И јас работев во СФРЈ.Не одев на одмор 2 пати годишно туку 2 пати во 5 години! Не знам кои се тие работници што оделе на одмор 2 пати годишно. За користење денови за платен одмор, тоа да, ама да одат на летување или зимување 2 пати годишно...такви не се сеќавам дека имаше. Имаше фирмата во која работев одморалиште во туристичко место, можев да користам капацитет таму еднаш во 2 години и си плаќав најнормално цена на чинење на пансионот во зависност во кое време од сезоната користам. Единствена предност беше што тоа го плаќав на рати, директно од палата ми одбиваа па се лажев дека ете, беспари сум бил на одмор. А парите ги даваш пак. Одеднаш ии на рати нивната вредност е иста. Преполниот фрижидер не е показател на стандардот туку на навиката и на нестабилните цени! Ако се радуваш на преполнет фрижидер и замрзнувач тогаш нешто не е во ред со тебе.
„Просечна работничка плата во СФРЈ во 1980 беше денешни 675 долари (тогашни 235)“
-Кажи жити петокраката, како го пресмета ова????? Се сеќаваш ли динарот од 60-те до распадото колку деноминации доживеа и колку нули му беа бришани??? Во еден од постарите постови ти ставив и слики да ги видиш тогашните банкноти за да се подсетиш и да не тресеш повеќе зелени, ама џабе, цд-то во глаата ти е укочено на една иста песна. Со тебе не вреди да се муабети и дискутира зашто упорно сакаш сите да ги убедиш дека начинот на кој ти си го доживувал живеењето во СФРЈ е најисправен, тоа било живеачка невидено добра и убава, ама сфати бе човече дека на сите не им било така како тебе што ти било, и тоа на едно огромно мнозинство.
Ти ни С не си видел од СФРЈ, а економијата ти е голема празнина, шо има врски нули на банкнота ако нејзината вредност се пресметува во долари, во 1980 година просечна плата пресметана во долари беше 235, е сега доларот сега и доларот пред 35 години ја нема истата вредност, 235 долари во 1980 денес имаат вредност од 675 долари.
СФРЈ како и сите други земји поминуваше низ фази на забразан развој, фаза на забавен развој и во фаза на кризи, од то не беа лишени ни Америка ни Јапонија ни Кина ни Германија, СФРЈ почна во почеток на 80 десетите да фаќа криза и траеше следни 6-7 години, кога се воведоа мерки на штедење, и кога завршија тие мерки, пола надворешен долг беше вратен, динарот зајакна, инфлацијата запре и тргна земјата пак во нагорна линија. Такви ситуации доживееа сите земји во некој нејзин историски период. Роба имаше избор имаше можеше и од увоз можеше и домашно производство, ако си живеел и бил возрасен тогаш би ги знаел тие работи, гога Фиат го лансира моделот 128, после 2 години почна да се прави и во СФРЈ, исто и со Голф, Пасат, Опел сенатор, Мини морис, ситроен ГС... ако си сакал странска кола - изволи преставништва на светски производители, ако и то не ти е доволно - оди увези си, и телевизори и фрижидери и гамофони аудио системи и облеки... немаше некој сегмент кој не се производуваше, или нешто шо не смееше да се увезе ако си платиш царина и данок, јас во СФРЈ работев на Искрини компјутери, а дома имав комодоре 64 кој кошташе мислам над 1000 марки и не ми беше проблем да го земам, аудио си порачав да ми дојсат од странство, Универсум стуб од германија, ѓаол ипол кошташе, прв ТВ во боја Горење 8 канали, прв апарат зенит се то кошташе али нама гајле, редовна убава плата, не му се мислам да купам шуруп или платам пломба, или дали ќе ме избркаат од работа, иди камион од синдикат, оп полутка оп пита кашкавал, оп куп тегли со зимници, мед, вино... иди годишен одмор, наши хотели одморалишта бирај каде кога и како, а можеш и до грција ако сакаш па да му изиграваш господин на тие гревои, за грците во 70 десети и 80десети бевме газди, а да не споменувам да појдеш Полска, Бугарија, Романија... цареви бе цареви. А денес се молиме за бугарски пасош или да сме барем упола како полска....
Денес е се полошо, секој сегмент, најголем број на капацитети се упропастени и затворени, преживуваме од распродажба на она шо вреди и позајмици, никаква заштита ни работник ни земјоделец , секој сегмент на општеството ни е во многу полоша состојба од колку пред 50 море 60 години, народот нема веќе ни надеж ни воља, ако може нешо ситно да се ќари, ако може да се пикни негде за 200 евра платичка и ретко кој замислува дека ќе дочека таму пензија, да можеме да се мушнеме преку граница е најдобро решение, денес ако отворат граници пирум, па овде ќе останат само смртно болни во постели, затвореници, и по некој пензионер кој не слуша телевизија и не знае дека може слободно да си замине.
Ти немаш видено како изгледа еден живот на едно просечно семејство во СФРЈ, и во време на најголеми кризи кога имаше рестрикции на струја кога се чекаше за масло и млеко и кога немаше бензин, имаше надеж имаше оптимизам, се одеше на работа, младите на лето полнеа бригади да одат и работаат, одевме по одмори, слушавме музики, одевме по кина и ич не бистревме политика. Знаевме дека ќе помини, имавме верба имавме оптимизам.
Општеството денес е гнило, грст богати и маса сиромашни, поделено како просек, на сите му е убо, статистички - секој има се, е сега то шо работник не може да купи стан а Циле може да купи 100 станови статистички ни дава слика дека секој може да си купи стан, и секој може да оди на одмор и секој може убо да јаде.
Уше да можеше да се живее во таа статистика ќе беше убо али се живее во реалност, останавме без млади дипломирани паметни и вредни деца, останавме со приучени работници кои не можат да најдат работа во странство или немаат квалификации, армија на административци кои земаат плати од кредити, пензионери чии фонд е една голема дупка која се полни со позајмици.
Споредено со СФРЈ, денес сме во пеколот Амин!