55 метарски крст во Бутел

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
10 страни се избришани поради оф топик. Ќе ја оставам отворена уште ден два, ако се продолжи со ист начин на дискусија и оваа ќе оди под клуч.
 
Прашање за потребата од поставување крст

Го повикувам градоначалникот на Бутел да им објасни на граѓаните зошто во општината се изградени 5-6 џамии и само една црква
Како жител на општина Бутел го повикувам градоначалникот на општината Петре Латиновски и претседавачот на Советот Боби Бојчевски да соберат храброст и јавно да им ги објаснат на насобраните граѓани пред општината потребата и причините од поставување на крстот која е светост за нас христијаните од православна вероисповест.
Исто така потребно е на протестантите како и на останатите сограѓани, а посебно на патриотите по нарачка јавно (онака “патриотски” како што знаат) да им објаснат дека благодарение на нив за време на нивното владеење досега во општината се изградени (легално и нелегално) 5-6 џамии и само една црква.
Редно е да објаснат зошто досега молчеа. Нема потреба овие податоци да ги кријат од јавноста. Та нели се патриоти……… П.С. патиоти по нарачка = патриоти за хонорари

Joве Кекеновски
фејсбук статус
 
@Шкорпион како шо веруваш во тоа дека СМК нема никаква врска со вмро, исто така веруваш дека Македонија е втора најбрзорастечка економија во Европа ?

Не реков дека немаат врска. СМК и ВМРО се онолку неповрзани колку што се СДС и невладините организации. Она што реков беше дека со буџетски пари нема да биде граден споменикот, и затоа не ја сфаќам фрустрацијата на одредени луѓе. За Скопје 2014 разбирам, затоа што финансиите се знаеше таму од каде доаѓаат.

Нормално дека имаме растечка економија. И нормално дека не верувам дека сме втора во Европа. ВМРО секогаш пумпал оцени за економијата. Но има индикатори дека сме на солидно ниво споредено со повеќето наши соседи, а тоа се гледа низ пресметките на странски инвеститори и организации кои ги пратат економските плими и осеки кај разни држави.[DOUBLEPOST=1457412728][/DOUBLEPOST]
Шконтар си е шконтар, дали е образован дали е од подрум. Дебата за крстот, етничкото чистење од страна на брачата...

Ангеловски кој продајгаз е ...
 
Абе секој што не е ДПМНЕ продајгаз е...Пошто нели логично е ако си со власта и ги уживаш сите благодети пикнат во админстрација да не си продајгаз, а ако си опозиција и мора да го ризикуваш животот во Ирак за да прехраниш фамилија да си продајгаз...
 
Последно уредено:

За фамилијата е отиден таму? Јас разбрав дека му должел пари уште на Гуштеров од кампањата на Достоинство. Онаа кампања кога Стојанче реши да формира партија за да добијат бранителите подобар статус и го стави Гуштеров за носител на листа од Достоинство. Знаеш Гуштеров како голем борец од 2001.
 
Така нека биди... Ама нели ако е продајгаз како што го нарекувате значи дека си го продал газот и има пари... Зошто би работел Ирак за да му ги врати парите на Гуштеров ако има пари?
 
Многу слобода сте си дале да судите и да цените човек кој скоро загинал во 2001 само оти не одговара со вашите моментални политички ставови. Тодор Петров поголем патриот е сигурно од Стојанче, срамота е што воопшто пишувате вакви работи.
 
Така нека биди... Ама нели ако е продајгаз како што го нарекувате значи дека си го продал газот и има пари... Зошто би работел Ирак за да му ги врати парите на Гуштеров ако има пари?
Па може мислеше на случајот со Гуштеров или со БЦ. Во тој случај треба да е екс-продајгаз.[DOUBLEPOST=1457424471][/DOUBLEPOST]
Многу слобода сте си дале да судите и да цените човек кој скоро загинал во 2001 само оти не одговара со вашите моментални политички ставови. Тодор Петров поголем патриот е сигурно од Стојанче, срамота е што воопшто пишувате вакви работи.
Го судам како политичар. Тој е политичар моментално. За 2001 секоја чест. Тој е меѓу десетиците повредени во конфликтот 2001.
 
Па при вака совршена состојба во државава на секое поле, тешко е да се замисли некој да биди против власта а да не е потплатен Соросоид или Гуштеровоид како во случајов на Стојанче...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom