Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

gug1

њњ
Член од
14 мај 2011
Мислења
330
Поени од реакции
101
Овие тука што се платениците, ако мислат дека со 150 поста во темата ќе не разубедат дека убаво живееме, нека не се толку трудат, видено е веќе, Барем источна Македонија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.992
Ако се полициски и параполициски не мислиш дека треба да се плаши за својот живот ако не иде се според нивен план?
Ако тој се плаши од нив, а не тие од него, тогаш сериозно ја заебал работата. Ама мислам дека е на прав пат.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.866
Поени од реакции
18.566
Ако тој се плаши од нив, а не тие од него, тогаш сериозно ја заебал работата. Ама мислам дека е на прав пат.
Не е толку едноставно, и тие структури сега имаат некаква надворешна поддршка, а на секоја акција следи и реакција. Да не се прецени многу самиот, иако ја мислам дека човекот сега моли да му заврши кошмарот па макар и сосема да се повлече од политика.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.710
Поени од реакции
27.676
Не, треба да се тресе од страв од врховниот авторитет кој и упаѓа во лице со камерата. :vozbud:
Кутрата она, оштетена е. Види ги новинариве соросоидни, како не им е срам.
Од тука е она, од Скопје... сеа не знае која улица, дај не зафркавајте. Гласачко место двајспет.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.983
Поени од реакции
12.544
Да, ептен паметно би било да отиде кај Оливера, за да ја импресионира нејзината многубројна публика. Која патем е идеолошки спротивна на се што претставува ВМРО-ДПМНЕ. :D
Е шо е чарето, да се гостува само во емисии на избрани "новинари" кои ја величат идеологијата и да си се тапшаат по рамо 40 минути дека Заев или Бранко е крив? Зошо нема дебата на политички функционери од двете партии, или само едната идеологија треба да се почитува? Нели живееме во демократија? Кога последен пат премиерот одговарал на прашања поставени од новинари? Човекот не знае да склопи една изјава како што треба без да чита, утре да излезе на дебата не мора Оливера, просечен студент со разбирање од тематиката може да го избрише подот со него. Затоа не излегува никаде. Заев ваков таков, имаше муда и беше кај Латас. Ме интересира кога пастирот ќе се накани да гостува во Телма или на 24 вести. Или публиката што ги гледа овие вести е автоматски соросоидна па ја бришеме, небитна е?
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Овие тука што се платениците, ако мислат дека со 150 поста во темата ќе не разубедат дека убаво живееме, нека не се толку трудат, видено е веќе, Барем источна Македонија.
А странските платеници ако мислат дека со 650 поста во темава ќе не убедат дека се борат за правда и подобар живот, а не за фотељи на нивните криминалци, нека не се толку трудат, видено е веќе. Барем цела Македонија.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Од избирачките списоци, Македонија од 1994 до сега има +50% народ. Во 1994 биле 1.360.000, сега се веќе 1780.000.
Нема логика ова. Еден куп се иселени. Само судијкиве што кажаа за личниве карти има преку сто илјади измискени гласачи.

Sent from my EBM8000NBD using Tapatalk
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.735
Поени од реакции
12.166
Нема логика ова. Еден куп се иселени. Само судијкиве што кажаа за личниве карти има преку сто илјади измискени гласачи.

Sent from my EBM8000NBD using Tapatalk
Интересни бројки за споредба.Еве уште нешто. Вкупно жители 2.080.000. Број на гласачи сега 1.800.000 (колку и осигуреници :confused:), број на рег. гласачи од странство (со или без Пустец од Максим Ѓорѓија) околу 8.500. Лица 0-18 години се околу 450.000, нека се и 420. Веројатно сме над 2.200.000.
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.131
Поени од реакции
2.103
А дали е легално косовари и албанци со зелени привремени л.к да гласаат во Македонија а и кој знае по колку души биле пријавени на иста адреса[DOUBLEPOST=1455409279][/DOUBLEPOST]
Како и каде гледате дека 1/2 од Македонија се исселила.
Сите што ги знам се тука,а одвеме навреме само албанците одат на печалба.
А 90%од тие што извадија бг пасоши целта им беше да возат ефтини коли со евтина регистрација и зелен картон
A koj se tie sto vozat kamioni so bugarski - vozacki niz evropa ,gi imat na 5000?[DOUBLEPOST=1455440668][/DOUBLEPOST]Interesna rabota ,studentite sto frlaa jajca dobija zatvorski kazni a kriminalcite gi oslobodija.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Од избирачките списоци, Македонија од 1994 до сега има +50% народ. Во 1994 биле 1.360.000, сега се веќе 1780.000.
Колку државјанства даде Сдсм на мигранти од Косово од 1994 до 1996, а и во периодот 2002-2006???
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Кои се петте судии од Управниот суд за кои е отворена истрага од Специјалното обвинителство?

