Пасат и Мини Морис не се произведуваа никогаш во СФРЈ! Италијанскиот Фиат 128 и пародијата на Застава спореди ги па ќе видиш дали е исто. А цитроените освен Ами 8,Дијана и ГС други модели немаше а овие што ги правеа беа живо ѓубре, бунар без дно за фрлање пари за поправки, исто како и скапаницана Рено 4 кое не знам дали воотшто може да се нарече автомобил. Од Опело се произведуваше само Рекорд во ИДА во Кикинда и за разлика од Германскиот беше 5 класи подолу и каросериски и механички па за тоа и многу брзо престанаа да го произведуваат. И за да увезеш сам возило, мораше да си работел во странство најмалку 3 години во спротивно немаше право на увоз, а исто беше и за технички стоки или било каква стока во вредност над 1000 Дојч Марки! И ова ти го кажувам зашто многу добро ми е познато бидејки сум дете од печалбарско семејство. Ти додека си се ќоравел гледајки телевизија на Горење со размачлана слика, јас гледав на Нордменде кристална слика каква ти си можел да сонуваш ама не си можел да имаш зашто не си имал право да увезеш, односно да ти убезат родителите зашто ти си бил уште малечок за можеш да си купиш. Доста со носталгични бајки, прифати ја реалноста дека СФРЈ беше добра само за тие кои не сакаа да видат и сфатат дека може да е и подобро.
СФРЈ произведуваше возила по лиценца и во партнерски односи, значи по нацрти и спецификации дадени од самите фабрики а некои од моделите се склопуваа овде со делови произведени во матичните фабрики, и тоа модели на возила кои тогаш биле нови и актуелни и се произведувале и во европски земји, али таа информација или не си ја знаел или не ти дозволиле во штабот да ја кажиш
Во Копер се склопуваше
СИТРОЕН Ајкула, ДС, во тоа време најсофистицирана кола во сончевиот систем, се произведуваше и спачек и АМИ, и GS Виса, АХ, СХ, Дијана
Во Ново Место беа погони на
АУСТИН и тука се правеа и се склопуваа МИНИ 1000, Остин 1300, Остин Макси 1500 и Остин Макси 1750
РЕНО се произведуваа модели 4, 5, 12, 16, 18
ВОЛКСВАГЕН, во СФРЈ се правеа модели Буба и тоа 1200, 1300, 1303, Голф, Кеди, Џета,
НСУ Принц
ФИАТ 1400, 1300, 128 (101), 600, 750, 850,
ОПЕЛ, Кадет, Сенатор, Омега, Аскона
Да не збораме за камиони и автобуси Икарус, ФАС, ТАМ. ФАП, за авиони, бродови, хелихоптери
Денес ни појас за в кола не можеме да направиме.
То за увоз не си разбрал добро прикаските од постарите, повратник од странство можел да донесе без царина и давачки возило, исто така и лице со инвалидитет, за другите важеше до 3 години старо возило и до 1600 кубици се плаќаше помала царина а над 1600 поголема, а нова кола си можел кога сакаш и каква сакаш доколу си платиш давачки.
Во СФРЈ беше златно доба за народот, сега е време на страдања и апокалипса АМИН!