Поентата, која ти (повторно) целосно ја промашуваш, е дека тоа за што зборуваме е установена пракса во политиката, во цел свет.
Знаеш, вемеро не ја измислија политиката.
Иронијата е, не се тие толку „опасни“ политичари - колку што опозицијата ги прави да изгледаат (во добар дел и преку неспособноста). Најпосле, оваа порака на Хорхе не е само за политичко поентирање во судирот со опозицијата. Како што гледаме според коментарите на читателите на странските написи - сето ова прилично одекна кај плебсите во ЕУ. Рајата дава подршка на ваква реторика, а јавна подршка во нивните држави за помагање на Македонија е чекор кон реално помагање на Македонија.
Не ми се верува дека стигнав да го бранам имбецилот Хорхе, ама ова реално му е најсветла точка во бедната кариера. Како Борис Трајковски со пресот на кој ги праша новинарите колку бегалци земале нивните држави. Што ни кажува колку потпросечни политичари имаме, па ваквите моменти им се хајлајт и врв на кариерата.

Искрено ќе се изненадам ако Хорхе го запамтат по некој друг (поуспешен) момент.
Нејсе. Јас само сакав да укажам на вистинската цел на ваквите политички изјави. И да повикам малку повеќе да се освестите за потребата од национално единство. Дајте прекинете веќе еднаш со тоа упорно и слепо инсистирање на ситнопартиски политички поентирања. Барем кога се работи за националните интереси.
Искрено се надевам само дека сега нема да ја завртиш и ти работава на „хуманизам“ и борба за „права на
бегалците имигрантите“.