Тоталитарниот режим на Ердоган, политичката иднина на Турција

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Недолго после кулминацијата на сириската граѓанска војна, мечката заигра и во дворот на турскиот самопрогласен "султан", авторитарниот владетел на турската република Реџеп Таип Ердоган.
На последните случувања со преземање на управувањето со про-опозицискиот весник "Заман" се гледа како уште еден во низата обиди на ревносниот "спроведувач на турската правда и развој" да ги неутрализира сите политички и општествени противници.

7224106-3x2-700x467.jpg

Бизарноста во овој политички поход за "заштита на ликот и делото" е тоа што паралелно со систематската борба против курдските сепаратисти, опозициските партии и движења, ограничување на секуларноста, човековите права и слободи и слободата на информирање, промовирањето на панисламистички и нео-отомански амбиции, оваа политика се спроведува и на индивидуално ниво, па така во последните 18 месеци се покренати околу 2000 тужби против граѓани за навреда на претседателот. Засега Ердоган преку ставање под контрола на судството и армијата успева да се одбрани без посериозни последици од сите протести како и од (домашните и меѓународни) обвинувања за коруптивни дејности на блиски лица од неговото семејство и опкружување.

146470_600.jpg

На надворешнополитички план ситуацијата исто така се комплицираше. Турција како еден од главните поттикнувачи, и финансиски и логистички поддржувачи на антивладините формации во Сирија успеа да ги наруши добрите односи со Руската Федерација поради што трпи не само во делот на геополитиката туку и во сферата на приходите, пред се во областа на туризмот и земјоделието.
Курдските сепаратистички движења исто така се активираа во регионот на Дијарбекир каде што и покрај ограниченото известување во светските мејнстрим медиуми се случува вистински воен конфликт помеѓу армијата и сепаратистите, а терористичките напади извршувани од страна на Курдите и ИСИС станаа вообичаен дел од турското секојдневие.
Сето погоре набројано плус ситуацијата со бегалците и врските со исламистите спротивно од јавно калкулантскиот однос на турската власт се чини само повеќе ги заоструваат односите со поголемиот дел на земји членки на НАТО и ЕУ, чии официјални претставници во последниот период отворено ги критикуваат потезите на турската власт.

491414232.jpg

Генерално речено хаосот во главата на Ердоган, се повеќе се пресликува во турското секојдневие и реалност.
Какви се перспективите во делот на внатрешната стабилност и надворешната политика на Турција? Се чини дека амбициите за зајакнување на регионалното влијание на Турција ќе останат само пуста желба.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Вистина е дека ЕУ и НАТО ги критикуваат потезите на Ердоган, ама нешто посебно во врска со тоа нема да превземат зошто Меркел сака да ја реши ситуацијата со помош на Ердоган и поради тоа засега остатокот од ЕУ ќе ја следи логиката на Меркел зошто Германија е во моментов таа земја која „пали и гаси“ во Европската Унија. Инаку весникот сè уште си функционира ама сега во моментов го водат пиуни на Ердоган. Тој весник е сопственост на Фетулах Ѓулен најголемиот ривал и на Ердоган кој се обидува на секаков можен начин од САД да го собори Ердоган, кој од друга страна за Ердоган претставува (покрај Курдите) неговата најголема опасност. Само тој човек може да го собори Ердоган од власт и никој друг. Како и да е Ердоган сè уште не може многу да му наштети зошто движењето на Гилен е огромно и моќно и поседува многу повеќе во Турција од еден медиум. Движењето на Ѓулен во Турција е забрането од страна на Ердоган и неговата тоталитаристичка влада и е ставено на листата на терористички организации, но и тоа не му помага. Читам сега Кирби го осудил упадот во весникот најостро.

Инаку не е превземена само контролата врз „Заман“. Извршена е рација и на други места, мислам дека уапсија и еден главен уредник на курдски весник (за ова не сум сигурен).

Што се однесува до Европската Унија, таа засега ќе си молчи зошто така ѝ одговара на Меркел, зошто таа мисли дека тоа што таа го прави со Турција во моментов е правилно. Наливот на бегалци нема да се намали, а Турција ќе поставува и натаму предуслови и ќе бара понатаму пари. А за овој проблем инаку нема потреба воопшто да се вклучува Турција. Турција може на многу лесен начин да биде блокирана од страна на ЕУ има ЕУ капацитет да ја затвори тотално границата со Турција и дури и да ги условува зошто за Турција најважниот економски партнер е ЕУ. Ќе се свести подоцна Меркел дека сето ова е грешка што го прави кога станува збор со Турција и ред други работи...
 

