Туристка убила лебед за да се слика со него

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.386
Поени од реакции
3.400
Единствена улога на тој лебед е да биде дел од туристичка особеност на Охрид. Значи да плива крај брег да лапа кифли и ѓевреци од туристи и се слика. Е сега сака да јади дака да сери али одбива да се слика.
Па треба да го препарираат и постават на кејо во охрид па да се сликаат цели автобуси туристи покрај тоа неблагодарно суштество
Јас денес ќе јада зелка манџа со јунешко. Тоа јунешко имаше задача да со свое ткиво, месо, коски послужи како храна на нас луѓето. И за таа цел беше одвлечкано, заклано, распарчано на помали парчиња, продадено, а наскоро и сварено и и изедено. Чесно и поштено си ја изврши својата задача и цел на постоење. Нек се замисли тој лебедо чија судбина е полесна, негова шо нишо не работи цел ден безделнечи само крешти и лапа кифли и ѓевреци од туристи или на некое теле, јагне прасе...?
Јас многу повеќе го ценам и поштувам денешното јуне чие парче ќе биди дел од мојата храна од колку еден лебед кој нема ни малце благодарност за лагодниот живот и не дава ништо за возврат
Па се до оној момент додека не е препариран и не е поставен на кејот за да се сликаат туристи со него никој нема право со сила да го тегне,влече,вади од езеро.Тоа е неговото дома а од дома нема никој право со сила да те извади(освен извршители а овде извршители не се поготово туристи)
На твоето јунешко некој друг оддамна му ја предодредил задачата и целта на постоењето ,и на него не му било може до умирање ама кој го врти пошто нели луѓето се желни за месо.
И лебедот не е виновен што неговиот креатор/создател му дозволил и му дал лагоден живот.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278

Охридското езеро е негово дома кога лебедо ќе се прашва дали некој смее да се капи во него дали смее некој кајче да вози по него дали некој смее да фаќа риби во него.
Ако сакаше госпот да го постави лебедот над чоеко ќе го обдареше со ум, разум, заби, мускули.
Вака си го стави лебедо во подреден однос кон чоеко и тој треба да му служи на чоеко како што е напишано во библијата, а овој лебед подобро ќе му служи препариран и мирен од колку таков безобразно арогантен како да е член на СДСМ
 
За мене безобразно арогантен лебед не е лебед којшто се брани кога некој ќе фати да го влече и да има очекувања дека лебедот ќе игра така како што другиот всушност човекот ќе свири.Без разлика дали е животно или човек доколку некој навлезе на твоја територија ќе се браниш и плашиш дека сака да те повреди.
Господ не му дал ниту памет на лебедот за да очекуваме дека оно ќе знае што човекот сака и да дојде слободно со нас да позира и да стане славно суштество.
А за тоа дали подобро ќе служи препариран или жив сметам дека неможе да збориме се додека не ја видиме и другата страна поточно кога би бил препариран каква би била тогаш состојбата.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.880
Поени од реакции
42.558
Лебедов е трауматизиран, треба да ја тужи оваа за трауматскиот шок кој му го приреди за едно селфи.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
За мене безобразно арогантен лебед не е лебед којшто се брани кога некој ќе фати да го влече и да има очекувања дека лебедот ќе игра така како што другиот всушност човекот ќе свири.Без разлика дали е животно или човек доколку некој навлезе на твоја територија ќе се браниш и плашиш дека сака да те повреди.
Господ не му дал ниту памет на лебедот за да очекуваме дека оно ќеќе знае што човекот сака и да дојде слободно со нас да позира и да стане славно суштество.
А за тоа дали подобро ќе служи препариран или жив сметам дека неможе да збориме се додека не ја видиме и другата страна поточно кога би бил препариран каква би била тогаш состојбата.
Од шо се брани бе? една фотка со турист кој ќе му фрли леб и ѓевреци и кој ќе потроши некое евро во неговиот “дом“
Па бред пит ќе застане до некој свој фан да се слика, 2 минути работа.
Али не овој лебед мора да прави драми да вришти да се тепа да се резили пред целата јавност небаре некој на ражен го натакнува.
Ако овој лебед не е спремен да живее со луѓе и се привикни на чоечките навики - нек си се пресели бе на некој дел од езерото кај шо нема жив чоек.
Ај да го видам дал таму вел ден ќе плута по вода и се гости со кифли переци и ѓевреци. Таму ќе треба сам да се мачи за храна, затоа лебедот требаше само ронка разбирање да покаже, да се слика и готово а не да прави сцени без потреба
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.742
Поени од реакции
7.255

