Ако ја одржиме формата од последниве неколку месеци може конечно и ние да имаме една интересна сезона после долго време. Во однос на Рома имаме далеку полесен распоред до крај, а со Фиорентина сме тука негде. Нашиов распоред јас би го поделил во два дела и тоа :
прв дел - Сасуоло и Киево (гости), Лацио (дома), Аталанта (гости) и Јуве (дома)
втор дел : Сампдориа (гости), Карпи (дома), Верона (гости), Фросиноне (дома), Болоња (гости) и Рома (дома).
Во ‘‘првиот дел‘‘ реално имаме доста незгодни утакмици од кои што не може да планираме однапред 3 бода. Тука ќе мора да одиграат нашиве машки и да останат во игра за тоа 3то место за кое што сеуште постои некаква надеж. Дали навистина имаме тим за тоа 3то место или напразно си правиме филмови ќе знаеме до средината на Април. Ако не дозволиме да ни се одлепи третиот и останеме на -6 бодови во одност на Рома/Фиорентина или дај боже да ја намалиме разликата до дуелот со Јуве на помалку од 6 бодови тогаш ќе имаме реални шанси да се надеваме за местото кое што води во ЛШ затоа што во завршните 6 кола имаме на хартија доста лесни утакмици.
Во овој ‘‘вториов дел‘‘ ако сеуште сме во игра за местото кое што води во ЛШ ќе треба само да потврдиме дека сме екипа која што заслужува да игра во најквалитетното европско натпреварување. Во првиот дел баш на овие второлигашки утакмици си ги сјебавме шансите за висок пласман, но од тогаш наваму покажува екипата дека знае како со ваквите противници и ако случајно ни се укаже шанса да ја нападнеме таа 3та позиција се надевам дека нема пак да се посерат нашиве кога е најмалку потребно. Ќе гинат во тој дел од сезоната и овие маливе екипи затоа што ќе се борат за опстанок, но екипа што сака да игра ЛШ не смее да си дозволи киксови со потенцијалните второлигаши.
Горе-доле сами си ја кроиме судбината и ако имаме тим за 3то место верувам дека ќе се избориме, а во спротивно ќе се надеваме дека летоска ќе се донесат 3-4 асални играчи со кои што идната сезона би имале и тоа како реални шанси за излез во ЛШ. Искрено прашање е дали воопшто заслужуваме излез во ЛШ после киксовите со тимовите што ги спомнав пред ден-два, но кога веќе ни се дава втора шанса зошто да не се обидеме да ја искористиме ...
