Градини и дворови (општа дискусија)

Сакам да прашам нешто :-)

Имам семе од некои цвеќиња, кои ги нема во Македонија (или ги немам видено до сега). Ги планирам за во дворот :-)

Е сега, бидејќи се семиња, дали ќе може сега да ги посадам во мали саксии, и да ги чувам дома на прозор на топло дур непуштат корен, па напролет да ги посадам 'в градина? Од семињата, има и некои дрваца кои растат ептен мали :-)
 
Е да, и предлог дворска трева за едно 100+ квадрати?

Која марка, колку кг..?

:)
 
Дај Боже сите згради во сите градови во Македонија да станат вакви

13. NOVEMBER 2015 - 11:29

Градина на покрив, нов тренд во Скопје (ФОТО)

Во метрополата почна да се изведува концептот за покриви засадени со трева и дрвја. На врвот на зградата може да има и патеки, разна вегетација, жардиниери со цвеќиња, со што дополнително се поттикнуваат нови екоидеи за презаситеноста на скопјани од бетон и асфалт.

mkd-202399.jpg

Со зелениот покрив се подобрува климата, се намалува прашината, се задржува водата при врнежи, се подобрува и звучната изолација, а најважно е што навистина се чувствува разлика во воздухот што го дишеме.

Низ градот можат да се забележат неколку вака облагородени индивидуални куќи, станбени и комерцијални објекти. Мини-градина го разубави и покривот на зградата спроти соборниот храм „Св. Климент Охридски“.

Покривите со вегетација на врвот од Халк банка, приватното училиште „Нова“, неколку индивидуални домови на Водно и Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево се дело на фирмата „Зепекомак“.

3fb46756e40b154e8a738418db54047e.jpg

Концептот за зелените покриви станува се попопуларен во светот, иако датира уште од поодамна. Нуди топлинска изолација преку целата година, додека во лето температурата на класичните покриви може да достигне и до 65 Целзиусови степени, кај зелените покриви таа е 16-17 степени. Тие овозможуваат и до 20 проценти помала потрошувачка на енергија за греење и ладење на домот под нив, а го продолжуваат векот на траење на покривот, бидејќи го заштитуваат од штетно ултравиолетово зрачење.

http://www.skopjeinfo.mk/gradina-na-pokriv-nov-trend-vo-skopje-foto
 
Се е тоа убаво, но единствената мана е тоа што ваквиот покрив е многу поскап и тоа што ако не е добро направена изолацијата, многу брзо ќе се уништи ваквиот покрив и ќе протече вода во станот/спратот под него.
:)
 
дај кажи од кај да го најдам и цена ако знаеш ?

Јас го земав семето од земјоделска аптека,производство беше мислам ''семенарство'' - Скопје кутија од 1 кг. Цената некаде 200-250 ден кг,така нешто.
 
Дали има во Македонија фирма која работи со подови со композитен материјал?
03d846cfd5ac8c8a6af4a7913de1bdf2.jpg
 
Дали има во Македонија фирма која работи со подови со композитен материјал?
03d846cfd5ac8c8a6af4a7913de1bdf2.jpg
Незнам која фирма работи со композитни подови, но знам дека се продаваат во Мега Куманово, а начинот на поставување е ист како кај бродскиот под. Така да оној кој знае правилно да постави бродски под (со држачи, а не со ковање), ќе знае да постави и композитен под.
:)
 
Знае ли некој каде може да се најде трска метр0 ипол два у висина должина 10-15 метри ми треба за ограда...
 
Сакам да насадам Туја дрвца имам семиња,како да ги насадам?Совет?Треба првин во саксија во хумус земја или ?
 
Ги купи ли од некаде и колку пари се?
Јас по двор имам шимшири кои споро растат, за 6 години не мрднаа повеќе од 10-15см, гледам дека 2 вида имало спорорастечки и брзорастечки, јас од спориве имам 5-6(посветла боја имаат и поубаво изгледаат), од брзите 3-4, па ќе видиме. Плус уште едни вакви
Chamaecyparis lawsoniana 'Columnaris'
columnaris00.jpg
тие брзо растат, само ретко некако, не е густо за жива ограда.
Баш сега разгледав по интернет за туја, и еден тип смарагд ми остана во очи, преубаво изгледа. Никогаш не би ставил бетонска/железна ограда, од вакви живи огради поубаво нема.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom