толку знаете за исламистичките идиоти, кои невооружени пешачат накај Европа додека џандари, неонацисти и секакви опортунисти ги тепаат и ги ограбуваат на секои два метра... додека шверцери ги затвараат да се загушат во камиони и ладилници, сосе жени и деца. им се дивите на Бугарите како они успешно ги млателе и убивале. наследниците на бугарските колаборатори ни се денеска идоли поради ефикасното насилство што го применуваат врз луѓе економски понесреќни од нив и од нас. толку знаете. страв од непознатото, медиумски хајп и пропаганда и доволно е да се заборават основните човекови принципи.
а уште помалку знаете за идеалите на вашите претци, за еднаквост, солидарност и пред се ставање крај на омразата. татковците на Европскиот космополитизам како Шуман, Аденауер, Моне, ви се научна фантастика. великани илјада пати поголеми од сите политичари што ги имаме денеска заедно, великани кои седнале и составиле план за никогаш повеќе да не се случи онаква катастрофа како во минатиот век. ама одамна било, сте заборавиле. најтрагичното е што муслиманите никогаш ги немале овие цивилизациски придобивки. ние ги имавме, и ги изгубивме некаде по пат. наместо ние да ги водиме нив, они не водат нас. жалосно навистина.