Покрај сиве овие горенаведени, една од најкомплексно организираните, а во некои литератури се спомнуват и дека е најбројна, како и навлезена во најразлични илегални дејности (дрога, оружје, органи, рекети и сите тие карактеристични работи) е италјанската КАМОРА.
Нејзин централен дел на функционирање е Неаполскиот округ (Неапол, Скампија - северен дел на Неапол и Областа Кампанија). Една од најкарактеристичните дејности со кои се занимаваа припадници на оваа организирана илегална структура е и изработката на брендирана облека во илегални објекти-погони (каде се изработува брендирана облека од најпознатите светски брендови - версаче, ДиГ и сл.) и може да се каже дека голем дел од приходите севкупно гледано кои ги стекнува КАМОРА е од овај „бизнис“.
Истотака многу карактеристично за оваа организирана структура и што делуват „многу хоризонтално“ , односно поделена е на разни ќелии кои се занимавет секоја со одделни активности, соработувет со други разни структури ширум светот.
А најинтересен ми беше податокот дека во некој од нивните „бизниси“ може да вложи секој обичен граѓанин кој сака да заработи (на начин колку вложвиш-толку добиваш), односно без официјално да си член на КАМОРА. Пр. пензионер вложуват во ќелија што сакат да транспортират и дистрибуират хероин, со што може да вложи одредена сума на пари во севкупниот влог за набавка на дрогата или да вложи со превземање одговорност, односно да понуди услуги како складирање, превоз и сл.
Многу повеќе информации се наведени во „Гомора“ од Роберто Савијано