Не си информиран,грото од жртвите беа курди.
Инаку,според информациите што ги имам,бомбашот во Анкара е курд од Амуде(Рожава),кој најверојатно делувал без наредба од раководството на ЈПГ или ПКК.Како и да е,нападите во Амед и Анкара се логичен след после
масакрите во турски Курдистан,поддршката од Турција на џихадистичките групи во борбата против курдите во Сирија,и гранатирањето на курдските позиции во Сирија од страна на турската војска.
Можна е и инволвираност на турските тајни служби,односно однапред утврдено сценарио,во кое Турција за само неколку часа го открива напаѓачот и нарачателот,за потоа да почне со најжестоки гранатирања кон курдите во Африн,Тел Абјад итн.Тоа на пример не беше случај во претходните бомбашки напади во Суруч,Анкара,Истанбул и Амед.Факт е,Турција во моментов е најзагрозена од курдските аспирации и победите кои ги имаа,ако се земе предвид се поизвесниот референдум за независност во ирачки Курдистан,територијалните освојувања на сириските курди,со поддрршка и од САД,како и од Русија,и можноста за спојување на двата курдски кантони Африн и Кобане,со што би ја ставиле целата северна сириско-турска граница под своја контрола.Историски момент е пред курдската нација,тоа мора да се искористи.