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Добро, ако Путин за западот е диктатор тогаш Ердоган каков е ? Зошто не наметнат веднаш економски санкции на Турција како оние на Русија. Тоа ти е типично западно лицемерие ебате.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Има грб сила да соборува Руски авиони сега нато нека му даде поголем грб и сила да ги реши проблемите што Русите со курдите дополнително му ги создадоа
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208
Турција го прави тоа што мора да го прави, ако сака пак да си ги врати зоните на влијание. Прво треба да ја укине секуларноста, да ги забули жените повторно и да го зголеми наталитетот.

После тоа, со помош на некои потурци (како оној космосиранион кај нас, кој на Телма рече дека имал генијален план за прием на 200.000 студенти од Турција и од кој едни лигави црви прават херој) да проба тој вишок на луѓе да го извезе на Балкан и Блиски Исток. Ако цврсто држат до тој план, за 50 години од сега ќе имаат многу добра основа комплетно да си ја повратат територијата.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Турција го прави тоа што мора да го прави, ако сака пак да си ги врати зоните на влијание. Прво треба да ја укине секуларноста, да ги забули жените повторно и да го зголеми наталитетот.

После тоа, со помош на некои потурци (како оној космосиранион кај нас, кој на Телма рече дека имал генијален план за прием на 200.000 студенти од Турција и од кој едни лигави црви прават херој) да проба тој вишок на луѓе да го извезе на Балкан и Блиски Исток. Ако цврсто држат до тој план, за 50 години од сега ќе имаат многу добра основа комплетно да си ја повратат територијата.
Треба да си го реши и проблемот со Курдите, 20% се од популацијата и уште растат. А за Фиат се слагам. Што колнење удри, јас Македонец, јас ваков, јас онаков. СДСМ ако си има такви привезоци, боље и воопшто да не се појавува на избори.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
И Ердоган и Ѓулен се конзервативни исламисти. Па не би било лошо вака да се јадат меѓусебе. Весникот Заман е во сопственост на Ѓулен. Иначе од овие судири најмногу може да поентира опозицијата. До пред две години Ердоган и Ѓулен беа најголеми партнери. После овие работи јас не верувам дека Ердоган ќе владее уште многу долго. За две или три години ќе му заврши политичката кариера на Ердоган. Опозицијата во Турција ќе има многу големи шанси во иднина за една голема историска победа.Републиканците кат тат ќе победат.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
:confused:Дежаву?????
или ова веќе го имам негде видено
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.309
Поени од реакции
1.829
Слободни медии нема, едниот тип се државни којшто вршат пропагирање на политиката на управувачката елита или приватни кој пропагандираат политика и вредности на сопственикот или мнозинството на акционери со управувачки акции.
Ако државата е слободна и не е преземена од злото ќе пропагандира нормални вредности од тип сувереност на државата, здраво семејство, смртна казна за особено тешки кривични дела, во другиот случај ќе ги пропагандира вредностите на соодветната идеологија. Да речеме ИД пропагандира ширијат и најлошото експанзија, целиот цвет да стане една голема држава, без граници, убивање или исламизирање на неверниците. Другиот случај се САД и ЕУ, тие пропагандираат неолиберализам, експанзија, целиот свет. да стане една голема држава, без граници, педофилија, хомосексуализам, зоофилија, наркоманија, криминал, разбивање на традиционалното семејство.
Весник Заман е во сопственост на Ѓулен, којшто живее во САД, тој една од тоталните марионетки од тип Меркел, Оланд, Ал Багдади, на 100% послушен, единствена разлика меѓу исламистот Ердоган и Ѓулен е тоа што Ердоган е на 80% послушен.
Не случаен беше мајданот на Таксим, слично како во Украина или Македонија пробаа да направат пуч, еден од организаторите беше Ѓулен, тој е нешто како Турскиот Сорос. Не ми е сосема јасно зашто ЦРУ сака да го тргне Ердоган но сигурно имаат големи несогласувања по некоја важна тема.
Во конкретниов случај го оправдувам Ердоган, не треба опозициони партии тип Заев и медии да се финансираат од странство, тоа е колонијална психологија, државно разградувачка дејност. Евентуално би било воред ако некој сака стварно да помогне на Турска да се ослободи од исламистот Ердоган, но во конкретниот случај ЦРУ сакат да стават полош исламист од него.
 
