Да, да, да. Почна да одговараш по штабски шаблон, за ова прашање.
"Ние моравме да ја голтнеме оваа кнедла. "
Интересно ми беше што двајца сопартијци кои не се познаваат, независно еден од друг баш вака ми одговорија, со истиот израз.
Работата е, што пораз баш и не е ситуација во која држиш 51 посто пратеници, спратови од МВР, од шлиц ти искачаат идните и сегашните судијки со кеси Сфаровски, а гласчките вреќи ти се како сопствен џеп. Ситуација во која едниот албански фактор немо посматра секоја твоја одлука, а другиот ти "е верен до смрт."
Згора на тоа, албанофилската меѓународна заедница, те притиска да ги решиш случаиве судски. А отокоа не ги послушуваш после ти праќа секоја година делегации кои ти викаат дека ќе имаш проблеми во понатамошните евро-атлански интеграции заради оваа амнестија на воени злосторства.
Али добро, што знам ја. Ако рекле у комитет да се кажува како сме морале да ја проголтаме таа кнедла, ќе голтаме, има друг кој размишља за нас.
Што сме морале да голтнеме или не е внатрепартиски муабет. Дали амнестијата е пораз? Е. Дали тој пораз менува нешто во позициите? За мене не. Имаме наследено многу потешки.
Е сега, бидејќи ептен инсистираш, и тоа не прв пат, ќе пишувам малце повеќе на таа тема. Прв и последен на форум или во јавност, бидејќи ова е комплетно внатрепартиска дебата.
Прво, да ја појаснам терминологијата. Ти имаш неколку пати кажано дека си член на ВМРО-ДПМНЕ од романтичните времиња и дека си горд на таа идеологија и тогашната матрица на партијата. Значи во текстов вие ќе биде ВМРО-ДПМНЕ од тој период со Љубчо како лидер. Однапред одбивам оградувања од најпатетичен тип. И јас и ти сме небитни, за да зборуваме во прво лице, туку сме само дел од организмот кој ја делегира моќта на врвот. Во вие, патем, е и татко ми. Ние сме ВМРО-ДПМНЕ од 2004та до денес и Груевски како фронтмен.
Вие изгубивте војна. И тоа не ја изгубивте како што раскажувате денес, туку ја изгубивте од секој можен сегмент. Воен, тактички, политички, медиумски. Буквално секаков. Се доведовте во ситуација да вашето запишување во историја како предавници стане неминовност. А ВМРО-ДПМНЕ и идејата што иде со таа партија да замине во политичкото буниште.
Ние тој пораз успеавме да го накалемиме на СДСМ. Денес ако правиш анкета, мнозинството на граѓаните веруваат дека СДСМ е виновна за поразот во 2001ва. Тоа, додуша, се должи и на Бучковски и неговиот идиотизам не само на нас, ама повторно, успеавме од партија на која и се закануваше срамен колапс да направиме политичко чудовиште. Притоа, успеавме и да ги рехабилитираме сите историски личности кои комунистите ги избришале, а кога вие пробувавте да ги рехабилитирате, истите завршуваа како уште понеприфатени. Денес, сите се во учебници по историја, како имиња на улици и училишта и со споменици по плоштади и мостови.
Вие направивте од меѓународната заедница непријател. Вие го обвинивте САД дека ве минирал, иако, да не беа тие ќе ја изгубевте и државата. Ние успеавме сето тоа да го исправиме.
Вие губевте од комуњарите кај и да стигнете. Ве влечеа за нос како мали деца. Ве насамаруваа редовно. Тешки просеци направивте да личат на богови. И денес ве насамаруваат да патетизирате заедно со нив за исселувањето на нивните деца, кои патем се најспособни во свет, и нема други како нив. И тоа ви го продадоа, денес. Вие сте тие што не забележувате со која надменост и презир во очи ве гледаат истите тие кога заедно седите на маса и ви ја продаваат нивната патетика.
Ние сме тие што им ебавме матер. Ние покажавме на сите за какви неспособни црви се работи. Ние сме тие што ги победуваат и на улица, и во институции, и на дебати, и на професионален план. Буквално секаде. Ние сме тие што ги отворивме институциите за да може во нив да влезат и вашите деца. За кои таму немаше место, затоа што немале сина крв. И кои патем не се ни малку понеспособни, само немале среќа родителите да им овозможат доволно средства да се рафинираат. Ние сме тие што ги донесовме пред самораспаѓање. Ние сме тие што им уништивме 70 годишен систем. Ние сме тие што ги натераа како најефтини курви да идат и да пушат кур за преживување. Ние сме тие што ќе ги истребиме, затоа што, за разлика од вас тие не знаат да преживеат без државни пари.
И сега, ние сме тие што ги прифаќаат и вашите порази. Ние сме виновни и за војната во 2001ва, и за амнестијата на хашките затвореници. Тоа секогаш ќе биде така, затоа и досега одбивав да го правам овој муабет на форум, и затоа и во иднина нема да го правам. И, иако не бива, сепак не сме магионичари. Од поразот никогаш нема да можеме да направиме победа. Тоа секогаш ќе остане пораз. Може само да пробаме да ги ублажиме последиците.
Тој цинизам, што толку многу ви смета кај нас, е последица на вашите порази и наивност. И јас за тоа сум ви бескрајно благодарен. Тоа е среќната околност во цела ваша несреќа. И секогаш ќе ве почитувам, иако во принцип не почитувам лузери. Какви такви, никогаш не сте биле бедни, злобни и се снајдовте да преживеете.
Значи, дали ние сме виновни за амнестијата? Да, сме. Дали за тоа планираме да се повлечеме, или да побараме оставка од Груевски? Ниту на крај памет. Ако некому му смета тоа, слободно нека не смени.