А бе не можам да не се сложам колку и да не се слагам. :ROFLMAO:Мамето негово нељубезно... Цел Охрид се скрши од гостопримливост, овој имиџот ни го растура
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
А бе не можам да не се сложам колку и да не се слагам. :ROFLMAO:Мамето негово нељубезно... Цел Охрид се скрши од гостопримливост, овој имиџот ни го растура
Можеби дел од вината е и во локалната власт која требаше да ги истренира лебедите да не бегаат пред луѓе и да се навикнат на сликања али најголемата вина сепак е во лебедот, цел живот јаде од раце на туристи и сега кога место кифла во рацете имаше апарат одма крена бунт.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.880
Поени од реакции
42.558
Можеби дел од вината е и во локалната власт која требаше да ги истренира лебедите да не бегаат пред луѓе и да се навикнат на сликања али најголемата вина сепак е во лебедот, цел живот јаде од раце на туристи и сега кога место кифла во рацете имаше апарат одма крена бунт.
Во времето кога беше градоначалник од СДСМ лебедите имаа човек кој ги тренира како да се понашаат со луѓе да прават селфиња итн, дојде вмровец и се отиде узбрдо. Пошто биле сдсмовци лебедите не сакале да соработуваат со новите тренери на вмро и се збори исто дека скроз ги игнорирале и се понашале многу арогантно кон нив.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.742
Поени од реакции
7.255
Во времето кога беше градоначалник од СДСМ лебедите имаа човек кој ги тренира како да се понашаат со луѓе да прават селфиња итн, дојде вмровец и се отиде узбрдо. Пошто биле сдсмовци лебедите не сакале да соработуваат со новите тренери на вмро и се збори исто дека скроз ги игнорирале и се понашале многу арогантно кон нив.
Од глата си патиме. Зато нема да не биде!
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.201
Поени од реакции
84.096
Јас многу повеќе го ценам и поштувам денешното јуне чие парче ќе биди дел од мојата храна од колку еден лебед кој нема ни малце благодарност за лагодниот живот и не дава ништо за возврат
Земи закољи го лабудот и супа напраи си од него.
(не за друго, него да го поштоваш повише)
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.322
Поени од реакции
21.577
Лет се заебава а овие се напињаат ли се напињаат :ROFLMAO:
Е многу мразам кога некој на вакви теми ќе влезе со коментар како твојов. Абе ќути си. :ROFLMAO:
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.953
Поени од реакции
12.562
Е многу мразам кога некој на вакви теми ќе влезе со коментар како твојов. Абе ќути си. :ROFLMAO:
Ми текна ама доцна, веќе ме цитираа а ќе го бришев мислањето. Ја ебав забавата знам, ко повеќето да не знаеа дека се заебава, си ќутеа и си се смееа. Аматерски од моја страна :tapp:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Во времето кога беше градоначалник од СДСМ лебедите имаа човек кој ги тренира како да се понашаат со луѓе да прават селфиња итн, дојде вмровец и се отиде узбрдо. Пошто биле сдсмовци лебедите не сакале да соработуваат со новите тренери на вмро и се збори исто дека скроз ги игнорирале и се понашале многу арогантно кон нив.
Срамота е да го користите лебедот за предизборни цели, лебедот се знае дека е член на СДСМ и со вакво понашање само сака да и нанесе штета на власта која го исполнува ветеното, вработува, инвестира и гради, додека вие само седевте по штабојте и јадевте ќебапи а ве служеа млади невести
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.880
Поени од реакции
42.558
Срамота е да го користите лебедот за предизборни цели, лебедот се знае дека е член на СДСМ и со вакво понашање само сака да и нанесе штета на власта која го исполнува ветеното, вработува, инвестира и гради, додека вие само седевте по штабојте и јадевте ќебапи а ве служеа млади невести
Ааа извини, во времето на СДСМ имавме лебеди за пример кои не се груби кон туристите, кои знаат што е добро и културно понашање, а не сега вие да ги користите во својата предизборна кампања, нашите лебеди нема да подлегнат под вашите партиски притисоци
 
Kajgana Shop

На врв Bottom