Последно уредено:

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.069
Поени од реакции
1.246
Добро, ако Путин за западот е диктатор тогаш Ердоган каков е ? Зошто не наметнат веднаш економски санкции на Турција како оние на Русија. Тоа ти е типично западно лицемерие ебате.
Една слика што може да се опише со многу зборови.
12250001_538545299646106_7104628818793832179_n.jpg
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208
Треба да си го реши и проблемот со Курдите, 20% се од популацијата и уште растат. А за Фиат се слагам. Што колнење удри, јас Македонец, јас ваков, јас онаков. СДСМ ако си има такви привезоци, боље и воопшто да не се појавува на избори.
Јас се надевам дека Русија ќе им ги вооружа Курдите, за да не може да дигнат глава од нив во наредни 50 години. Ама не би им ја потценувал моќта.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.429
Поени од реакции
5.111
Јас се надевам дека Русија ќе им ги вооружа Курдите, за да не може да дигнат глава од нив во наредни 50 години. Ама не би им ја потценувал моќта.
Русија веќе им ги помати плановите на Турците (и на Саудијците и на Американците) да создадат силно влијание во пост воена Сирија, со кое скоро директно ќе ги контролираа Курдите и ќе им ја одложеа шансата за сопствена држава со децении.

Но ситуацијата до овој момент е комплетно спротивна. Создавањето на Курдска држава е многу поблиску отколку пред војната во Сирија.
Курдите се веќе одлично вооружани и тоа не од Русите, туку од Американците и секој судир ќе биде кобен за Турците.
Турција моментално нема избор и сосем е можно Турска војска да влези копнено во Сирија да се пресмета со Курдите. Југоистокот на Турција веќе е ист како Кандахар во Авганистан, бомбашки напади, престрелки се секојдневие.
А Курдите се повеќе напредуваат во Сирија на сметка на ИСИС (каде Турците имаат инвестирано доста), што значи дека Курдите полека ќе бидат имуни на пораз, имајќи предвид дека покрај доброто вооружување, распространети се во 2 и повеќе држави, поддржани од 2 и повеќе моќни играчи.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Јас се надевам дека Русија ќе им ги вооружа Курдите, за да не може да дигнат глава од нив во наредни 50 години. Ама не би им ја потценувал моќта.
Комплицирана е ситуацијата. Америка го поддржува сириското крило на ПКК, кои се борат и заедно со Русите, а воедно и сакаат да креираат автономни региони на границата со Турција. Од друга страна Асад не попушта и сака да ја зачува Сирија онаква ко што си беше. Ќе биде интересно ако Американците и Русите се договорат Курдите да имаат одреден степен на автономија во Сирија. Тогаш можно е и Турција да влезе, ама мислам дека и Путин нема дужен да остане и да ги остави на цедило Курдите. Единствен конфликт на интереси меѓу Америка и Русија е останувањето на Асад на власт.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
На Турците ќе им остане Македонија Косово и Босна како интересна сфера и нејзино протегање во Европа
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Турција го прави тоа што мора да го прави, ако сака пак да си ги врати зоните на влијание. Прво треба да ја укине секуларноста, да ги забули жените повторно и да го зголеми наталитетот.

После тоа, со помош на некои потурци (како оној космосиранион кај нас, кој на Телма рече дека имал генијален план за прием на 200.000 студенти од Турција и од кој едни лигави црви прават херој) да проба тој вишок на луѓе да го извезе на Балкан и Блиски Исток. Ако цврсто држат до тој план, за 50 години од сега ќе имаат многу добра основа комплетно да си ја повратат територијата.
Ги преценуваш реално. Имаат проблеми и на самата нивна територија, ни таму го немаат решено прашањето со нивните проблематични малцинства а не па проектираат моќ преку нивни малцинства во други држави. Премалубројни се во сите држави каде сакаат да имаат влијание. А дури и да дојде ситуација нешто да пробаат ќе наидат на жесток здружен одговор од балканските христијански држави, во таква ситуација кога би им бил загрозен начинот на живот, балканците би преминале преку сите разлики и проблеми во заеднички настап.
Не го потценувај човек кој е потиснат до ѕид, секој озбилен обид за неоотоманизам ќе го разбуди најпримитивниот и нецивилзациски одговор од загрозените, и никој нема ни со прст да мрдне сега, не е веќе Сребреница и не е 1995, самата геополитичка клима во европа доведува да има се помалку релевантни политички фактори и во генералното расположение кај насалението кои би повторно би застанале на страна на „жртвите муслимани“.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom