Текстови од омилени македонски народни песни

  • Креатор на темата Креатор на темата Doc Holliday
  • Време на започнување Време на започнување
@.Sky. шо не викаш на чашка ракија и туршија салата зимава бе? :D ( иии прв пат ја гледам темава(n))

Две мои омилени песни кога се работи за љубовта, ги порачувам секогаш кога имам прилика на некој себап...:pijanco:

https://www.youtube.com/watch?v=e7r9RNPfqD8

Жал за Деспина
Што ме разбуди стара мајко,
пусто срце ми е уморно,
од јадови за Деспина,
вчера мајко ја посвршија.

Две музики свират чалгии,
една весела, друга таговна.
Прва за неа, пеат сватови,
друга за мене, жал за Деспина.

Стара мајко ле, еве минува
и пред порти застанува.
Сите весели, таа солзи две
прошка бара мајко од мене.

Две музики свират чалгии,
една весела, друга таговна.
Прва за неа, пеат сватови,
друга за мене, жал за Деспина.

И да свирите, и да пеете,
жал за Деспина не ќе помине.


https://www.youtube.com/watch?v=LALd6EvocqU

Саноќ ле Надо
Саноќ ле Надо, саноќ не спијам,
пред порти стојам за да те видам.
Очи ми солзат, срце тагува
сè заради наш'та ле Надо пуста разделба.

Излези Надо барем до порта,
за да ти видам белото лице,
белото лице, црните очи
и тие Надо мори гајтан веѓи.

Не можам Ѓорѓи, не можам либе,
не можам на порти да излезам,
порти ми Ѓорѓи мајка затвори,
пенџер ми Ѓорѓи море татко соѕидал.

Татко ти Надо, та и мајка ти
Бог да ги бие, огин изгорил,
порти ќе турнам, пенџер ќе урнам
и тебе слатка ле Наде јас ќе земам.
 
@.Sky. шо не викаш на чашка ракија и туршија салата зимава бе? :D ( иии прв пат ја гледам темава(n))

Две мои омилени песни кога се работи за љубовта, ги порачувам секогаш кога имам прилика на некој себап...:pijanco:

https://www.youtube.com/watch?v=e7r9RNPfqD8

Жал за Деспина
Што ме разбуди стара мајко,
пусто срце ми е уморно,
од јадови за Деспина,
вчера мајко ја посвршија.

Две музики свират чалгии,
една весела, друга таговна.
Прва за неа, пеат сватови,
друга за мене, жал за Деспина.

Стара мајко ле, еве минува
и пред порти застанува.
Сите весели, таа солзи две
прошка бара мајко од мене.

Две музики свират чалгии,
една весела, друга таговна.
Прва за неа, пеат сватови,
друга за мене, жал за Деспина.

И да свирите, и да пеете,
жал за Деспина не ќе помине.


https://www.youtube.com/watch?v=LALd6EvocqU

Саноќ ле Надо
Саноќ ле Надо, саноќ не спијам,
пред порти стојам за да те видам.
Очи ми солзат, срце тагува
сè заради наш'та ле Надо пуста разделба.

Излези Надо барем до порта,
за да ти видам белото лице,
белото лице, црните очи
и тие Надо мори гајтан веѓи.

Не можам Ѓорѓи, не можам либе,
не можам на порти да излезам,
порти ми Ѓорѓи мајка затвори,
пенџер ми Ѓорѓи море татко соѕидал.

Татко ти Надо, та и мајка ти
Бог да ги бие, огин изгорил,
порти ќе турнам, пенџер ќе урнам
и тебе слатка ле Наде јас ќе земам.
Ако си боем со киј може да се пие и пее зошто да не една тура од мене кебапи и салатка плус ракиичка добра, нормално домашна и песни за душа полнење.

Иначе таа жал за деспина да не ти ја пеат пошто ако ти ја пест срцето од емоции ќе ти прсне

Иначе во Скопје има ли места кај што има ваков вид на песни?
 
Што да прам, кога жива вистина е таа Деспина... тогаш не прсна, сега не верувам.
За Скопје не знам дал има такви места, не живеам СК.


https://www.youtube.com/watch?v=jcLbpaaX1iY

Нарочува бело Менде, порочува
Нарочува бело Менде, порочува:
„Како знојеш, аџи Павле да си дојеш“.

Да си доеш, аџи Павле пред Петровден,
пред Петровден, аџи Павле, две недели.

Ако не доеш, аџи Павле, пред Петровден,
ќа го најеш бело Менде оможено.
 
Пред некоја вечер на канал 77 мислам беше, слушнав неколку народни песни, од кои едната никако да ја најдам. Се спомнуваше нешто Рафаил, брат, браќа,...имаше пет или шест рефрени. Некој нешто да не знае која е и, каде да најдам такви народни песни?
 
Здраво, барам песна што го има името Соња и ми кажаа дека таква имаат Нели ти реков, ама не можам да ја најдам. Ако знае некој да пиши. Фала
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom