Конфликтот во Сирија

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.764
Поени од реакции
26.330
ФСА е Мит, најголем дел од територијата што не е под контрола на Асад е под окупација од групации како Ахрар ал Шам, Џаиш ал Ислам, во Идлиб таканаречената Џаиш ал Фаташ или во англиски превод Army of Conguest, Исламски Фронт, Ал Нусра и други групации составени од милитанти од Египет, Мароко, Ирак, Јордан и другите арапски земји. Друга работа ФСА е во сојуз и соработка со Ал Нусра, што според договоротја прави легитина мета. Инаку Ахрар ал Шам изгуби највеке територија на северот на Алепо ( џебот на Турската граница) па го одби примирјето. Единствено кај Дараа, да има нешто што е ФСА ама и таму е матно бидејки има големо присуство на Ал Нусра и ИСИЛ
Па тоа сакам и да кажам, вистинската сила на опозицијата се исламистичките групи. Тие не се опфатени во примирјето, набргу ќе испровоцираат некој напад од територија на ФСА и прекинот на огнот, нема да важи ни таму кај што важи (ако воопшто почне да важи).
Во моментов не гледам друго решение на Сириската криза освен воена победа, па и тогаш тешко, имајќи ја во предвид запалената и издиференцирана околина. Бруталната кампања што ја наметна ИСИС не е без причина. Една од причините е да створи јаз и јасна диференцијација меѓу народот. Од оваа точка, во овој момент, а и генерално оваа генерација, нема да се врати по мирен пат. Или ќе глеаме поединечни брутални војни до бескрај(попут оваа во Сирија), или една регионална, ако не и поширока војна.

Јас повеќе мислам дека војната ќе се рашири вон границите на Сирија и Ирак. Моментално ИСИС има потврдени територии во неколку држави. Сирија, Ирак, Јемен, Авганистан, Египет, Либија и Нигерија. Станува збор за сериозна организација со многу цврсти корени, со свои следбеници и прикриени војници насекаде во светот. Крајната цел им е јасно исцртана, начинот на делување познат, и прашање е на време кога ќе започнат поголем хаос.
 
Последно уредено:

Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Ни УС ни Русија нема да попуштат, така да реално е сценариото за поделба, само баш ме интересира како ке го делат Алепо, дали ке градат Берлински ѕидови? Во секој случај за месец дена ке се знае, еве некои опозициски групи објавиле дека ке го почитуваат примирјето 2 недели ( таман за да се обноват залихите и да донесат нови засилувања преку турската граница
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.764
Поени од реакции
26.330

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
1.082
Па нели рековме дека примирјето не важи за исламистичките групации. Што се чудиш?
Со ова темпо не се гледа крајот на ова војна. Сите држави се прљави кога станува збор за Сирија.
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Не ми е јасно сега со примирјево која е целта, бидејќи ако опозицијата и власта се смират, тоа не значи дека ќе тргнат против ИСИЛ. Туку баш спротивно Сирија ќе си потпише капитулација во момент кога победа е на повидок.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719

Каква победа, кога таму сите губат.
Оваа војна не е војна на сирискиот народ, и не е револуција за соборување на Асад. Ова е војна на големите сили односно Западот којшто алчно посака да му стави крај на руското геополитичко влијание во овој дел од светот ветувајќи им зголемување и зајакнување на регионалното влијание на исфрустрирани пропалици како Турција и С. Арабија.
Војната дојде преку Турција, Турција и ќе го прекине ова чудно примирје (кое не го бараше ниту една од вооружените страни во конфликтот), војната и ќе заврши во Турција.

Инаку ако мислиш на Асад, ќе му треба уште толку време (најмалку 3 години) на непрекинат воен конфликт за да се каже дека ја победил војната. Тоа се уште најмалку стотина илјади убиени војници.
Моментално на терен нема победник, а иако никој не сака да признае речиси сите (освен лудаците од ИСИС и Ал Каеда) се уморни од овој конфликт и сите се надеваат најголемите проблеми да ги решат на преговарачка маса и таму да ја добијат војната.

Во моментов може само да се зборува за промена на позициите. Позицијата на Асад се зајакна после отворената поддршка од страна на Русија, која успеа да го осуети турско-саудискиот план за негово соборување (а заради реализирање на своите регионални амбиции), којшто план беше силно поддржан од страна на западните земји на чело со САД.

Позицијата на опозициските сили силно се комплицираше. Тие како теренски играчи на Турција на своја кожа ја почувствуваа неспорната супериорност на Русија во однос на Турција. Уште се намали и поддршката која ја имаа во западната јавност после обелоденувањето на шемите преку коишто западната помош стасува во рацете на ал-Нусра, трговијата со ИСИС, и сознанието дека всушност најдобро организираните опозициски сили се всушност приврзаници на исламскиот фундаментализам. А таквите сили видовме до што доведоа при "револуциите" во Египет и Либија.

Курдите од ден во ден стабилно растат, користејќи ја традиционалната политичка наклонетост на САД и многу корисната поддршка од Русија која се наметна како потреба во овој конфликт.
ИСИС се во стагнација.

Се на се ако се земат во предвид сите сили (Асад и армијата, опозицијата со нејзината поделба на поумерени и исламисти, ал-Нусра, ИСИС, Курдите, Турција, Иран, С. Арабија, Русија и САД) нивните интереси и средствата со кои располагаат, оваа војна може слободно да потрае уште 5 години и повторно да нема единствен победник. Едноставно во Сирија се судрија многу глобални и регионални политички играчи, а военото решение е само делумно решение на овој конфликт.
Од тој аспект засега Турција е најголемиот губитник во сириската војна.

Инаку денес во координиран напад неколку групи на терористи од ИСИС навлегоа од север преку територијата на Турција во Тел Абјад, пограничен град на сириско-турската граница, додека од јужната страна исто така се обидуваат да направат продор кон турската граница. Анадолското бркче се чини дека е многу очајно и незадоволно од настаните на терен и се обидува на секој можен начин да не дозволи курдска контрола на поголемиот дел од границата кон Сирија..

φοτο11.jpg
 
Последно уредено:
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.288
Поени од реакции
1.786
Една моја анализа за примирјето во Сирија.
После помошта на Русија и Иран за Сирија се гледаше крајот на војната и тотална војна победа за сиријците, САД и ЕС не сакат таков развој на ситуацијата затоа кога губат на бојното поле пробуваат со политички методи, примирје, охридски договор... Идејата на САД е дел од ИД да ги префарба и преку ноќ да станат умерена опозиција и да влезат како партијата на Ахмети во парламентот, помош на Курдите со цел да имаат уште една територија или партија во Сирија, плус повод за санкции против Русија при нарушување на примирјето. Нешто како Дејтонскиот договор.
Целите на Русија се запазување на целоста на Сирија и победа за Асад, зашто решија да прифатат преговори иако знаат дека западот не игра чесно и кој се нивните цели?
Ако ја погледнете картата ќе видите дека територијата на овие 'Умерените Терористи" е не повеќе од 12%, на курдите исто толку, Асад има територија кај да ослободува, најголемата територија на 'Умерените Терористи" ИДЛИБ е одделена од област Алепо и Рака, така да е невозможно да прескокнат преку територијата на Асад да го постават зеленото знаме и овие од ИД преку ноќ да станат умерени и да кажат ние ја ослободивме Рака. Мал проблем е област Алепо таму имаат област сврзана со Турска и многу брзо без борба 'ослободуваа' градови од ИД, мислам дека првата работа на Асад ќе е да ја пресече оваа територија и да ги опакова овие умерените.

Исто така во тие дванаесетинка проценти на умерените има градови под контрола на ИД, Асад и Русија имаат право да ги бомбардираат и ослободуваат, така да може и од внатре да ги расечат и разбијат на помали парчиња. Целата таа умерена и неумерена опозиција е многу деморализирана, во почетокот на војната можеби тие војни дезертери го дигнаа бунтот против Асад од идеали, но сега гледаат што всушност стана, ако земеме дека во моментов 75% од населението живее во територијата под контрола на Асад е јасно кого подржува народот, главницата на бегалците е од територии под контрола на 'умерените' и ИД што е јасен знак колку подршка имаат исламистите од сирискиот народ, при прва шанса и создавање на критична маса ќе и го удрат ножот на терористите. На крај кога Асад ќе контролира 90% од територијата може и со операција од типот на хрватската 'Олуја' да ги ослободи и последните десетина процента територија на умерените терористи.
Малку убави вести од примирјето во Хомс град Ал Ганту е доброволно предаден на сириската армија, по своја воља умерените решија да станат енклава град држава Ал Дар.

Слично е и во град Нахта област Дараа

Капитулација и во град енклава Ат Тел област Дамаск, таа енклава повеќе не постои.

За сега работиве се развиваат добро, но треба да се има предвид каков непријател се САД и ЕУ и дека се може да очекуваме од нив.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.764
Поени од реакции
26.330
Не ми е јасно сега со примирјево која е целта, бидејќи ако опозицијата и власта се смират, тоа не значи дека ќе тргнат против ИСИЛ. Туку баш спротивно Сирија ќе си потпише капитулација во момент кога победа е на повидок.
Ако постоеле некои умерени борци (прелажани со западната пропаганда), тие се одамна радикализирани или уништени. Ако сепак има некои вакви борци, тие се изолирани, поделени, раштркани и држат вкупно 20тина села. Тие со голема радост би ја дочекале победата на Асад. За нив важи примирјето. Војната во Сирија не е престаната, ниту ќе престане во блиска иднина, Ал Нусра почнала со жестоки напади одма после прогласувањето на примирјето. Најсилните групации, не се офатени во преговорите. Самото примирје е толку ограничено, што е смешно како тоа се најавува како спектакл и успех на западната дипломатија.
 
Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Курдите многу лоша стратегија имаа во последните неколку недели, наместо да тргнат во целосна офанзива да го искористат моментот што и Асад и се приближи до Рака и нивните Сили пресекоа важни патишта, тие стигнаа до градчето Шадади и држеа некакви политчки говори и беа пасивни. Се очекуваше ваков напад на ИСИЛ по Курдиските територии на сосема друг дел од фронот. СЕКОГАШ ја имаат истата Стратегија, толку се провидни што сеуште ме чуди како не се победени. Еве сега и Американската авијација бомбардира цели во Тал Абад а воедно и Турците ги гранатираат Курдите.

Отворена подршка за ИСИЛ од Ердоган

Tal Abiad: "Turkish forces targeting YPG locations and bombardment by the coalition warplanes targeting IS locations"
 
Ете зошто се пасивни, дека се плашат на воена поддршка од Турција.
 
K

kaiser soze

Гостин
Курдите многу лоша стратегија имаа во последните неколку недели, наместо да тргнат во целосна офанзива да го искористат моментот што и Асад и се приближи до Рака и нивните Сили пресекоа важни патишта, тие стигнаа до градчето Шадади и држеа некакви политчки говори и беа пасивни. Се очекуваше ваков напад на ИСИЛ по Курдиските територии на сосема друг дел од фронот. СЕКОГАШ ја имаат истата Стратегија, толку се провидни што сеуште ме чуди како не се победени. Еве сега и Американската авијација бомбардира цели во Тал Абад а воедно и Турците ги гранатираат Курдите.

Отворена подршка за ИСИЛ од Ердоган

Tal Abiad: "Turkish forces targeting YPG locations and bombardment by the coalition warplanes targeting IS locations"
Не сме пасивни,едноставно Рака не е приоритет,како и ширење на територии под контрола,туку зацврстување на моменталните граници.Инаку,ИСИС е веќе поразена во Гире Спи,имаат и многу жртви,се водат борби во моментов во Слоук.Ќе го јадат и овојпат наголемо гнидите,тоа со сигурност.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Инаку во Тел Абјад упаднаа Турци/Туркомани-членови на ИСИС. Според последните информации целта била да предизвикаат хаос преку активирање на самоубиствени експлозивни појаси. Откако се откриени навреме беа изолирани и елиминирани. Некои се саморазнеле пред да бидат убиени кога сфатиле дека се опколени.
Изгледа се работи за неуспешен обид на анадолското бркче да се одмазди за терористичкиот напад во Анкара извршен од страна на член на курдистанска терористичка група.

CcZlcuIW0AEa8XJ.jpg
 
Прегледај го приврзокот 140386
Истовремено Турција наводно почнале да гранатираат позиции на ИСИЛ, играва е многу јасна. Си ги мијат рацете за нападов, како тоа они немаат врска со ИСИЛ, еве ги граанатираме......
 
Kajgana Shop

На врв Bottom