Петте судии кои ги донеле одлуките за прегласување во Центар, според „тефтерчето“ на „Сведок“ се Ана Герасимовска, Даниела Антовска, Ѓоко Живковски, Нада Иванова и Рахилка Стојковска. дали за нив отвори Специјалното обвинителство истрага?

Текстот е пишуван во 2013 година, сега со мали корекции за временките рокови Ви го претставуваме за да се види, кој и како одлучувал во Управниот суд откако Специјалното јавно обвинителство отвори истраги за 5 судии.

Може ли Управниот суд да ја занемарува волјата на гласачите и на „зелен терен“ на маса, да го одредува победникот на изборите во Македонија? И, кои се всушност судиите на Управниот суд, кои донесоа неколку одлуки со кои ги кренаа на нозе политичките партии, јавноста, граѓаните во засегнатите општини ?- беа начесто поставуваните прашања во изборната 2013, откако судиите ги преиначија одлуките на Државната изборна комисија и наложија ново гласање во општините Центар и Ѓорче Петров во Скопје и Струга.

Ана Герасимовска, судија на Управен суд

Управниот суд е формиран во 2007 година, но по неговите одлуки стана познат по локалните избори 2013 во Македонија, носејќи одлуки да се повтори гласањето во општините Центар и Струга, каде што владејачката ВМРО ДПМНЕ изгуби на изборите, па судот ги прифати нивните жалби што беа одбиени претходно од Државната изборна комисија и наложи трет изборен круг во местата каде што владејачката партија ги изгуби изборите.

Разликата од илјада гласови што ја имаше опозицискиот кандидат Андреј Жерновски, кој го победи кандидатот на владејачката ВМРО ДПМНЕ Владимир Тодоровиќ и досегашен градоначалник, беше засенета од одлуките на судот, каде што беа прифатени аргументите дека бил нарушен изборниот процес со тоа што се барало одговор каде живеат околу 500 гласачи по потекло од Република Македонија, на кои пред изборите им биле издадени лични карти и биле запишани како гласачи во општина Центар, во Скопје.

Управните судии во нивните одлуки тврдат дека дел од луѓето од Пустец и Мала Преспа кои требало да гласаат во Скопје, кога виделе дека набљудувачите од опозициските партии бараат од нив одговори каде живеат во Скопје, на која адреса, се вратиле назад и не гласале.

Токму одлуките на судот ги содржат клучните аргументи дека биле “увезени“ гласачи од Албанија, но тоа не бил основ за повторување на гласањето, туку начинот на кој набљудувачите се труделе да ја разоткријат шемата на увезени гласачи.

Даниела Антовска, судија на Управен суд

Но, кои се судиите, кои одлучија во Центар да има трет круг и кои, според образложението дадено во пресудите и изјавата на претседателот на Судот кој се повлече од функцијата, не постапувале според закон?

Претседател на Советот од петмина судии кои одлучувале за повторување на гласањето во Центар е Ана Герасимовска, избрана 2011 во Управниот суд, тогаш со стаж од неполни две години, претходно стручен соработник во Кривичниот суд во Скопје. Судијката Герасимовска има завршено Академија за судии и јавни обвинители, но три години само таа од целата генерација не беше избрана за судија. Судиско место доби откако нејзината мајка, Павлина Христова, судија во Кривичниот суд донесе осудителна пресуда за обвинетите од случајот „Пајажина“, сопственикот на А1 Телевизија, Велија Рамковски и неговите соработници.

-Судскиот совет им дава предност на надворешните кандидати за избор на судии наместо да избере 50 проценти од новите судии кои доаѓаат од Академијата за судии, како што налага законот, во декември Судскиот совет избра 27 нови судии од кои пет доаѓаа од Академија за судии. На 30 ноември 2011 година Судскиот совет ја избра Ана Герасимовска за судија во Управен суд. Таа е ќерка на главниот судија (Павлина Христова) во случајот против сопственикот и менаџерите на опозициски ориентираната А1 Телевизја- пишува во извештајот за човекови права од Стејт Департментот од 2011 година, во делот каде што е констатиран политички притисок врз работата на Судскиот совет:
Ѓоко Живковски, судија на Управниот суд

Во советот била и судијката Даниела Антовска, до 2012 година стручен соработник во тој суд. М-р Ѓоко Живковски, бил најмладиот судија во судот, избран на 2 јануари 2013 година, со претходно работно искуство во секторот земјоделство. Правосудниот испит, како услов без кој не може да се стане судија го положил во 2011 година, дипломирал во 2003 година. Тој е син на Родна Живковска, професорка на Правниот факултет во Скопје и поранешна судијка на Врховниот суд, која си поднесе оставка веднаш по изборот за судија на Врховниот суд, затоа што не ја избрале и за претседател на Судот.

Нада Иванова, според информациите од судот е во роднински врски со сега веќе екс министерка во Владата на РМ и осомничена во „Титаник“, а судијката Рахилка Стојковска беше близок соработник на екс министерот за правда Михајло Маневски, сега Советник во Градот Скопје од редовите на владејачката ВМРО ДПМНЕ.

Нада Иванова, судија на управен суд

Само мал дел од судиите во управниот суд имаат работено во судството претходно, додека другите биле државни службеници, а на овие позиции се дојдени поради блиски роднински врски со функционери од владејачката партија.

Токму ова, според извори од правосудството, ја доведува во прашање непристрасноста на судот кој одлучуваше по жалбите за локалните избори 2013 година.

Новинарот Саше Димовски кој ја следи работата на судството повеќе од 15 години, па како што вели, ги знае судиите уште пред да биде формиран судот и често ја критикува нивната работа. На почетокот на изборната кампања, уште кога одлучуваа судиите кој може да се кандидира, новинарот Димовски во неделникот „Фокус“ објави текст со наслов: „Тешко на партиите кои немаат свои судии во Управниот суд“. Тврдеше, дека токму судот има голема моќ на поинаков начин, преку одлуки да влијае на изборните резултати.

Рахилка Стојковска, судија на Управен суд

- Управниот суд беше “дефектен“ уште од самото негово формирање во 2007 година, кога, намерно или не, на граѓаните им беше ускратено правото на жалба против одлуките на овој суд. По интервенција на Уставниот суд, укинат е дел од законот и се дозволи право на жалба, а подоцна се формираше и Виш управен суд. Гледано од денешен аспект, преку последниве одлуки, некој смислено го заборавил правото на двостепеност во постапката, за одлуките на овој суд да бидат конечни-вели новинарот Саше Димовски.

Тој вели дека јавноста, овој суд го запозна сега поради одлуките за изборите, но малкумина знаат дека истите судии одлучуваат за многу важни прашања за граѓаните, почнувајќи од прашањата за денационализација, царина, даноци, градежно земјиште, катастар, пензии, и една новина каде што овие судии утврдуваат дали некој функционер е законски разрешени или не.

Сепак, според мислењето на новинарот Димовски, Управниот суд е важен за власта, и затоа не може да се зборува за независност на овој суд, а тоа се гледа преку податокот кој се избира за судија, во овој и во Вишиот суд кој одлучува по жалби.

-Првиот состав на Управниот суд, по нецели три години, пред изборите во 2011 година, експресно беше префрлен во вишиот управен суд, кој сега одлучува по жалби. Во него судат бабата на Ивица Коневски, градоначалник на Аеродром, сестрата на екс директорот на Катастарот Љупчо Георгиевски, сопругата на досегашниот Уставен судија и член на Советот на обвинители, Зоран Сулејманов.

Владејачките партии, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, во овој суд внесоа исклучиво проверени партиски кадри или роднини на функционери, бидејќи јасно е дека овој суд има многу голема моќ. Речиси нема судија кој нема близок роднина на позиција во власта- потенцира Димовски.

Најмногу реакции предизвика оставката на претседателот на судот Исамедин Лимани и неговото образложение дека судиите донеле одлуки спротивни на законот. Судскиот совет ја прифати неговата оставка и ја назначи досегашната заменичка Виолета Богојевска , да го води судот.

-Судскиот совет не расправаше за мотивите за оставката на судијата Лимани. Ние мислевме дека ја поднел од лични и здравствени причини –рече Крсте Сиваков, член на Судскиот совет.

-Оставката на претседателот на судот, секако е потег за поздравување, бидејќи ги делегитимираше одлуките на овој суд, но она што малкумина го знаат, тој е судија на Вишиот управен суд, од која позиција го раководеше Управниот суд така што, тој понатаму продолжува да суди во Вишиот суд, а дојде за судија од позиција на државен службеник во министерството за правда-вели Димовски.

Како што нагласува Димовски, во двата управни судови, судат само 7-8 судии (од речиси 40) кои биле судии и ја познаваат постапката. Сите други, се млади кадри дојдени од министерства и институции, кои имаат метеорска кариера, а претходно ретко кој имал допир со управното судство. А, тоа ги прави подложни на секакви влијанија, но најмногу политички, што се покажа со оставката на претседателот на судот.

Одлуката на управниот суд за прегласување во Центар, Струга и Ѓорче Петров го изненади и потпретседателот на Државната изборна комисија Субхи Јакупи.

-Изненаден сум од одлуката на Управниот суд за прегласување во Центар и Струга. Одлуката со која ДИК ги отфрли приговорите на ВМРО - ДПМНЕ во овие општини е донесена законски- вели Јакупи.

Поради одлуките на Управниот суд реагираше и градоначалникот на Струмица Зоран Заев, а кандидатот на опозициониот блок во Ѓорче Петров Александар Наумоски одби да учествува на третиот, препуштајќи му на неговиот против кандидат од редовите на власта да ја води општината не поред волјата на гласачите, туку според тоа како судиите гледаат на изборите.

Љупчо Поповски уредник во весникот „Утрински весник“ напиша дека : по одлуките на Управниот суд, станува нерелевантна работата на Државната изборна комисија; обичниот граѓанин ги загуби сите илузии за правна битка против некои одлуки на државата, а судството влезе во гангренозна фаза“.
-Во натамошните расправи, по приговорите на партиите членовите на ДИК едноставно треба да се прогласат за ненадлежни и целото одлучување да им го препуштат на судиите од Управен суд – тие ќе знаат како опортуно политички да одлучат. ДИК треба да се трансформира само во дистрибутер на избирачкиот материјал-вели Поповски.

„Најкритичниот проблем од областа на човековите права е неуспехот на Владата целосно да го почитува владеењето на правото што се гледа во неуспехот да се почитуваат парламентарните процедури, мешањето во судството и медиумите, селективното гонење на политичките противници и значителното ниво на владина корупција и полициска неказнивост. Покрај политичкото мешање во судството, фаворизирањето, мешањето и корупцијата ја забавуваат правдата“-констатира американскиот Стејд департмент во последниот извештај за состојбата во Македонија.

Судиите на Управниот суд, со чии одлуки се подгреаја и тензиите помеѓу Македонците и Албанците во Струга и Кичево, се избираат од страна на Судскиот совет, со неограничен мандат. Услов е да имаат претходно работно искуство од 3 години во некој административен орган.

БИОГРАФИИ НА СУДИИТЕ ОД УПРАВЕН

Најмладиот член на Управен суд е Ѓоко Живковски кој откако во 2003 година дипломирал на Правниот факултет за судија е избран во декември 2012 година, а заклетва дал на 2-ри јануари 2013 година. Тој во Управен доаѓа од функцијата раководител на сектор за општи и правни работи во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Ана Герасимовска, во Управен дошла во 2011 од функцијата виш стручен соработник во Основен Суд Скопје 1.

Даниела Антовска, до 2011 до изборот за судија била виш судски советник за решавање управни спорови во Управен суд.

Судијката Рахилка Стојковска, која му беше соработник на поранешниот министер за правда, Михајло Маневски, во Управниот суд е од 2007-ма година. Судијката Нада Иванова е во Управниот суд од 2007 година и е во роднински врски со екс министер во Владата на РМ.

Судот од 2007 до 2011 работел со релативно мал број судии, кои се зголемиле за 14 во 2011 година.

Меѓу управните судијки има и две досегашни обвинителки, вработени во општини, во катастар, адвокати, во затвори, како и поранешна пратеничка на ВМРО ДПМНЕ, Весна Јовановска, која сега е судија на Управниот суд. Анета Џигерова била соработник за постапување по претставки и предлози во Вишиот управен суд. Потоа м-р Тања Терзиева, која доаѓа од Одделение за првостепена управна постапка во Струмица. Во 2008-мата во Управиот суд биле иззбрани Снежана Трповска и Лулзим Салиу, кој Правен факултет завршил во Приштина, а доаѓа од служба во СВР Тетово.
Во 2009 адвокатката Исмета Амет е избрана на нов член на Управен суд во Скопје, како и Марта Телегравчиска, сестра на оперскиот пејач Борис Трајанов, која се префрла од функцијата државен Советник во Агенција за катастар на недвижности. М-р Едита Насковска од член на Државна комисија за жалби по јавни набавки во 2010 станува судија во Управен. Истата година, по 14 години како граѓански судија во управниот суд избрана е и Лидија Ивановска.

Кога се носеле одлуките за изборите во Центар в.д. претседател на Управниот суд станала Виолета Богојеска, која е судија во Управниот од 2010 година. Таа од 1991 до 2005 работела како стручен соработник во Стопанскиот и во Основниот суд Скопје 1. После што четири години била Регистратор на Централен регистар на РМ. Во моментов е член на Судскиот совет
Тогашниот претседтел Исамедин Лимани кој си даде оставка поради одлуките за кои сега ќе одговараат судиите, сега е судија на Врховниот суд на Република Македонија.

http://www.svedok.org.mk/mk/record.php?id=185
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Нема логика ова. Еден куп се иселени. Само судијкиве што кажаа за личниве карти има преку сто илјади измискени гласачи.

Sent from my EBM8000NBD using Tapatalk
Кај Чауш полицајците колку лични податоци најдоа?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom