тоа што треба да го користиме, па после почни да се етикетираш врз нивните производи ко што правеше велија на времето со хедис. Абе имаш мал милион идеи, само ќе си платиш. Јбг.
 
во време на ехЈу имаше хумористично-сатиричен весник Јеж. Имаше и смешни антиреклами - карикатури, на пример двајца одат со зинати кондури, едниот кажува Ми солидарно носимо ципеле фабрике Солид из Суботице... или еден стои до лавабо а главата му е пресечена и падната во лавабото, до него стои инспелтор со лупа ( ала Шерлок) и кажува, класичан случај бријања домаќим жилетом Микрон...
Е сега по некое време веројатно дојдоа некој тужби, не сум во тек ....Е сега ако мислиш да праиш бизнис од антиреклама, за да не те тужат, не треба брендот што го критикуваш апла да го прикаажуваш, да оставиш да го долови читетелот... Друго е ако имаш лично поединелен проблем со неквалитет, но и тогаш постапката е преку пазарна инспекција или заштита на потрошувачи, па ако не ти излезат во пресрет после фрлаш дрва и камења...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom