- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.481
- Поени од реакции
- 5.948
чек малце, ако во собрание, мнозинство на избрани пратеници на декмократски избори нешто одлучат, како се вика кога после тоа, малцинството со насилие сака таа одлука да ја поништи или измени??
Демократија сигурно не е.
Опозицијата наоѓа оправдување во тоа што Уставниот суд на Косово договорот за Заедницата на српските општини го прогласи за против уставен, а Владата не се откажува од него.
Како и договорот за демаркација со Црна Гора, за кој опозицијата и жителите од тој регион велат дека Косово губи 9000 хектари земја, а Владата не се откажува.
Исто така за време на кампањата ветуваа 200.000 работни места, ни 1.000 немаат отворено.
Коалициониот партнер на Тачи ветуваше за време на кампањата дека нема да коалицира со Тачи, а потоа баш тоа го направи.
Опозицијата инсистира да се оди на избори, пошто веруваат дека сегашната Влада ја нема подршката на граѓаните за да донесат одлуки во нивно име.