Научна фантастика / фантазија во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата SquareOne
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 март 2016
Мислења
1
Поени од реакции
0
Поздрав.Како што може да се види од насловот,имам прашање во врска со жанрот на научна фантастика / фантазија во Македонија.Поконкретно,во врска со неговото присуство.

Колку е читан овој жанр(од ваше лично искуство),и...дали воопшто има некои (македонски) автори кои што имаат објавено книги од истиот?

Ако некое од овие прашања звучат...глупаво,се извинувам,но не сум некој кој што многу чита(повеќе сум по филмови) :)
 
Иам читано ја некои такви книги али ги бирам оние нез поише што ке ми фатат око, по реалните
 
Немаш публика овде за тоа... Рано е уште, 2030та ќе почнат.... многу затуцан народ живее во оваа држава, овде таквите жанрови се сметаат за детски, глупави, идиотски, наивни, летаат со паметот, нема да фатиш женска итн, итн.... Следствено тоа ниедна Македонска издавачка куќа не се труди да преведе такви романи на наш јазик.....Кој ќе ги чита? Сите 11 души од 2 миљона народ?
Ќе се шлепаш со изданија од српските Вулкан и Лагуна или Bookdepository и бистри англиски...
Енда Дина не успеаа да ја локализираат еден Хиперион од Ден Симонс али затоа Пауло Коељо и помодарството цвета...за ограничена публика која гледа колку и еден впрегнат коњ и тоа е многу.
 
Потполно си во право. А изгледа дека е и поарно да не ги преведуваат SF романите ако тоа го прават на начин како што направија со Автостоперскиот водич ( мислам дека знаеш која катастрофа од превод е ) . Јас го имам дома Автостоперскиот водич на српски превод и ми се чини дека е прилично добро преведен . Се што досега сум прочитал од SF жанрот ( а сум прочитал многу ) , било на српски превод и тоа претежно изданијата на Поларис . Колку што знам дури ни Одисеите од Кларк не се преведени на македонски , а не па некои понови дела како што е Хиперион . Што се однесува до читачката SF публика кај нас , за жал ја нема многу и тоа баш од причините кои ги кажа ти во постот .
 
Немаш публика овде за тоа... Рано е уште, 2030та ќе почнат.... многу затуцан народ живее во оваа држава, овде таквите жанрови се сметаат за детски, глупави, идиотски, наивни, летаат со паметот, нема да фатиш женска итн, итн.... Следствено тоа ниедна Македонска издавачка куќа не се труди да преведе такви романи на наш јазик.....Кој ќе ги чита? Сите 11 души од 2 миљона народ?
Ќе се шлепаш со изданија од српските Вулкан и Лагуна или Bookdepository и бистри англиски...
Енда Дина не успеаа да ја локализираат еден Хиперион од Ден Симонс али затоа Пауло Коељо и помодарството цвета...за ограничена публика која гледа колку и еден впрегнат коњ и тоа е многу.
Па секогаш по интересни ке бидат лимунади со хорни тинејџерки шо се преокупирани како да се самозадоволат отколку пишани уметнилки дела.
 
Има читатели на жанров кај нас. Не се премногу, ама не се ни толку малку како што некој би помислил, независно од тоа дали се преведувани дела од овој жанр или не се преведувани. И што ако ги преведат? Мислам, го ѕирнал ли некој македонското издание на „Автостоперскиот водич низ галаксијата“ и другото од Адамс? Што згрешиле Кларк, Асимов, Херберт, Зелазни, Легвин, Волф, Дик и другите, па некој и нив недоветно да ги преведува?
Научната фантастика, хоророт и епската фантастика се во истата дупка кај нас. Дури и кога не изгледа така. Бројот на нивните читатели никогаш не бил премногу голем (во Македонија никогаш ништо не се читало доволно, така било и порано, а за сегашноста и за иднината во врска со читањето книги не вреди да се пишува) за некој да има есап да плаќа авторски права, добри преведувачи и печатници за дела кои повеќето заинтересирани читатели или ги прочитале, или ги купиле или пак не можат да си дозволат да ги купуваат. Малите тиражи наметнуваат високи цени. Големите тиражи овозможуваат поволни цени, ама задолжителна е бројката од повеќе илјади муштерии, за да има издавачот некаков ќар. Финансиски повеќе се исплатува да се печатат учебници (пожелно е учениците и студентите да ги имаат), исповеди на српски и др. певаљки, книги за инстант богатење, за инстант љубов, здравје и среќа. Не секој што чита има пари и обратно. Се' се сведува на есап кој го нема.
 
Колку е читан овој жанр(од ваше лично искуство),и...дали воопшто има некои (македонски) автори кои што имаат објавено книги од истиот?

Имаш тема овде, во врска со дела надвор од МК, али имаш луѓе кои ги читаат, ако бараш истомисленици читатели, барем во жанрот фантазија. Иако темата е херојска/епска фантазија, се дискутира претежно се што спаѓа под капата на фантазија како жанр.

Наши автори кои пишуваат фикција има. Има и тие кои творат под капа на фантазија и научна фантастика. Но за последново повеќето пишуваат на друг јазик и издаваат во странство, под псевдоними. Или барем така сум чул. И јас брзо баталив тука да издавам затоа што како што рекоа другите, тука нема пазар за тие жанрови. Барем не толкав да вреди локално да гради човек кариера. Читачката публика е зголемена во споредба со поранешни времиња, ама нажалост споро расте. Зошто тоа е така е комплицирана и длабока тема која бара посебна дискусија.

Ако те интересираат книги од таа природа, подобро фокусирај се на странски наслови, па дискутирај ги истите со истомисленици на социјалниве мрежи и форуми, еве како овој. Друг предлог немам, за жал.

Ако некое од овие прашања звучат...глупаво,се извинувам,но не сум некој кој што многу чита(повеќе сум по филмови) :)

Повеќето луѓе се по филмови и серии. Затоа што биолошки сме градени на начин што визуелно примаме и процесираме најмногу информации. Башка кинематографијата овозможува брзо и упадливо раскажување на приказна, за разлика кај книгата, која раскажува приказни на сосема друг начин. А си има свои бенефити во однос на раскажување на една приказна што кај кинематографијата па се ограничени и или скроз не постојат :).
 
Голем фан сум на жанрот, но досега сум сретнала само една книга од македонски автор. И искрено, воопшто не ми се сфиѓа. Станува збор за Експеримент 51 од Методија Диневски. Самата идеја му е добра но целата книга е премногу наивна, како за мало дете. Евај до пола стигнав и ја оставив.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom